Пет патнички автомобили и едно товарно возило се излетани од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево на потегот од Ново село до планинскиот превој Пресека. Нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета. Причините за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење према условите и состојбите на патот. СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег Охрид-Кичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За…
повеќе...Tag: кичево
Кривична пријава за кичевчанец поради обид за убиство
НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А. (56) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа Тетово. На 02.12.2016 година во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот при расправија со остар предмет му нанел телесна повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево.
повеќе...Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 14 часот и 25 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на патот за селата Колибари и Длапкин Дол. Од здобиените повреди, во општата болница во Гостивар, починал Шеза Ј.(76) од селото Колибари, кој претходно во тешка здравствена состојба од местото на несреќата, со возило на Брза помош, бил префрлен во Општата болница во Кичево. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, сакал од локалниот пат од…
повеќе...Василевски: ВМРО-ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна патна инфраструктура
ВМРО ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и на економските перспективи на нашата земја. Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните за кои ВМРО ДПМНЕ неуморно ќе продолжи со реализацијата на крупни инфраструктурни проекти. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, д-р Сашо Василевски, која се одржа покрај автопатот Охрид-Кичево. „Во тек е изградбата…
повеќе...Исчезна петнаесетгодишна девојка од Кичево
На 02.12.2016 год. во 15.50 часот во, ПС Кичево, лицето С.М. (46) од Кичево пријавил дека од 30.11.2016 година од домот во непознат правец се одалечила неговата петнаесетгодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
повеќе...Поради долг со нож повредено лице од Кичево
Вчера околу 16:30 часот во Кичево, на ул. „Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко-доверителни односи, при расправија, А.Л. (56) од Кичево со остар предмет му нанел повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево. Повредениот бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредата истиот бил препратен во Ургентен центар Скопје. А.Л. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Увид извршила екипа од НККР Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Кривична пријава за стружанец поради оштетување или повластување доверители
ПС Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (55) од Струга и против правниот субјект „Извор“ ДОО Извор-Кичево, со седиште во с.Извор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување доверители“. Пријавениот Г.М. во текот на 2014, 2015 и 2016 година во својство на одговорно лице- управител на правниот субјект ТДТК „Извор“ ДОО Извор-Кичево, склучувал договори за отстапувања на побарувањата-цесија, иако знаел дека правното лице од 15 август 2013 година станало неспособно за плаќање. Склучените договори за цесија, кои пријавениот правен субјект и одговорното лице Г.М. ги…
повеќе...Охриѓанец падна и почина во Кичево при утовар на дрва во вагон
Вчера околу 13,20 часот во Кичево на железничката станица при утовар на огревни дрва во вагон, од ТМВ„Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки паднал Д.Ј. (50) од Охрид. Со возило на ИМП бил префрлен во МЦ-Кичево, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кичево. По наредба на ЈО врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
повеќе...Пешак загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на селото Колари. Од здобиените повреди, на лице место починал С.А. од Скопје а неговата смрт е констатирана од екипа на Брза помош која пристигнала на местото на настанот. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот С.А. кој се движел до коловозот кон Гостивар, во еден момент започнал да го преминува магистралниот пат при што директно бил удрен од товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски…
повеќе...Се преврти товарно возило на патот Охрид-Кичево
На 10ти ноември околу 10.30 часот на магистралниот пат во изградба Кичево – Охрид, во непосредна близина на с.Подвис, при изведување на работи на патот се превртело ТМВ управувано од С.С. (34) од с.М.Доленци. Во незгодата истиот се здобил со повреди поради што му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, но поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР Кичево.
повеќе...