Нападната 19 годишна кичевчанка

Вчера околу 16,30 часот во ПС-Кичево, 19 годишна кичевчанка пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот додека се движела пешки кон нејзиниот дом зад неа одело непознато лице кое и се доближило и со употреба на физичка сила допирајќи ја по телото се обидел да изврши полови дејствија. Притоа се слушнале звуци во близина од кои сторителот најверојатно се уплашил и избегал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради недозволено држење на оружје

Регионален центар за гранични работи-Запад поднесе кривична пријава против М.А.(59) од Зајас-кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. На 16.07.2016 година околу 18,35 часот пријавениот во ПС за ГП Аеродром- Охрид се пријавил на излез од Р.Македонија со македонска патна исправа и швајцарски документ, а со цел да патува со авионот на релација Охрид-Базел. По извршена контрола од рачниот багаж на наведеното лице, пронајдени биле пет куршуми, од кои четири се со калибар 38 (специјал) и еден куршум калибар 38…

повеќе...

Мисајловски: Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат по планираната динамика

Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат со планираната динамика и согласно предвидените рокови, истакна денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. „Динамиката на автопатиштата во Македонија е добра. Самата бројка на градежни работници и механизација и работењето на терен може да се забележи со око и да се види дека Македонија е претворена во огромно градилиште“, рече Мисајловски. Тој додаде дека постојано се работи на автопатот од Кичево до Охрид каде на терен се ангажирани над 1.200 работници, додека за…

повеќе...

Пронајдено изгорено женско тело во Кичево

Вчера околу 15:50 часот во Кичево на ул.„29 Ноември“ во делот на „Китино кале“, случаен минувач забележал женско тело како гори. Од страна на екипа од ТППЕ-Кичево излезено било на местото на настанот и изгаснато со апарат за гасење на пожар. Лекар од Општа болница-Кичево констатирал дека телото било изгорено и дека не давало знаци на живот. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од НККР-Кичево. По наредба на ЈО телото е предадено за обдукција. Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување…

повеќе...

Христијан Тришоски ја отвора новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Христијан Тришоски (24), младиот талентиран музичар од Кичево е Македонецот кој ќе го скрши мразот на новата гламурозна сцена во студиото и ќе ја отвори новата сезона на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Имено, претстојниот викенд, во сабота на 24-ти септември со почеток во 20 часот започнува 11-тата по ред телевизиска сезона на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а честа прв да настапи на новата сцена ја има токму нашиот Христијан Тришоски. Тришоски со музика започнува да се занимава уште од петто одделение кога за прв пат…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево. Пријавениот, на 28 јули годинава, од џип со американски ознаки одзел една кожна женска ташна во која имало 9450 евра и 4720 американски долари во разни апоени, поголем број златни ланци и друг златен накит како и четири патни исправи. Кражбата се случила во ноќните часови на паркинг простор на улицата „Маршал Тито“ во близина на угостителски објект. Тогаш, пријавениот искористил згодна прилика и неовластено влеголол во патничкиот…

повеќе...

Кичевчанец си ја пријавил ќерката за исчезната

Вчера во ПС-Кичево, С.А. (55) пријавил дека на 31ви август од домот во непознат правец се оддалечила неговата 13 годишна малолетна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Во пештера во кичевско пронајдени десетици черепи

Обвинители, полиција, истражители и форезинчари се уште вршат увид откако вчера во пештера во кичевско биле пронајдени човечки черепи и коски. Од Основното јавно овинителство-Гостивар велат дека кичевската полиција добила анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река има човечки черепи, по што основниот јавен обвинител излегол на терен. Од обвинителството не го соопштуваат бројот на черепи бидејќи се уште трагаат, а поради карактеристичниот терен на пештерата, инаку меѓу народот нарекувана „Череп“, ќе треба повеќе време за да се истражи цела. Од обвинителството соопштија…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кој неовластено чувал оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.М.(17) од Кичево. Пријавениот, во семејна куќа во Кичево, неовластено чувал полуавтоматско кусо огнено оружје-пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри. Пиштолот бил сопственост на неговиот татко кој имал соодветна дозвола за поседување на огненото оружје. На 20-ти јануари годинава, при невнимателност, пиштолот испукал еден куршум, пришто, од истрелот со повреди се здобила неговата малолетна сестра. Таа, по укажаната медицинска помош…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради кражба

ПС Kичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.07.2016 година на паркинг простор од хотел во Кичево, во згодна прилика извршена е кражба во патничко возило „Џип Чироки“ кој бил незаклучен, сопственост на Б.А. и од фиоката од совозачкото место одзел една кожна женска ташна во која имало 9.450 евра во разни апоени, 4.720 американски долари во разни апоени, златен накит и четири патни исправи, со што е причинета материјална штета во висина од околу 1.000.000 денари.

повеќе...