Промовирани 15 нови книги од едицијата „Македонски дејци“

Нови петнаесет монографии од едицијата „Македонски дејци“, посветени на личности од македонската историја кои од разни причини останале помалку познати за јавноста, денеска беа промовирани во Музејот на македонската борба. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната промоција, рече дека оваа едиција на монографии има непроценливо значење затоа што придонесува кон чувањето, конзервирањето и промоцијата на историските и културните вредности што се наследени од минатото. „Монографиите напишани од еминентни македонски професори и историчари ја откриваат вистината за ликот и делото на многу македонски идеолози, револуционери, учители и водилки…

повеќе...

Охридската библиотека набави нови наслови

Од денеска членовите на Библиотеката имаат можност да изнајмуваат нови наслови. Станува збор за книгите: „Ноќта кога дојдоа сватовите“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, „Сенки од минатото“ од Лусинда Рајли, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд, „Длабоко во душата“ – од Јасмина Кадра, „Ако не те видам никогаш повеќе“ од Лаура Мартинез Бејли, „Господар на злото“ од Донато Каризи и многу други. Комплетниот список на ново набавени наслови читателите може да го најдат на веб локацијата на Библиотеката: www.bibliotekaohrid.mk. Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ поддржан од Министерството…

повеќе...

Читални со стручни книги од проектот на Владата во Аеродром, Велес и Струмица

Во општините Аеродром, Велес и Струмица ќе бидат отворени читални опремени со изданија од проектот „1000 книги“ на Владата и Министерството за образование и наука, како и со едициите што се објавуваат преку Министерството за култура. Се очекува новите три читални да почнат да работат идната година, а во договор со општините ќе бидат утврдени локациите. Ќе имаат ресурси и ќе бидат организирани како и читалната „1000 книги“ која засега е единствена, отворена во мај 2011 година во Градскиот трговски центар во Скопје. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски…

повеќе...

Нови 30 книги од „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Нови 30 дела од проектот на Владата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ беа претставени денеска, со кои досега се преведени и промовирани сто од планираните 366 дела. На денешната, петта промоција од почетокот на овој проект, беа промовирани девет наслови од историографијата, 11 филозофски дела на познати светски мислители и 10 наслови од психологија и психоанализа, а најголем број од нив првпат добиваат превод на македонски јазик. Меѓу преведените книги од областа на историјата се наслови од Мајкл Енголд, Дејан Ѓокиќ, Оливер Шмит, Ева Ане Франц,…

повеќе...

Македонија на Меѓународниот саем на книгата во Софија

Република Македонија со свој штанд ќе учествува на 43. Меѓународeн саем на книгата во Софија, кој ќе се одржува од 8-ми до 13 декември. Организатор на претставувањето на македонската литература во бугарската престолнина е издавачката куќа „Македоника литера“. На саемот ќе бидат претставени современата книжевна продукција, културната историја и културното наследство на Македонија, преку избрана продукција на белетристички, монографски, научни и репрезентативни изданија, со разновиден рекламен материјал и со видеопрезентација. На штандот на РМ ќе бидат претставени најновите преводи од македонски на бугарски јазик кои се реализирани преку Конкурсот на…

повеќе...

Промовирани нови 14 наслови од проектот за превод на 1000 стручни и научни книги

Нови 14 наслови од проектот Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на 10-те најдобро рангирани универзитети во светот од областа на природно-математичките науки, право, економија, електротехнички, телекомуникациски и компјутерски науки и енергетика денеска беа промовирани, со што вкупно 933 наслови се преведени, отпечатени и промовирани од почетокот на проектот во 2009 година. Премиерот Никола Груевски на промоцијата на новите книги истакна дека овој проект, кој е проширен на 1.200 наслови, е меѓу капиталните со кои Владата инвестира во образованието, знаењето, науката, младите и иднината…

повеќе...

Нови 15 наслови поддржани за превод од странски издавачи

Уште 15 дела од 14 македонски автори ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи преку Конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи. Комисијата прифатила 15 од 17 апликации кои пристигнале на отворениот конкурс од септември годинава. За превод на новоодобрените наслови се наменети 1.822.800 денари. Нив ги избра Комисија во состав Нове Цветановски (претседател), Виолета Димова и Енвер Беќири (членови), а резултатите денеска на прес-конференција ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На српски јазик ќе бидат преведени пет книги: „Deus Ludens или кратка географија на теуругијата“ од…

повеќе...

Промовирани нови 14 наслови на универзитетски книги преведени и објавени на албански јазик

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на промоција на 14 нови наслови на универзитетски книги преведени и објавени на албански јазик. Новите наслови кои се промовираа во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците се од областа на туризмот и бизнис логистика , визуелните уметности, природно-математичките науки, транспорт и телекомуникации, и механички и електротехнички науки. Во оваа пригода Адеми рече дека важноста и улогата на книгата отсекогаш биле скапоцени и незаменливи. Внатрешноста на секоја книга во себе ги чува најголемите богатства кои ги создава…

повеќе...

Национален ден на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт

На штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт утре ќе биде организиран национален ден, насловен „Дожд од зборови“, на кој ќе бидат претставени четворица афирмирани македонски автори – Митко Маџунков, Венко Андоновски, Блаже Миневски и Кица Колбе. За нивното творештво пред посетителите на македонскиот штанд ќе говори Бенјамин Лангер, македонист и професор на Универзитетот во Берлин, а извадоци од нивниот книжевен опус се застапени во каталог кој ќе биде достапен и во електронска форма. Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ), со поддршка на Министерството за…

повеќе...

Промовирани нови наслови од три книжевни проекти

Нова книжевна едиција промовираа денеска Владата на РМ и Министерството за култура – Антологија на светската поезија, која ќе има пет тома со 150.000 стихови од околу 400 поети. Претставен беше првиот том кој ги опфаќа најстарите поетски творби на човештвото – од Месопотамија во 20 век п.н.е до стар Рим, 4 век од наша ера. Нова книжевна едиција промовираа денеска Владата на РМ и Министерството за култура – Антологија на светската поезија, која ќе има пет тома со 150.000 стихови од околу 400 поети. Претставен беше првиот том кој…

повеќе...