Меморандум за меѓусебна соработка за зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св.Климент Охридски“ денеска потпишаа министрите за труд и социјална политика и за култура, Диме Спасов и Елизабета Канческа-Милевска со Националниот сојуз на слепи лица на Македонија, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид, Клубот на оратори и со претставници на националните телевизии и радија. Министерот Спасов се заблагодари за подршката на партнерите потписници на меморандумот, МРТ, Канал 5, Сител, Аласт М, 24 Вести, Сити радио, Клуб…
повеќе...Tag: книги
Наградата „Книжевен Светилник“ за поезијата на Пере Ристески
На конкурсот од издавачката куќа Дата Песнопој од Битола, за необјавена збирка песни, необјавен роман и необјавена збирка раскази од 47 ракописи на македонски јазик, 2 ракописи од Република Србија и 1 од Република Бугарија, во категоријата поезија необјавената стихозбирка „Во преграб на мигот“ од Пере Ристески ја освои наградата „КНИЖЕВЕН СВЕТИЛНИК“. Во оваа негова трета стихозбирка, Ристески се јавува со еден двојно камерен лирски циклус: првиот – сите песни се катрени, и вториот – целата збирка е составена од 25 посебни песни поделени во три целини: Еден бистар, проѕирен…
повеќе...Нови 12 наслови од проектот за превод на книги од врвни универзитети
Дванаесет нови наслови од медицината, економијата, правото и природните науки денеска беа промовирани на 50. јубилејна промоција од проектот „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети. Со преводот на најновите наслови, досега вкупно се преведени 845 книги, а до завршување на проектот остануваат да се преведат уште 155. „Означувањето на јубилеј – 50-та промоција на книги во рамките на овој проект, доволно говори за капиталот на знаење и литература која во сите овие години, од 2009 година кога е…
повеќе...Промовиран романот „Децата од градот“ од авторката Евда Попоска
Во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денес беше промовиран романот „Децата на градот“, од авторката Евда Попоска. Евда Попоска е роднокраен автор, а во моментов живее и твори во Струга. Скоро целиот свој работен век го поминува во културата, долго време како библиотекарски работник, а потоа во Домот на културата во Струга чиј успешен раководител беше десетина години. „Кога пишувам книги, задоволството е тоа што излегувам од секојдневието. Се внесувам во една фантазија, каде што сакам јас да се најдам. Кога ќе излезе тој текст од…
повеќе...Во охридската библиотека утре ќе биде промовиран романот „Децата од градот“ од Евда Попоска
Утре (вторник) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде промовиран романот „Децата од градот“ од авторката Евда Попоска. Евда Попоска е роднокраен автор, а во моментов живее и твори во Струга. Скоро целиот свој работен век го поминува во културата, долго време како библиотекарски работник, а потоа во Домот на културата во Струга чиј успешен раководител беше десетина години. Во современата македонска литература се појавува во 1992 година со романот „Филомена“ кој наиде на многу добар прием кај читателите и критиката, заради што доживеа и второ издание кое…
повеќе...Промовирани првите две книги од едицијата „Македонски дејци“
По повод Денот на македонската револуционерна борба и 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација, Министерството за образование и наука денеска промовираше нова едиција „Македонски дејци“ и првите две нејзини книги посветени на двајца револуционери – Христо Чернопеев и Георги Кулишев. За двете изданија и архивските истражувања за нив Министерството за образование и наука обезбеди околу половина милион денари. Автори се проф. д-р Никола Жежов од Институтот за национална историја и доц. д-р Мирјана Нинчовска од Музејот на Македонија. Целта на едицијата, во која се планирани книги за уште…
повеќе...Глориа Петреска добитник на прва награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“
Глориа Петреска, ученичка во VIII одделение при ОУ „Братство Единство“ – Охрид ја освои првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“ и ќе го претставува градов на Републичкиот натпревар кој годинава ќе се одржи во Неготино на 25 октомври. На Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2013“, кој традиционално секоја година го одржува Библиотеката, годинава учествуваа 19 ученици од 9 основни училишта во градов: „Ванчо Николески“-Лескоец, „Григор Прличев“-Охрид, „Живко Чинго“-Велгошти, „Христо Узунов“ – Охрид, „Кочо Рацин“-Д.Лакочереј, „Св.Климент Охридски“ – Охрид, „Кочо Рацин“ – Охрид, „Братство Единство“ – Охрид, „Св.Наум Охридски“ –…
повеќе...Во вторник ќе биде промовиран романот „Светиот завет“ од Томислав Тунтев
На 15-ти октомври, вторник, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 19:00 часот свечено ќе биде промовиран романот „Светиот завет“ од Томислав Тунтев. Романот „Светиот завет“ претставува пишано сведоштво за луѓето што оставиле траен белег во животите на охриѓани, за судбините на охриѓани и за градот. Промоцијата е продажна – единствена можност книгата да се набави по промотивна и популарна цена, половина од нејзината редовна продажна цена. Продажбата има хуманитарен карактер, дел од приходите се наменети во хуманитарни цели за Црвен крст.
повеќе...Претставници на Руската амбасада во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
Во посета на НУ Библиoтека „Григор Прличев“ – Охрид беа Константин Берсенев – заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Руската федерација на РМ и господинот Александар Алексиев – раководител на секторот за култура во Руската Амбасада. На средбата, Директорот на Библиотеката и гостите, разговараа за воспоставување на културна соработка меѓу секторот за култура при Руската амбасада и Охридската библиотека. Токму овој сектор во иднина би бил посредник во организирањето и одржувањето на повеќе културни настани меѓу двете земји преку кои ќе се негуваат културата, јазикот, обичаите и традицијата на…
повеќе...Охридската библиотека ќе им даде подарок на пензионерите кои утре ќе изнајмат книга
По повод Празникот на пензионерите, 20-ти септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, одлучи да им подари по еден наслов на сите пензионери кои во текот на утрешниот ден ќе изнајмат книга од Библиотеката.
повеќе...