Скопјанец со “фалс“ платежна каричка си купил таблет компјутер

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот сторил кривично дело “изработка и употрба на лажна платежна картичка”. Имено пријавениот во текот на септември 2012 година нелегално прибавил банкарски податоци од вистински странски платежни картички, односно од носителите на платежните картици, со кои извршил нелегална трансакција на македонска интернет страна која нуди онлајн продажба. Пријавениот притоа купил компјутерска опрема со што се стекнал со против правна имотна корист од 29.980 денари. Имено…

повеќе...

Јонгис – софтверски и хардверски решенија

Јонгис е компанија во приватна сопственост, формирана во 1991 во Охрид, Македонија. Од своето основање компанијата нуди софтверски и хардверски решенија и услуги за здравствени установи, институции за високо образование, мали и средни претпријатија и корпорации на пазарот во Македонија и регионот. Низ годините Јонгис има развиено софтверски решенија кои ги користат голем број компании во различни индустриски сектори, вклучувајќи: производство, здравство, угостителство, образование, малопродажба, големопродажба и дистрибуција итн. Портфолиото на Јонгис го сочинуваат апликации и софтвер меѓу кои спаѓаат и следниве: финансии, хотел менаџмент, човечки ресурси и плати, Point…

повеќе...

Ивановски: Ваучери за таблет подигнале 5.161 студент, рокот истекува утре

Студентите уште утре од факултетите каде студираат можат да подигнат ваучери од 8.000 денари за набавка на таблет со тастатура што се доделуваат преку проект на Владата. До вчера 5.161 студент ги подигнале ваучерите, а тоа треба да го направат уште 80 избрани преку конкурсот што го спроведе Министерството за информатичко општество и администрација. Од вкупно пријавените 7.290 студенти на конкурсот 5.273 ги исполнија условите да добијат ваучер. Одбиени се 1.797 кај кои е утврдено дека родителите имале повисоки приходи од утврдените со конкурсот, како и 368 кои не го…

повеќе...

Кривична пријава против правно лице од Дебар поради користење нелиценциран софтвер

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Професионал-ПЦ“ како и против управителката А.С. (54) од Дебар. Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите на фирмата лоцирана на улицата „Братство Единство“ во Дебар, констатирано е дека во текот на 2014 година, на два компјутери е инсталиран и користен туѓ и нелиценциран софтвер на Windows 7, заштитен со патент од фирмата…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Дебар поради инсталирање на нелиценциран софтвер

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(31) од Дебар. Пријавениот, во текот на 2014 година на улицата „Атанас Илиќ“ во бизнис комплексот „Мимоза“ во Дебар, без регистрирана фирма и дејност, го отворил интернет клубот „Ајдини“ каде користел 10 компјутери. Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите, констатирано е дека на два комјутери е инсталиран нелиценциран софтвер на Microsoft т.е. на…

повеќе...

Предавање на тема „Безбедно на инернет“ во ОУ „Христо Узунов“

Во рамките на Проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ во ОУ „Христо Узунов“ –Охрид, одделенскиот раководител Славица Настоска од V-3 одделение во соработка со психологот од училиштето, организираше активност – предавање од родителот Марија Гогова на тема Безбедно на интернет. Целта на ова едукативно предавање беше да се подигне свеста кај учениците за правата на децата на интернет помеѓу самите ученици и во комуникацијата со другите. Родителот кој е информатичар по професија, ги истакна придобивките од користењето на интернетот, местата каде можат да најдат интересни и корисни содржини,…

повеќе...

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.1% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 59.3% од деловните субјекти. 60.7% од деловните субјекти на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба, но само 10% одвработените во деловните субјекти ги користеле овие уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone).  Социјалните медиуми (пр.,…

повеќе...

Доделени дипломи за завршен веб-курс на ученици од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, ученицитена возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање, како опција повеќе при нивното идно вработување. Основната цел на курсотсо работен наслов „Learn the web“бешеоспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор…

повеќе...

Организирана 10 члена група успеале “онлајн“ да украдат 95.609 долари и 99.000 евра

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал при МВР по претходно спроведена истрага, ја реализираше оперативната акција “Компас“ во којашто е разбиена десетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности поврзани со изработка на лажни веб страници – фишинг и кражба на податоци од платежни картички и банкарски податоци со цел вршење на нелегални трансакции. Притоа, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против десет лица за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„ по…

повеќе...

Промовиран проектот „Компјутери за социјално ранливите групи”

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Претседателот на ИКТ комората при Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија, Саша Огненовски го промовираа проектот “Компјутери за социјално ранливите групи”. ИТ-компаниите, преку ИКТ-коморите ќе обезбедат бесплатно репарирање и подготовка на опремата за натамошно користење. „Владините институции, компаниите и граѓаните кои имаат застарени компјутери или компјутерска опрема која не ја користат, ќе можат да ја отстапат бесплатно на социјално ранливите групи”. –рече министерот Ивановски. Тој истакна дека станува збор за концепт со кој дополнително ќе се намали дигиталниот јаз меѓу…

повеќе...