Во просториите на Царинска управа во период од 18 – 19 јуни 2014 година, се одржа пред – мониторинг мисија на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС). На истиот присуствуваа експерти од Европската комисија – DG TAXUD и Делегацијата на Европска унија во Република Македонија. Пред експертите беа одржани презентации од проектниот тим на НКТС, при што претставен беше напредокот на системот од почетокот на неговата имплементација на национално ниво до сега. Беа остварени посети на граничниот премин Табановце и царинската испостава Скопје 1 каде практично беше прикажано започнување и завршување…
повеќе...Tag: компјутер
Презентиран новиот софтвер на „ПИСИ“ – „ПИСИ-ПЕДИЈА“
Денес во просториите на Образовниот Центар „ПИСИ“ се презентираше единствениот проект „Писи-Педија“- интернет софтвер, генератор на бесконечен број на комбинации на тестови, прашања и одговори по предметите од редовната училишна настава, според програмите на Б.Р.О на Р.Македонија и пошироко со посебен нагласок на Е-Математика. „ПИСИ-ПЕДИЈА“ – генератор е плод на повеќе од 20 годишно огромно, непрекинато практично искуство на авторите на полето на: Информатиката, Програмирањето, Наставата по: математика, програмирање, физика, Педагогија, Психологија, Работа со талентирани, Законодавството. „Оваа презентација го претставува новиот софтвер на ПИСИ, таа е ПИСИ-ПЕДИЈА. Има две карактеристики,…
повеќе...Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ
На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“. Бидејќи една од главните карактеристики на УИНТ е мултикултурната средина и разновидност, една од главните цели на овој настан е подигањето на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите, следејќи го примерот на УИНТ. На мултикултурниот ден повеќе од 20тина претставници од ги презентираа особеностите на земјите од каде доаѓаат, започнувајќи од традиционалните обичаи, нивниот јазик, храна, музика, танц и традиционална облека. Своите особености ги презентираа студентите и професорите на…
повеќе...Македонскиот кириличен домен .мкд регистриран во ICANN
Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN) го објави успешното завршување на регистрацијата на предложениот интернационален кириличен домен за Македонија (.мкд). Извршниот директор на ICANN, Фади Шехаде, му честита на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, за регистрацијата и му посака успешна промоција и афирмација на доменот во меѓународниот интернет простор. Со националниот домен (.мкд) отсега ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо, односно ќе бидат опфатени карактеристичните букви од македонската азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш и Џ.…
повеќе...Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“
Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“, со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“. 130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…
повеќе...Маратонците ќе програмираат 32 непрекинати часа на „Codefest 2014“ програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“
Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички…
повеќе...Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства
Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при…
повеќе...Codefest 2014 – Програмерски маратон во Охрид по втор пат
И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот,…
повеќе...Одржана конференција на тема „Правните аспекти на говорот на омраза на Интернет“
Омразата ја има во сите сфери, но прашањето е, дали интернетот ја поттикнува со самото тоа, што им дозволува на луѓето полесно да ја искажат, велат правниците. На денешната трибина на Студентскиот парламент, посветена на оваа тема, професорот на Правниот факултет, Драги Рашковски, рече дека истражувањата покажуваат дека речиси секој трет пост на фејсбук содржи говор на омраза. „Без разлика дали тоа е таканареченото хејтање, во врска со нечија гардероба или настап, па се до највисокиот чин, ширењето на расна и верска омраза, сето тоа содржи говор на омраза“, – вели…
повеќе...Универзитетот „Св.Апостол Павле“ и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка
Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Примарната цел на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните…
повеќе...