Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (34) од Скопје, сопственик на туристичка агенција „НОА Травел“ Доо Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б ст.1, предвидено и казниво по Кривичниот Законик на Р.Македонија. Пријавената со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, при што во мај 2012 година на продажно место од туристичката агенција „НОА…
повеќе...Tag: компјутер
Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ќе биде сместен во реконструираните објекти од касарната
За година или најдоцна за година и шест месеци, Државниот Универзитет „Св. Апостол Павле“ ќе биде преместен на делот од просторот од охридската касарна што од Министерството за одбрана беше предадено во сопственост на министерството за образование . Првата фаза за реконструкција и санација на објектите од касарната во кои ќе биде сместен факултетот за информатички науки и технологии започнуваат наредниве денови, најави министерот за Образование Спиро Ристовски, кој беше во еднодневна работна посета на Охрид и на терен согледуваше до каде се реализирани проектите кои во делот на…
повеќе...Извршена тешка кражба во ОУ „Зини Хани“ во Велешта
На 31.01/01.02.2014 година во времето од 18:00 до 13:00 часот во с.Велешта – Струга, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба во ОУ „Зини Хани“, при што биле одземени 14 монитори за компјутери марка „Хаиер“ и две куќишта од компјутер марка „Хаиер“. Имено, сторителите насилно отвориле еден од прозорците на училницата и влегле внатре, по што ги одзеле компјутерите и мониторите и заминале во непознат правец. Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица – Струга и се…
повеќе...PRV.mk мобилна апликација за информации за вработување и пракса
Пракса, работа и волонтирање PRV.mk е првата мобилна апликација наменета за млади, на која можат да се најдат информации за вработување, стекнување работно искуство, волонтирање, но и за активните мерки и обуки за вработување. „Денеска промовиравме една алатка со која што на младите невработени лица ќе им се овозможи брз пристап информациите за слободните места на пазарот на трудот. Не случајно тргнавме од девизата „од информација до кариера“. Идејата е да им помогнеме на младите преку и со информација да започнат кариера. Токму затоа промовираме една многу интересна и комуникациска…
повеќе...Студенти од Св. Апостол Павле креираа мултифункционална бесплатна Android апликација
Студентите од „Свети Апостол Павле“ Универзитетот за информатички науки и технологии изработија мултифункционална Android апликација за паметни телефони и таблети, наменета за потребите на Техномаркет. Оваа апликација ќе им овозможи на потрошувачите лесен и едноставен пристап до сите услуги на најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Креаторите на победничката апликација беа наградени со Самсунг галакси таблети од Техномаркет. „Успех за сите студенти е кога своето теоретско знаење ќе го пренесат во изработка на практични проекти наменети за компании од различни индустрии. Изработката на Андроид апликација претставуваше…
повеќе...Студентите од УИНТ „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација
Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација за паметни телефони и таблети за најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Овој натпревар го организира компанијата Техномаркет а за најдобриот тим ќе издвои Самсунг таблети. Тимовите на студентите своите проекти ќе ги презентираат пред тимот на Техномаркет, на 24ти јануари (петок), во 10:30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот.
повеќе...Сарачини: Наскоро регистрација на компании само по електронски пат
Во Македонија наскоро ќе може да се регистрира нова фирма само по електронски пат преку регистрациски агент и без надомест, а хартиеното поднесување на пријави и барања за регистрирање фирма ќе оди во историјата. Тоа ќе го овозможат измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва што Министерството за економија во наредните денови ќе ги достави во владина процедура. „Со измените, покрај регистрирање фирма само по електронски пат се предвидува и целосно укинување од употреба на официјалниот печат, како и лицата кои ги немаат платено придонесите, даноците и царинските давачи…
повеќе...Ивановски: Стимулирање широкопојасен интернет преку нов закон за електронски комуникации
Стимулирање на користењето побрз широкопојасен интернет, иновации, слобода на изразување, отворање нови работни места и натамошен развој на телекомуникацискиот пазар, најавува Министерството за информатичко општество и администрација со нов закон за електронски комуникации, чија работна верзија ја презентира денеска. „Основата за натамошен развој во информациско комуникацискиот сектор, а со тоа и на целокупната економија во државата е развојот на следните генерации електронски комуникациски мрежи и услуги, а особено на широкопојасниот интернет“, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во обраќањето на јавната расправа за новиот закон. Според податоците…
повеќе...Школа за сајбер одбрана – Заштитата во Македонија на потребното ниво
Состојбата кај интернет заштитата во Македонија е на потребното ниво, но имајќи го предвид технолошкиот развој и новите системи што се ставаат во функција, ќе имаме потреба од подготовка и примена на безбедносните мерки, оцени министерот за одбрана Талат Џафери. На отворањето на НАТО регионалната школа за сајбер одбрана што од денеска до 26-ти овој месец се одржува во Охрид во организација на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и Правниот факултет од Љубљана, Џафери истакна дека се обучува кадар кој може да ги користи новите технолошки достигнувања. „Напредокот на информатичката…
повеќе...Со воведување интегративни системи Општина Охрид ќе создаде поефикасна администрација
Неопходно да се спроведе до обука на поголем број нестручно вработени лица во охридската општинската администрација преку системите кои ги има направено Министерството за информатичко општество и администрација. Идната недела ресорното министерство ќе испрати активни лица кои ќе и помогнат на општината да ги обучи луѓето кои работат на компјутерскиот систем во Локалната за да можат да ја инсталираат новата опрема по што ќе се направи и првична обука на вработените во Општината , беше истакнато по работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за информатичко општество и администрација,…
повеќе...