Благодарници за учениците кои освоија медали на Балканската и Интернационалната олимпијада по информатика

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денес им доделија благодарници на македонските средношколци, кои освоија еден сребрен и два бронзени медали на 21-та Балканска олимпијада по информатика во Сараево, како и на учениците кои се вратија со бронзен медал од 25-та Интернационална олимпијада по информатика во Бризбејн, Австралија. Климент Серафимов, Бојан Серафимов, Васил Кузевски, Филип Беџовски и Росица Дејановска, се натпреваруваа со свои врсници од 10 балкански земји и го постигнаа најголемиот успех за Македонија од областа на…

повеќе...

Општина Дебарца распишува јавен оглас за бесплатна обука со компјутери за почетници

Врз основа на член 50 од законот за локална самоуправа, градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски распишува Јавен оглас за бесплатна обука со компјутери за почетници. Кандидатите кои се пријавуваат на јавниот оглас треба да достават копија од лична карта и контакт телефон. Заинтересираните потребната документација да ја достават до Општина Дебарца со назнака „за јавен оглас“. Јавниот оглас ќе трае 5 дена од денот на објавувањето. На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат, со што ќе се стекнат со соодветни сертификати. По завршување на јавниот оглас, пријавените кандидати ќе бидат…

повеќе...

Објавен огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица и спроведувањето на ново анкетирање на активни и пасивни невработени. „Еден од приоритетите на Владата на Р.Македонија е превземање на конкретни мерки за подобрување на вработливоста на невработените и нивно вработување, преку оперативниот план за вработување и  активните мерки, се реализираат и обуки со кои на невработените лица ќе им се овозможи надградба на вештините од областа…

повеќе...

Ивановски го промовираше проектот Е-потсетник

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес го претстави проектот Е-потсетник, како систем во облик на веб базирано решение, кој им овозможува на граѓаните добивање информации за услуги од различни институции. Со проектот Е-потсетник на веб апликацијата www.e-potsetnik.mk, се воведува систем кој преку СМС пораки и електронска пошта, ќе испраќа известувања, односно потсетници до граѓаните и фирмите во случаи: на наближување на рокот на важноста на одредени документи, кога бараниот документ е подготвен, при воведување на нови услуги и други слични случаи. „Станува збор за автоматизирано праќање на…

повеќе...

Околу 220 општински службеници проследија дополнителна обука за користење на софтверскиот систем за издавање на е-дозволи

Oколу 220 службеници од локалната власт, учествуваа на дополнителна обука, што ја организираше ЗЕЛС, за користење на софтверскиот систем за водење на електронска постапка за издавање на одобрение за градење. Обуката претставува дел од континуираната поддршка што ЗЕЛС им ја дава на своите членки на патот на обезбедување на епитетот „Е- општина“. Обуката се одржа на 12, 13, 16 и 17 септември, 2013 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на која беа повикани претставниците од сите општини кои работат на постапките за издавање на одобрение за градење, односно службениците…

повеќе...

Во Охрид се одржува 5-тата интернационална конференција „ICT Innovations 2013“

Од 12-ти до 15-ти септември 2013 година, во Охрид, под покровителство на претседателот на Р.Македонија и градот Охрид, се одржува 5-тата интернационална конференција „ICT Innovations 2013“. Конференцијата е во организација на асоцијацијата ИКТ- АКТ која обединува поголем дел од универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија. Конференцијата е подржана од сите поголеми универзитети во Р. Македонија, и спонзорирана од поголем број на меѓународни ИКТ компании. Главна тема на конференцијата оваа година се ИКТ иновациите во образованието. Оваа конференција е единствена меѓународна конференција од областа на техничките науки која…

повеќе...

Владата на граѓаните им овозможува бесплатни обуки за работа со компјутери

Владата на Република Македонија одлучи да спроведе една поширока активност чија цел е зголемување на информатичката писменост за граѓаните на нашата земја како чекор кон подобрување на нивната конкурентност и способности. Имено, се работи за реализација на два посебни проекти, од кои првиот е организирање на бесплатни обуки за основна информатичка работа за сите категории граѓани за зголемување на нивната информатичка способност и писменост, а вториот е организирање на обуки за стекнување на напредни вештини за категоријата невработени лица чија цел е подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот…

повеќе...

Усвоени законски измени со кои се олабавува водењето електронски дневник

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата на Република Македонија на минатата седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за просветниот инспекторат. Измените во законот се позитивен резултат произлезен од социјалниот дијалог помеѓу Владата и Министерството за образование и наука од една страна и Синдикатот на просветните работници, односно директно излегување во пресрет и позитивно прифаќање на идеите на синдикатот, и со нив во обостран интерес се регулира материјата во врска со постапувањето со водењето на електронскиот дневник и значат…

повеќе...

Обуки за содржини на македонски јазик на Википедија

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски неодамна го посети интернет клубот во Скопје, каде што се одржуваат бесплатни обуки за изработка и објава на содржини на Википедија. Министерството за информатичко општество и администрација ги организира бесплатните  обуки за изработка и објава на содржини на Википедија со цел да се зголеми бројот на статии на македонски јазик на Википедија и промовирање на оваа глобална интернет енциклопедија. Преку обуката, учесниците се запознаваат со значењето на Википедија, но и преку практични примери се обучуваат како може самите да изработуваат и објавуваат…

повеќе...

Компјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија

Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид, денес се одража предавање на тема „Kомпјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија”  од страна на проф. д-р Александре Матов,  научен истражувач од лабораторијата на проф. Параскеви Џанакаку од Weill Cornell Medical College при Cornell University од Њу Јорк, САД,  исто така и насловен доцент во областа Биотехнологија при Универзитетот. На ова предавање се презентираше проектот за развој на компјутерски базиран алгоритам кој што со висока точност детектира циркулирачки малигни клетки во крвта на…

повеќе...