Елколект ДОО во периодот од 4ти Септември 2017 до 31ви Октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Охрид да учествуваат во акција за ослободување на своите електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер). Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Охрид станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се…
повеќе...Tag: комуналец
Се чистеше во с. Завој и патот кој води до него
Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување во с. Завој, како и патот кој води до него. Се косеше тревата по страните и се кастреа трњето покрај патот и неуредната вегетација, со цел да се зголеми прегледноста и безбедноста за возилата.
повеќе...Се чистеше Античкиот театар и во Велгошти
Се чистеше Античкиот театар после синоќешниот концерт, согласно договорот со продукциската куќа. Отпадот беше уредно собран и подигнат со возило на ЈП „Охридски Комуналец”. Друг дел од екипите, покрај тековните активности и зголемениот обем на работа, беа активирани на косење, чистење и уредување во с. Велгошти и улиците кои водат кај црквата Св. Петка, а во вечерните часови после завршување на турнирот ќе се изврши и миење на истите улици со специјално возило на претпријатието.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ организира средби со претседателите на урбаните заедници
ЈП „Охридски Комуналец“ оствари средба со претседателите на урбаните заедници: „Стар град“, „Центар“, „Кошишта“, „Билјанини извори“, „Горна Влашка маала“, „Воска“, „8-ми Септември“, „Видобишта“, „Радојца Новичиќ, „15-ти Корпус“ и „Рача“. Претседателите директно се запознаени со проблемите во урбаните заедници кои ги претставуваат. Целта е истите да бидат тековно решени од страна на ЈП „Охридски Комуналец“, во согласност со можностите. Ваквите средби ќе продолжат во наредните денови со останатите урбани и месни заедници.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ со реакција на соопштението од СДСМ
ЈП „Охридски Комуналец“ испрати реакција во врска со соопштението од СДСМ Охрид. „Иако од СДСМ – Охрид многу добро знаат што направија и што оставија во јавното претпријатие Охридски Комуналец – Охрид, сепак да ги потсетиме: – Задолжение по основ на хипотекарен кредит во банка, кој беше еднаш репрограмиран и не беше враќан, а дополнително беше оптеретен и со затезна камата. Ваквата состојба можеше да доведе до губење на дел од имотот на ова претпријатие; – Судски извршни решенија, кои од ден на ден се зголемуваа, како завршуваа постапките; –…
повеќе...СДСМ: Скрческа одлучи да замине во пензија во екот на туристичката сезона
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во екот на туристичката сезона, досегашната директорка на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, одлучи да замине во пензија, со што претпријатието останува без менаџмент во време кога тоа му е најпотребно. Со повлекувањето од функцијата Скрческа зад себе остави катастрофална состојба со одржувањето на хигиената во градот. Од друга страна, новиот в.д. директор на „Охридски Комуналец“ Александар Китески кој доаѓа од општинскиот инспекторат, воопшто не е запознаен со начинот на кој функционира комуналното претпријатие, а во услови на…
повеќе...Се расчистува магистралниот пат до Подмоље
Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес од раните утрински часови спроведоа акција за расчистување на магистралниот пат, на потегот од излезот на градот (кај петљата), се до с. Подмоље. Ангажирани беа 4-ца работници и беа собрани големи количини на разновиден комунален отпад.
повеќе...Комуналниот отпад ќе се подигнува во шест часот наутро
ЈП „Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од денес 01.07.2017 година комуналниот отпад ќе го подигнува со почеток во 06:00 часот. „Граѓаните се должни комуналниот отпад да го изнесат до 06:00 часот во деновите определени за подигнување на сметот на местата одредени за таа цел.“– велат од претпријатието.
повеќе...Запалени контејнери кај Лабино
Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец” повторно затекнаа два комплетно изгорени контејнери, овој пат кај плажата Лабино. Овие контејнери се користеа од страна на угостителските објекти на потегот од Св. Софија до Канео. Од претпријатието апелираат да не се уништуваат јавните добра и јавната опрема, затоа што ако се продолжи, истите ќе бидат повлечени од употреба.
повеќе...Се подготвува теренот за новиот дрворед на тротоарите на „Туристичка“
Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со подготовки на теренот за засадување на новите дрва на тротоарите на бул. „Туристичка“. „Заради дотраеноста на стариот дрворед кој претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите и предизвикуваше оштетување на бетонот, старите дрва беа отстранети и ќе бидат заменети со нови садници од сортата „јасен“ и „јавор“, на кои корените им одат во вертикала и нема да предизвикуваат пукање на асфалтот на тротоарите.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...