Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини. Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад. Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.
повеќе...Tag: комуналец
Се расчистуваат плажите
ЈП „Охридски Комуналец” започна со темелно расчистување на плажите на Охридското крајбрежје кои не се дадени под концесија. Во текот на денешниот ден беше расчистена Градска плажа и плажата во нас. Лагадин, каде што беа подигнати големи количини на трска, пластични шишиња и друг комунален отпад. Во наредните денови акциите ќе продолжат во Пештани и во Трпејца.
повеќе...Генералка во Лагадин
Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата Лагадин. „Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата, и се беше уредно собрано и депонирано од страна на работниците.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Во среда акција за подигнување кабаст отпад во Коњско и Елшани
ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Елшани и с. Коњско. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Расчистување на крајбрежјето
Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од раните утрински часови се ангажирани на расчистување на крајбрежјето во центарот на градот кај хотелот Палас. Активирана е комбинирана машина за отстранување на големи наноси на песок и муљ од кејот.
повеќе...Утре ќе се подигнува кабаст отпад во Пештани
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во Пештани. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
повеќе...Улицата „Питу Гули“ еднонасочна!?!
Улицата „Питу Гули“ е еднонасочна!?! Не е, но овој знак веќе денови наназад ги збунуваше возачите. Станува збор за сообраќајниот знак „Забрана за сообраќај во една насока“, кој кога го гледате од кружниот тек помеѓу улиците „Сирма Војвода“ и „Јане Сандански“ делува како да е забранет приодот кон улицата „Питу Гули“. Утрово, по укажувањето од нашиот фоторепортер, а благодарение на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои се најдоа на лице место, овој знак беше вратен во неговата првобитна положба. WebOhrid
повеќе...Се расчистува полигонот за мали спортови
Поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, кој е во сопственост на ГП „Гранит”, по барање на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг-просторот беше темелно исчистен. Екипите собраа големи количини на расфрлан комунален отпад, пластични шишиња, картонска амбалажа, искршени стаклени шишиња и др.
повеќе...Ставени во употреба подземните контејнери
ЈП „Охридски Комуналец” ги пушти во употреба првите три подземни контејнери во оваа општина, лоцирани кај паркот во централното градско подрачје. Контејнерите се со капацитет од 3 метри кубни, и ќе овозможат осовременување на системот за складирање, селектирање и подигнување на комуналниот отпад, како и поголема комунална хигиена особено во летниот период кога има поголема фреквенција на движење и се генерираат поголеми количини на отпад. Граѓаните кои ги користат овие контејнери треба да го селектираат отпадот. Во нив треба да се депонира само комунален отпад, додека хартијата треба да се…
повеќе...Се обновуваат садниците во градскиот парк
Денес дел од вработените во „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на обновување на садниците во паркот кај градскиот плоштад. „Се вршеше замена на изгазените и оштетени од студеното време садници, и засадување на нови садници од цветниот расад виола, или народски „очиња”.“- информираат од претпријатието.
повеќе...