Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” направија акција за расчистување на коритото на река Сушица, на потегот од ул. „Живко Чинго” (кај отпадот), до амбулантата на ул. „Радојца Новичиќ”. Беа ангажирани 4ца работници и беа собрани околу 80 вреќи на комунален отпад, пластични шишиња, градежен отпад и друг вид на отпад, депонирани од околните куќи. Друг дел од екипите работеа на расчистување на ул. „15ти Корпус” од остатоците од песок и земја. Со акциите се продолжува и во…
повеќе...Tag: комуналец
Се кројат дрворедите на ул. „Јане Сандански“
Од денес започна уредувањето на дрворедот на ул. „Јане Сандански“. Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица. Со акцијата ќе се продолжи во наредните денови, а целта на оваа акција како и предходно е да се спречи кршење и паѓање на гранките на паркираните возила, и безбедно движење на пешаците по тротоарот.
повеќе...Продолжува акцијата за расчистување на локални патишта
Акцијата за расчистување на локални патишта вчера и денес продолжи во населбата Гоце Делчев (бараки). Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” ги расчистуваа гранките и трњето покрај улиците, кои ја попречуваа прегледноста за возилата и безбедноста за пешаците и се уредуваше паркот на влезот од населбата. Ангажирани беа 8 работници, а беа собрани и транспортирани околу 17 кубици зелен отпад.
повеќе...Активности на ЈП „Охридски Комуналец“
По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” чистеа на ул. „Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето. „Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с.Косел до Прентов мост, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на отпад.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Се расчистуваше во с. Ливоишта и се уредуваа дрворедите на ул. „Димитар Влахов“
По налог на Комуналната инспекција и по барање на жителите, вчера и денес дел од екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани во с. Ливоишта. „Се расчистуваше каналот од зголемената вегетација на трње и зеленило и се уредуваше зеленилото покрај главната улица со цел побезбедно движење на возилата. Друг дел од вработените беа ангажирани на уредување на дрворедите на ул. „Димитар Влахов”. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Се расчистуваа патиштата во Коњско и патот кон плажите кај Рача
Акцијата за расчистување на локални патишта по налог на Комуналната инспекција продолжува. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани за расчистување на неколку улици во с. Коњско. „Беше отстранета вегетацијата од гранки од дрвја, трње и диви жбунови со цел да се овозможи подобра прегледност на возилата кои циркулираат на тој дел. Денес акцијата продолжи и во нас. Рача, на патот кој води спрема плажите (наспроти вилата „Александар”).“ – велат од претпријатието.
повеќе...Депониран отпад во река Сушица
Утрово екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од коритото на реката Сушица на пресекот на ул. „Ариф Мустафа” со бул. „Туристичка” извадија депониран отпад од несовесни граѓани (тросед, перници, ќебиња и комунален отпад). Од претпријатието ги осудуваат ваквите потези на несовесните граѓани и информираат дека граѓаните можат да се обратат во ЈП „Охридски Комуналец” за информации за подигнување на отпадот, а не да создаваат диви депонии.
повеќе...Се отстрануваат абразивните средства од улиците
Изминатиот период екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на отстранување на абразивните средства (сол и песок), кои беа фрлени во големи количини поради ладните температури и врнежите од снег. „Ангажирани се сите вработени на „Јавна хигиена” при што се започна со чистење од центарот према периферијата на градот.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Се расчистуваше улицата „Марко Цепенков“
Во текот на вчерашниот ден, но и денес, екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на зараснатите тротоари на улицата „Марко Цепенков” на потегот од инфективното одделение до кружното на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски”. „Ангажирани беа четворица работници, при што отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и ја попречуваа видливоста на сообраќајните знаци.“– информираат од претпријатието. Во текот на наредните денови акцијата ќе продолжи и во стариот дел…
повеќе...Охрид се украсува за Водици
Слабите врнежи од снег ова утро не ги спречија екипите на ЈП „Охридски Комуналец”, во соработка со координативното тело на општина Охрид, да започнат со украсување на центарот по повод претстојниот празник Богојавление. Украсени се канделабрите и пристаништето со бршлен и зеленика. Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник, кои исто така се украсени со бршлен. Поставени се заштитни огради на пристаништето и одредени се места каде што се поставени заштитни огради за…
повеќе...