Продолжуваат активностите на ЈП „Охридски Комуналец” за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Денес и вчера од раните утрински часови екипи на претпријатието беа ангажирани на попрскување на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на пешаците. Опфатени беа улиците: „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „7ми ноември“, „Гоце Делчев“, дел од бул. „Туристичка“ и во стариот дел од градот, информираат од претпријатието. Покрај овие активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење…
повеќе...Tag: комуналец
ЈП Охридски Комуналец: Се расчистуваше чаршијата од снег
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со расчистување на чаршијата после обилните врнежи на снег кои го зафатија градот пред неколку дена. „Во наредните денови, покрај машинското, ќе се продолжи и со рачно чистење на јавните површини, како и на тротоарите и патеките кои се наменети за пешаците.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат снегот
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” вонредно се ангажирани на терен после првиот снег во оваа година. „Активирани се работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата, а од делот на механизација активиран е фап со епоха за посипување на абразивни средства, 2 трактори со соларки, 2 возила со ножеви и комбинирана машина за чистење снег.“– велат од претпријатието. Чистењето ќе продолжи и во текот на ноќните часови, со цел да се спречи замрзнување на коловозите и тротоарите низ градот.
повеќе...Се чистеа улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” во изминативе 10тина дена работеа на расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. „Ангажирани беа 3ца комунални работници, при што се отстрануваше трева, песок и земја на тротоарите и покрај коловозот. Целиот отпад беше уредно подигнат и депониран во вчерашниот ден од страна на службите на претпријатието.“– информираат оттаму.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“со активности пред претстојниот празник
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности, согласно програмата за одржување на манифестации, овие денови вонредно се ангажирани со поинтензивни активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило, информираат од претпријатието. „Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености. Се чистеше градскиот плоштад, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат…
повеќе...Активности на ЈП „Охридски Комуналец“
Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека денес и утре, екипите на ова претпријатие се ангажирани на чистење на чаршијата од гуми за џвакање (мастики) на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. „Акцијата се врши во раните утрински часови кога по чаршијата нема многу посетители, а одстранувањето на гумите за џвакање го вршат 4 комунални работници со специјални шпакли.“- додаваат оттaму.
повеќе...Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“
Дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец”, во рамките на програмата за работа каде што е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, вчера и денес беа ангажирани во с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини. Се работеше и на расчистување на Градска плажа од пластичен отпад, хартија и др. коишто беа донесени од езерото или депонирани од граѓаните. Се расчистуваше и…
повеќе...Се засадува зимската цветна реколта
Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец“, започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се до пролетта. „Денес се засадуваа садници од видот Виола (очиња) на кружниот тек кај Охридска банка, додека на улицата „Аџи Мустафа,” покрај новоизградениот тротоар започна хортикултурно уредување.“- индормираат од препријатието.
повеќе...Се чистеше река Сушица на пресекот со ул. „Железничка“
Деновиве со акцијата за расчистување на речните корита, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на коритото на река Сушица на пресекот со ул. „Железничка”. „Беа ангажирани 5 комунални работници за рачно чистење, а каде што пристапот беше потежок беше ангажирано специјално возило “ИЦБ” и “ФАП” за подигнување на извадените наноси од земја, зелен отпад, комунален отпад и вегетација кои беа отстранети од коритото.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...Во сабота ќе се подигнува зелен отпад од У.З.14 „Радојца Новичиќ“
ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно…
повеќе...