Утре ќе се подигнува зелен отпад во У.З.11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите…

повеќе...

Охридскиот кеј се чисти по невремето

Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности на собирање лисја беа ангажирани на расчистување на кејот од наноси на трска, реси и отпад кои беа донесени со силниот ветар од јужен правец, информираат од претпријатието. „Беа собрани и подигнати околу 15м/3 од истите. Во наредните денови ке се продолжи со истото темпо во раните утрински часови, со цел да се одржува чистотата на градскиот кеј и пристаништето.“– додаваат оттаму.

повеќе...

Одбележан патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец

ЈП „Охридски Комуналец“ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите вработени им го честита патрониот празник на претпријатието. Со пригодна свеченост и оваа година беше одбележан „7-ми Ноември”, со врачување на јубилејни награди на вработените за 10, 20, и 30 години непрекината работа во ЈП „Охридски Комуналец”.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ по повод Денот на ослободувањето на Охрид

По повод претстојниот празник, 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на спомен обележјата и спомениците. „Беше уреден просторот кај спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне), споменикот на Мите Богоески (кај средното економско училиште) и Спомен паркот на револуцијата.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Во сабота ќе се подигнува зелен отпад од Кошишта и Воска

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) . Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”…

повеќе...

Расчистување кај хотел Милениум

Денес по налог на комунална инспекција, согласно програмата за вонредно активирање на ЈП „Охридски Комуналец” во договор со екипите на „Јавна Хигиена” се изврши расчистување со багер кај хотел Милениум. Беа ангажирани ИЦБ и камион кипер, при што беа извадени околу 12-15м/3 муљ.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец”

Изминативе денови екипите на ЈП „Охридски Комуналец” се ангажирани на отстранување на летната цветна реколта на садници која ќе биде заменета со зимска од видот „виола” (очиња), кои се од сопствено производство на претпријатието и се предвидени да го украсуваат градот се до пролетта. Покрај овие активности, екипите беа ангажирани на расчистување на просторот под црквата Св. Богородица Перивлепта (св. Климент) во стариот дел од градот, каде што беше отстранета вегетацијата на бршлен и трње. Како дел од редовните активности овие денови е и расчистувањето на улиците и јавните површини…

повеќе...

Во сабота акција за подигнување зелен отпад од „Даме Груев“ и „Горна Влашка Маала“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2016 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата,…

повеќе...

Во сабота ќе се подигнува кабаст отпад во У.З.14 „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22ри октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14„Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Согласно годишниот календар за 2016 год. ова…

повеќе...

Се уредува улицата „Ристо Чадо“

Денес дел од екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на уредување на улицата „Ристо Чадо” со косење и сечење на зараснатата трева, капини и трње покрај тротоарите, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците, информираат од претпријатието. Оттаму информираат дека покрај овие активности, деновиве екипите продолжуваат со чистење на коритото на реката „Сушица” каде се отстрануваат зараснатите гранки и трева.

повеќе...