Градоначалникот Бакрачески ги посети Коњско и Рача

Градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и нивните соработници, денес ги посетија населбите Коњско и Рача. Во рамки на посетата, тие остварија средба и со жителите на овие две населби. На средбата присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, кои одговараа на прашањата од жителите. Градоначалникот Бакрачески, потсети на проектите кои Локалната самоуправа ги реализира во изминатиот период во овие населби и ги презентира плановите за идниот период. Исто така градоначалникот Бакрачески, најави дека во овие населби во наредниот период, инфраструктурно ќе бидат реализирани неколку…

повеќе...

Утре градоначалникот Бакрачески во посета на Коњско и Рача

Утре, со почеток во 16 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на населените места Коњско и Рача. Агендата на посетата е следна: – 16 часот – с. Коњско – 17 часот – с. Рача Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Се откажуваат средбите со жителите во Коњско и Рача

Општина Охрид ја известува јавноста дека се откажуваат закажаните средби со жителите на населбата Рача и селото Коњско кои претходно беа закажани од страна на Локалната самоуправа. Оттаму информираат дека истите ќе се одржат во нов термин, за кој јавноста благовремено ќе биде информриана.

повеќе...

Утре градоначалникот Бакрачески во посета на Коњско и Рача

Утре, со почеток во 18 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 18 часот – с. Коњско – 19 часот – с. Рача. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за локална урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс КП 2848/1, КО Коњско

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на општина Охрид, донесе: С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС НА КП 2848/1, КО КОЊСКО ОПШТИНА ОХРИД СЕ СООПШТУВА јавна анкета и јавна презентација за Локална урбанистичка планска документација за изградба на хотелски комплекс на КП 2848/1, КО Коњско, општина Охрид. 1.…

повеќе...

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Втор ден во училишните клупи во охридското село Коњско наместо ученици седат родители, а никој од надлежните не реагира. Родителите со право протестираат, отакако 1-ви септември им донесе непријатно изненадување. Во една училница беа седнати три генерации ученици, од прво, второ и трето одделение, да им предава еден учител. И ова се случува во 21-от век. Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието. Тоа што од буџетските средства на општина…

повеќе...

Вкусете најдобра храна: „Кај Мече“

Веќе две години хит на охридската ривиера гостилница „Мече“. Место за уживање, скара за гурмани, тераса со рајски панорамски поглед кон Свети Наум и кон западното крајбрежје! Дојдете да се почувствувате господски со вниманието на персоналот на „Мече“! Порачајте и вкусете нешто деликатесно од кујната на врвните мајстори на национални и роднокрајни јадења! Бидете добредојдени! Организирајте ручек со семејството или со пријателите и забележете уште еден незаборав крај Охридското Езеро, во населбата Долно Коњско на само 200 метри пред хотелите Метропол и Белви! WebOhrid

повеќе...

Осветена „Св.Недела“ во Долно Коњско

Со црковно-народен собир денес (13 јули), на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли- Павловден, во охридското село Долно Коњско, на радост  на  стотици  жители коштанци и други  верници беше осветена црквата „Св. Недела“. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На самиот свечен чин – осветување,  присуствуваа и жители од околните места. WebOhrid  им посакува  многу нови свадби  и крштевки   во  новоосветената црква „Света Недела“ !  WebOhrid/Дим Дон

повеќе...

Во недела осветување на црквата „Св.Недела“ во Коњско

На 13-ти јули(недела), на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли- Павловден, во охридското село Долно Коњско ќе биде осветена црквата „Св. Недела“. По тој повод од Црковниот одбор ги канат сите верници и добронамерници  да присуствуваат на овој свечен чин. Случувањето е закажано за 8 часот.

повеќе...