Трета победа за Македонија У12 на турнирот во Букурешт

Репрезентацијата на Македонија до 12 години утринава го совлада романскиот тим Дан Дачијан со убедливи 99-14, продолжувајќи ја низата победи на турнирот во Букурешт. Како што и самиот резултат кажува, на натпреварот со Дан Дачијан нашите млади кошаркари доминираа во секој сегмент од играта и со уште еден добар тимски настап, без проблеми стигнаа до победата која е трета во низа, по вчерашните успешни настапи против Буба од Бугарија и домашниот тим на Лагуна. Утре од 10:00 часот наутро, нашите репрезентативци го играат и последниот меч од турнирот, а противник…

повеќе...

Одржан кошаркарскиот турнир под мотото „Кошарка за сите“

Синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ во организација на менаџерскиот тим на Ј.П. „Билјанини Извори“ и в.д. директорот Ристе Мишев, а по повод  европската кошаркарска недела за лица со попреченост, се одржа кошаркарски турнир под мотото „Кошарка за сите“. „Ми претставува особена чест и задоволство што го организираме овој настан со што ги продолживме активностите во рамките на одбележувањето на 3 Декември меѓународниот ден на лицата со хендикеп“ – изјави в.д. директорот Ристе Мишев и додаде дека Ј.П. „Билјанини Извори“ и во иднина ќе ја продолжи започнатата соработка со оваа…

повеќе...

ЈП „Билјанини Извори“ организира кошаркарски турнир „Кошарка за сите“ за лицата со попреченост

Одбележувајќи ја Европската кошаркарска недела за лица со попреченост „Кошарка за сите“ Ј.П. „Билјанини Извори“ организира општински кошаркарски турнир за лицата со попреченост. На кошаркарскиот турнир  „Кошарка за сите“ што вечерва од 17 часот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ учество ќе земат лица од охридските здруженија на лица со попреченост. Со оваа манифестација Ј.П. „Билјанини Извори“ ги продолжува активностите во рамките на одбележувањето на 3 Декември, меѓународен ден на лицата со хендикеп и се придружува кон севкупните активности на општина Охрид на овој план. Со цел успешна…

повеќе...

Македонија домаќин на Европско првенство до 16 години, градот-домаќин не е познат

Добрата организација на младинските континентални собири во изминатите години и постојаното унапредување на условите од година во година, допринесоа ФИБА Европа да и додели на Македонија домаќинство на младинско Европско Првенство и во летото 2014 година. По 2011 година, кога машкото Првенство до 16 години (Б дивизија) се одржа во Струмица, сега повторно истото Првенство ќе биде организирано во нашата земја. Европското Првенство до 16 години (Б дивизија) е предвидено да се одржи од 20 до 30 август 2014 година, а иако е веќе познато дека шампионатот ќе се одржува…

повеќе...

Перо Антиќ дебитираше во НБА, Атланта загуби од Далас

Со нетрпение се очекуваше синоќешниот натпревар во „Американ Ерлајнс“ центарот помеѓу Далас и Атланта, на кој свое деби во најсилната светска лига оствари Перо Антиќ. Македонскиот репрезентативец за безмалку осумте одиграни минути не постигна поени, а оствари два скока. И покрај тоа што Антиќ не успеа да се запише во листата на стрелци во дебито во НБА лигата, натпреварот ќе остане запишан во историјата на македонската кошарка како прв на кој наш играч настапил во најсилната светска лига. Далас, кој беше исклучително расположен за шут, ја презентираше својата сила потсетувајќи…

повеќе...

МЗТ Скопје 69-70 Партизан

Само неколку денови откако загубија минимално од Макаби во Еврокупот, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и покрај тоа што повторно одиграа максимално борбен натпревар и со срце во текот на сите 40 минути, сега загубија од Партизан во АБА лигата со 69-70. Кратката ротација, но и недостатокот на спортска среќа во завршните моменти, клучни за конечниот исход. Иако настапи без Дамјан Стојановски, Кејд Дејвис, Кирил Николовски и со се уште не доволно опоравен Огнен Стојановски, МЗТ Скопје имаше почеток на натпреварот каков што само можеше да посака. Поените во серија…

повеќе...

Тесен пораз за МЗТ Скопје од Макаби Хаифа

И покрај тоа што водеше во текот на целиот натпревар, а имаше и шут за победа во завршните моменти од натпреварот, МЗТ Скопје Аеродром на крајот сепак загуби од Макаби Хаифа во СЦ „Борис Трајковски“ со 86-83, забележувајќи го вториот пораз во вториот Еврокуп меч, односно првиот пораз на домашен терен во натпреварувачката сезона. Одлична прва четвртина, со импресивен напад одиграа избраниците на Влада Вукоичиќ, не дозволувајќи му на противникот да поведе во ниту еден момент. Тројките на Горјан Марковски и Никола Оташевиќ донесоа предност од 22-14 на средина на…

повеќе...

Цедевита 77-67 МЗТ Скопје

Македонскиот шампион останува без победа на гостински терен сезонава, откако на гостувањето во Хрватска против големиот фаворит Цедевита, загуби со 77-67. Дополнителен проблем за тренерот Влада Вукоичиќ е повредата која ја заработи Кејд Дејвис на средбата во Загреб. Цедевита водеше во текот на целиот натпревар, а со победата од 77-67 над МЗТ Скопје, остана единствениот засега непоразен тим по четири кола во АБА лигата. Во првата четвртина, разликата се движеше постојано околу пет поени, а Ѓорѓи Чековски беше ударната сила во македонскиот состав, одржувајќи ја негативата достижна. Предводени од расположениот…

повеќе...

Пофалби од ФИБА Европа за семинарот за судии и делегати во Охрид

Редовниот годишен семинар за судии и делегати, кој на почетокот на месецов се одржа во Охрид и оваа година имаше меѓународен карактер. Вкупно 120 судии и делегати беа присутни на собирот. Меѓу другите, инструкторот на ФИБА Европа Даворин Накиќ и познатиот поранешен судија Валентин Лазаров беа во улога на предавачи на Семинарот, кој и оваа година беше поздравен од ФИБА Европа за организацијата и тематиката која беше опфатена. „Можам да кажам дека семинарот беше многу продуктивен, со голем број на прашања. Добро е да се види присуството на поголем број…

повеќе...

МЗТ Скопје 78-71 Будуќност

Одличната прва четвртина и двоцифрената предност креирана уште во тие први 10 минути од натпреварот беше клучна за триумфот на МЗТ Скопје против засилениот Будуќност. Тодор Гечевски со брилијантно издание комплетирано со дабл-дабл учинок, носител на важната победа. Цели шест први минути се одиграа на натпреварот без фаворизираниот гостински тим на Будуќност да постигне поен. МЗТ веќе водеше со 9-0, за со продолжение на добрата игра да го заврши првиот период од натпреварот со двоцифрено водство од 24-11. Со квалитетна одбрана и агилно во напад играа избраниците на Влада Вукоичиќ,…

повеќе...