Преголемиот број допуштени офанзивни скокови на противникот и слабиот процент на реализација се главните причини за првиот пораз на МЗТ Скопје Аеродром сезонава во АБА лигата, доживеан на натпреварот во Унгарија против Шолнок со 81-69. Иако солидно го почнаа натпреварот, а првата четвртина ја завршија и со предност од 16-15, кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа многу слаб втор период во кој Шолнок направи пресврт и на полувреме водеше со 35-24. Помогнат од полните трибини во салата во Унгарија, домашниот тим главната предност ја направи под обрачите, каде само во првите…
повеќе...Tag: кошарка
Перо Антиќ дебитираше за Атланта
Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, синоќа ги одигра првите минути за Атланта Хокс. На отворањето на претсезоната, во дуелот со актуелниот шампион Мајами Хит, Антиќ одигра речиси 16 минути за кои постигна 3 поени со 4 скокови и 1 украдена топка. Атланта го загуби натпреварот кој се играше во „Америка Ерлајнс“ центарот во Мајами со 92-87, но Перо Антиќ, а и кошаркарската јавност во Македонија ќе го памети овој дуел како прв на наш кошаркар во дресот на НБА тим. Капитенот на нашиот национален состав одигра точно 15:47…
повеќе...МЗТ Скопје 79-60 Унион Олимпија
Тешко можеше актуелниот македонски шампион да посака подобар почеток на новата натпреварувачка година. Со извонредна тимска игра во текот на сите 40 минути во СЦ „Борис Трајковски“, МЗТ Скопје доминираше во секој сегмент од играта против Унион Олимпија, заслужувајќи ја високата победа од 79-60. Само во првата половина од првата четвртина се играше изедначена кошарка, во периодот додека главно се испитуваа силите на теренот со внимателна игра на двете страни. Сепак, следуваше период од цели пет минути во кои МЗТ со одлична одбрана не дозволи да прими ниту еден кош…
повеќе...Репрезентација од млади македонски играчи се вклучува во натпреварите од Првата кошаркарска лига
На втората седница на ЗКК од Прва Лига Мажи за сезоната 2013/14, одржана вчера во НОЕЛ во Гевгелија, клубовите го поддржаа предлогот на МКФ за вклучување на Репрезентација од млади македонски играчи како 10-та екипа во лигата. Репрезентацијата ќе се натпреварува надвор од конкуренција, а ќе игра против екипите кои треба да се слободни во колата. Овој предлог, кој на денешниот Состанок беше изгласан од Здружението, ќе биде испратен на разгледување на следниот состанок на Управниот Одбор, а доаѓа како замена за правилото за задолжителен настап за млад кошаркар (до…
повеќе...Раднички Крагујевац победник на „Охрид Трофеј 2013“
Екипата на Раднички од Крагујевац е победник во финалето на „Охрид Трофеј 2013“. Во доста изедначена игра, најпрво екипата на МЗТ Скопје имаше блага предност во првата четвртина, но тимот на Раднички Крагујевац успеа да ја стигне таа предност и во втората четвртина да го израмни резултатот со што на полувреме се замина со резултат42-42. Во второто полувреме играта повторно беше изедначена, со чести прекини, прекршоци, слободни фрлања, тајмаути, без некоја течна игра, со пресврти, во водство доаѓаа и двата тимови. Генерално изедначена борба, во последните минути гостите од Србија…
повеќе...Најмладите се дружеа со македонските кошаркарски репрезентативци
Денес во О.У. „Христо Узунов“ најмладите се дружеа со македонските кошаркарски репрезентативци и со кошаркарите од КК. МЗТ – Скопје, кои викендов престојуваат во нашиот град по повод одржувањето на Меѓународниот кошаркарски тунир „Охрид Трофеј 2013“. Целта на дружењето покрај забава, беше и да се развие спортската свест и спортската култура кај најмладите. Учениците добија автограми од нашите репрезентативци, а беа доделени и кошаркарски топки за најдобрите.
повеќе...Денес почнува турнирот „Охрид Трофеј 2013“
Спортската сала „Билјанини Извори“ во наредните два дена ќе пречека четири екипи кои ќе одиграат по два натпревари во рамки на првото издание на турнирот кој има за цел да прерасне во традиционален – „Охрид Трофеј 2013“. Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, ќе игра во конкуренција на Лукоил Академик од Бугарија и српските екипи Металац и Раднички Крагујевац. Натпреварите се предвидени да се играат од термините од 18:00 часот и 20:30 часот, денеска и утре. Денеска на програмата се полуфиналните натпревари, додека утре ќе се играат мечот за третото…
повеќе...Средба на македонските кошаркарски репрезентативци со учениците од ОУ „Христо Узунов“
Утре во 12:30 часот во О.У. „Христо Узунов“ – Охрид, македонските кошаркарски репрезентативци заедно со екипата на К.К. МЗТ Скопје ќе остварат средба и дружење со најмладите односно со учениците на О.У. „Христо Узунов“. Посетата е со цел да се развие спортската култура кај најмладите. Кошаркарите ќе им подарат кошаркарски топки на своите фанови.
повеќе...Наредните два дена Охрид во духот на кошарката
Денес во Спортската сала „Билјанини Извори„ се одржа прес-конференција по повод Меѓународниот Кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013„ кој е во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“, а под покровителство на Локалната самоуправа. В.д. директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“ истакна дека турнирот е продолжување на традицијата на Охрид која ја имаше до пред 3 децении, исто така додаде дека викендов во Охрид ќе се гледа врвна кошарка и дека овој настан е со тенденција да стане традиција. „Јас им благодарам многу на екипите кои што ќе бидат гости на Охрид, се надевам…
повеќе...Перо Антиќ пристигна во Атланта
По настапот за репрезентацијата на Македонија на Евробаскетот, Перо Антиќ синоќа пристигна во Атланта за подготовки за почеток на новата сезона, во која тој ќе стане првиот македонски кошаркар кој настапил во НБА лигата. Антиќ на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија од обележаното место за него во соблекувалната на Хоукс, на кое се испишани неговото име и презиме и градот и државата од која доаѓа. Според распоредот за натпревари, Перо Антиќ за Атланта Хоукс би можел да дебитира на 7 октомври, кога неговиот нов тим ќе одигра натпревар од…
повеќе...