Меѓународен кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“ во петок и сабота

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид со цел промоција, подршка и започнување на нова тенденција во Охрид, на 20 и 21 септември (петок и сабота) организира Меѓународен Кошаркарски турнир „ОХРИД ТРОФЕЈ 2013“. Натпреварите ќе се одигруваат во петок со почеток во 18:00 и 20:30 часот и сабота и тоа во 18:00 часот натпревар за 3-то место и финале во 20:30 часот. На турнирот ќе учествуваат реномирани екипи кои се неколкукратни освојувачи на двојните круни во своите држави, две од екипите се учесници на AБA регионалната лига и една во Еуролига: КК…

повеќе...

Меѓународен кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“

Во организација на ЈП „Билјанини извори“, на 19, 20 и 21 септември 2013 година, ќе се одржи Меѓународен кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“. На турнирот, што се одржува под покровителство на Македонската телевизија, ќе учествуваат екипите КК „МЗТ“ од Скопје, Република Македонија, КК „Лукоил- Академик“ од Софија, Република Бугарија и КК „Металец“ од Ваљево и КК „Раднички“ од Република Србија. Со организирањето на овој турнир, на кој ќе учествуваат екипи кои се натпреваруваат во регионалната АБА лига и во Еуролигата, се промовира една нова тенденција за популаризација на кошарката во…

повеќе...

Македонија елиминирана од Евробаскетот со пораз од 66-76 од Летонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во втората фаза од Евробаскетот во Словенија, откако денешниот пораз во Јесенице од Летонија со 76-66 ги елиминира нашите кошаркари од понатамошното натпреварување. Летонија многу подобро го почна натпреварот, а поставувајќи своја брза игра со многу контра напади и лесни реализации, рано стигна до двоцифрена позитива од 16-3. Самарџиски ја прекина серијата на противникот со поени од поле, следуваа реализации на Гечевски и Антиќ, но и покрај тоа што се приближивме до шест поени разлика, Летонија со добар шут од далечина…

повеќе...

Пораз за Македонија 54-62 од Босна и Херцеговина

Во тесен и исклучително тврд натпревар, со многу мал број на поени, нашата репрезентација загуби од Босна и Херцеговина со 62-54, по што ќе мора да ги очекува резултатите од другите натпревари за да ги задржи шансите за пласман во следната фаза од Евробаскетот. Пред преполните трибини во Јесенице, нашите кошаркари предводени од Бо Мекејлеб и Перо Антиќ кои искомбинираа 38 поени, имаа водство по три четвртини со 45-41, сепак, слабата игра во нападот во последната четвртина во која постигнавме само 9 поени, беше клучна за конечниот исход. Ѓедовиќ и…

повеќе...

Висока победа на Македонија 89-75 против Србија

Репрезентацијата на Македонија одигра брилијантен натпревар против Србија, во кој во еден момент во третата четвртина, водеше и со огромни 26 поени разлика. Нашите кошаркари ја заслужија победата, која широко ги отвора вратите за пласман во наредната фаза од натпреварувањето. Со агресивна и брза игра го почнавме натпреварот, кога преку поените на Војдан Стојановски и Антиќ рано поведовме со 7-1, а веднаш потоа и со 12-5. Третиот прекршок на Самарџиски по само три минути игра, во ситуација кога Чековски поради повреда не му е на располагање на селекторот Пипан дојде…

повеќе...

Мојот кош е поен за македонската кошаркарска репрезентација

Младите кошаркари од основните училишта од Охрид, пред почетокот на натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Литванија, синоќа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ играа стрит-баскет. Тие беа дел од загревањето пред масовното следење на кошаркарскиот натпревар меѓу двете  репрезентации. Младите кошаркари кои беа дел од  спортско-забавниот хепенинг „Заедно да навиваме за Македонија“ рекоа дека нивните постигнати кошеви ќе бидат поени за македонската кошаркарска репрезентација.

повеќе...

Литванија со 75-67 ја победи Македонија

И покрај тоа што избраниците на Алеш Пипан губеа и со двоцифрена разлика во четвртата четвртина, упеаја да се вратат и да намалат на 65-62 на 3 минути до крај. Сепак, уште едно спорно сценарио во завршницата, овој пат и со материјално прекршување на правилата, го насочи крајот во корист на Литванците за конечни 75-67 и втор пораз на Македонија. Се играше изедначен почеток и со многу малку поени, така што првата реализација од поле дојде дури по нешто помалку од 4 минути игра кога Дамјан Стојановски погоди тројка за…

повеќе...

Охриѓани во еуфорична атмосфера на Градскиот плоштад ги бодреа македонските кошаркари

Охриѓани, синоќа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ масовно и во еуфорична атмосфера, на големиот лед- дисплеј и во околните кафулиња,  го следеа кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора. Тие од срце навиваа за нашата  репрезентација, која доживеа несреќен пораз со еден кош разлика. Во рамките на манифестацијата „Да навиваме заедно за Македонија“, што ја организира општина Охрид во соработка со  Црвениот  крст, ЈП „Билјанини извори“ и другите општински јавни претпријатија, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора, се одржа мал саем на спортските клубови и презентација на спортови и…

повеќе...

Македонија поразена 80-81 од Црна Гора на стартот од Евробаскетот

Неизвесен беше натпреварот кој го означи почетокот на Првенството за нашата репрезентација, од самиот почеток па буквално до самата последна секунда. При резултат 81-80 за Црна Гора на само 2 секунди до крај, сомнителната ситуација на теренот судиите ја проценија во корист на Црна Гора, што го означи првиот пораз на нашата селекција. Уште од самиот почеток имавме сериозно проблеми со прекршоците. Дури 7 ни беа досудени само во првата четвртина, по што Црногорците изведоа дури 10 слободни фрлања, кои ги одржаа во резултатска неизвесност. Дамјан Стојановски и Бо Мекејлеб…

повеќе...

Привршуваат подготовките за вечерашниот хепенинг „Да навиваме заедно за Македонија“

Општина Охрид  во соработка со Црвен Крст и јавните претпријатија, ги привршуваат подготовките за вечерашниот почеток на манифестацијата „Да навиваме заедно за Македонија“. На Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, во рамките на одбележувањето на 8-ми септември-Денот на независноста на Р.Македонија, од вечерва  (4-ти септември) заклучно со петок (6-ти септември), граѓаните на Охрид ќе можат организирано да ги следат настапите и да дадат поддршка на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, кое се оддржува во Р.Словенија. Општина Охрид, пред почетокот на ТВ преносите,  организира посебна спортско- забавна програма, со ревијално…

повеќе...