Програмата на Градскиот плоштад добива и хуманитарен предзнак

Програмата која ќе се спроведува на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, во пресрет на настапите на нашата кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, добива и хуманитарен предзнак. Имено, средствата кои ќе се соберат од продажбата на пијалоците (пиво, безалкохолни пијалоци, вода…) ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на луѓе во општина Охрид. Волонтерите на Црвен крст Охрид ќе бидат препознатливи и достапни на посетителите на Градскиот плоштад за потребните информации и делење на пијалоците и плашица, а медицинските тимови на Црвен крст Охрид ќе се грижат…

повеќе...

Кошаркарите отпатуваа за Словенија

Денес попладне од пред просториите на Македонската Кошаркарска Федерација, делегацијата на нашата кошаркарска репрезентација отпатува за Словенија, каде во среда ќе го почне настапот на Евробаскетот 2013 година. Репрезентацијата слета во Љубљана, од каде потоа со автобус отпатува за Крањска Гора каде што ќе биде сместена за време на одигрувањето на првата групна фаза. Крањска Гора се наоѓа на 20-тина километри од Јесенице, местото каде што ќе ги играме натпреварите во рамки на Групата Б. За утре репрезентативците имаат предвидено два тренинзи, а уште еден дополнителен ќе имаат и во…

повеќе...

Претседателот Иванов ги посети кошаркарите на тренинг пред заминувањето на Евробаскетот

Претседателот Иванов ги изненади македонските кошаркари, посетувајќи ги за време на нивниот тренинг одржан вчеравечер во спортската сала „Борис Трајковски”. Изненадувањето за посетата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше подготвено во договор со капитенот на Македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ. Пред заминувањето на Македонската кошаркарска репрезентација во Словенија, каде македонските кошаркари ќе се натпреваруваат на Евробаскетот 2013 година, претседателот Иванов им посака многу успех и среќа на претстојното првенство. „Секако дека мотивот за освојување на високо место на претстојното првенство ме натера да ги изненадам своите соиграчи приредувајќи…

повеќе...

Победа против БиХ, Македонија го освои првото место на турнирот во Улм

И покрај тоа што нашата репрезентација настапи без капитенот Перо Антиќ, предводени од брилијантниот денеска Ѓорѓи Чековски нашите репрезентативци ја совладаа Босна и Херцеговина со 93-94, освојувајќи го првото место на турнирот во Улм. Како и што се најавуваше, се играше брза и атрактивна кошарка, со многу поени и многу шутеви од далечина помеѓу двете непоразени селекции по првите два дена од турнирот во Улм. Често двете репрезентации го менуваа водството за на полувреме да се замине со изедначени 41-41. Слична беше ситуацијата и во поголемиот дел од третата четвртина,…

повеќе...

Сигурна победа на Македонија против домаќинот Германија

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија го забележа и вториот триумф по ред на турнирот во Улм, откако денеска ја совлада домашната репрезентација во натпревар кој го контролираше од самиот почеток па до крајот. Утре од 17.00 часот се среќаваме со Босна и Херцеговина во последниот меч од подготовките за Евробаскетот. По вчерашниот тесен триумф против Грција, денеска нашата репрезентација убедливо ја совлада Германија, само потврдувајќи дека формата на играчите евидентно расте во пресрет на Евробаскетот во Словенија.  Изедначено се играше само во првата четвртина, кога Германија во поголемиот дел се…

повеќе...

Македонија ја победи Грција во трилер завршница

Репрезентацијата на Македонија со победа против Грција го започна настапот на подготвителниот турнир во Германија. И покрај тоа што Грција водеше во текот на целото второ полувреме, предводена од Антиќ, Мекејлеб и Чековски во завршните минути, нашата репрезентација успеа да направи пресврт за триумф од 77-75. Капитенот Перо Антиќ беше човекот на одлука во самите последни моменти, кога на 9 секунди до крајот од средбата реализираше за водство на Македонија од 76-75. Василис Спанулис промаши тројка за победа, Антиќ прифати дефанзивен скок и со едно реализирано од двете слободни фрлања…

повеќе...

Висок пораз од Шпанија во втората пријателска средба

Сениорската репрезентација на Македонија доживеа пораз и во вториот пријателски натпревар во Шпанија против домашниот состав, откако вечерва во Леон избраниците на Алеш Пипан загубија со 77-55. Периодот пред крајот на полувремето и во текот на третата четвртина беа клучни за високата победа на Шпанците. Натпреварот почна изедначено, а пред полните трибини во Леон се играше брза и атрактивна кошарка, со многу надигрување и многу поени. Лестер Бо Мекејлеб ја играше главната улога во нападот на нашата репрезентација, постигнувајќи 9 поени само во првиот период од натпреварот. Ниту една од…

повеќе...

Македонија во добро светло и покрај поразот од Шпанија

И покрај слабата игра во првото полувреме, избраниците на Алеш Пипан успеаја комплетно да ја анулираат високата предност на Шпанците во второто полувреме и да го одведат натпреварот во интересна завршница. Сепак, европскиот шампион беше поснаодлив во последните минути и победи со 66-61. Двете репрезентации денес ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел во градот Леон. Полни беа трибините во салата во Сантијаго де Компостела, за поддршка на шпанската репрезентација во подготовките за Евробаскетот. Почетокот на натпреварот доцнеше 20-тина поради скршена табла при загревањето, но уште од самиот старт, Шпанија беше…

повеќе...

Возобновени маалскиот фудбал и баскет

Во организација на Општина Охрид, а во рамки на проектот „Спортско лето – спорт за сите“ започна возобновувањето на маалскиот фудбал и баскет. Урбаната заедница „Стар Град“ е првата во која жителите се натпреваруваа во спортски дух. На игралиштето во општинското основни училиште „Св. Климент Охридски“ по неколку екипи се натпреваруваа во фудбал и кошарка, а најдобрите добија и скромни подароци. На крајот, ревијален натпревар изиграа и повозрасните жители. Натпреварите ќе продолжат и во другите урбани заедници.

повеќе...

Од денес започнуваат натпреварите во маалски фудбал и баскет

Во насока на остварување на заложбите за омасовување на спорот во Охрид и подигањето на спортската свест кај младите, а истовремено тргнувајќи од стратегиските приоритети изнесени во Изборната Програма за развој на спортот во делот на спортската рекреација, овој викенд, во организација на општина Охрид, започна да се реализира проектот „Спортско лето – спорт за сите“ во кој една од целите е возобновувањето на маалскиот фудбал. Во остварувањето на проектот се вклучени и урбаните заедници на општина Охрид, кои се екипираат во тимови. За денеска, со почеток во 19 часот…

повеќе...