Пронајден хероин кај кичевчанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(46) од Кичево. При претрес извршен во домот на сега пријавениот, пронајдени и одземени се две пластични боци со непозната течност и една самоделска цевка од алуминиумска фолија. Од извршеното вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, констатирано е дека трагите од кафеава материја на алуминиумската фолија претставуваат хероин, додека течноста во двете пластични шишиња со вкупен волумен од…

повеќе...

Притворени двајца кичевчани поради разбојничка кражба и убиство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“ со последица лишување од живот, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.З. (20) и С.Ф.(21) двајцата од Кичево. Нив одреден им е притвор во траење од 30 дена по што се префрлени во затвор „Скопје“. На 09-ти овој месец, околу 20 часот, притворените, при вршење кражба во куќа на улица „Јосиф Јосифоски Свештарот“ во Кичево, биле затекнати од страна на сопственикот, сега покоен Зулфиќар М.(77) од Кичево. Притворените, употребиле сила врз него со намера да ги задржат…

повеќе...

Стружанец лажно посредувал за работа во Германија и „заработил“ над илјада евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга. Во текот на ноември 2015 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари. Тој не…

повеќе...

Кривична пријава за измама против унгарски државјанин

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против унгарскиот државјанин К.М.(43) од Будимпешта, поради постоење основи на сомнение дека во текот на ноември годинава, со цел противправно да се стекне со имотна корист од околу 17.400 евра, сторил две кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Имено, К.М. во текот на ноември годинава неовластено навлегол во компјутерскиот систем, на тој начин што пресретнал електронска комуникација во врска со набавка на вештачко ѓубриво на две правни лица (едно…

повеќе...

Малолетник од Скопје спроведен во Воспитно поправен дом во Охрид поради тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела од кои пет „тешка кражба во обид“ и четири дела „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава еден малолетник роден 1998 година од Скопје. Пријавениот, тешките кражби ги извршил во текот на септември и октомври оваа година, од кои една во куќа во селото Радожда и четири во станови во Струга и населбата „Езерски Лозја“. Малолетникот користел подесен алат – „топокршач“ и насилно ги отворал влезните како и балконските врати во куќите и становите. Пријавениот малолетник…

повеќе...

Кривична за жител од Октиси кој украл две камери од џамија во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси. Со намера да изврши кражба, на 10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000,оо денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према…

повеќе...

Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при МВР е добитник на прва награда за најуспешно реализирана акција

Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е добитник на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај. Наградата е доделена од регионалната организацијата SELEC во која членуваат 12 земји од Југоисточна Европа. Наградата е добиена заедно со истиот сектор од МВР на Република Србија. Криминалната група, во која имало 10 лица од Република Македонија, во соработка со организираната криминална група од Србија, на почетокот од 2013 година, набавиле…

повеќе...

Кичевчанец приведен поради киднапирање и силување

Рано утрово, во полициската станица во Кичево, приведен е Р.Л. (55) од кичевското село Колибари. Него, јавниот обвинител му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. По насоки на обвинителот, полициските службеници со приведениот водат разговори во врска со постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“. Лицето е приведено откако вчера околу 18 часот, во полициската станица во Кичево, против него е поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја…

повеќе...

Кривична пријава за фирма од Дебар поради незаконит ископ и продажба на песок

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Дукас компани-Миче“ ДООЕЛ Дебар како и против Е.Д. (59) од Дебар, сопственик и управител во правниот субјект. Пријавените, во текот на јули оваа година, извршиле незаконска експлоатација на минерални суровини односно бесправен ископ на песок од речното корито на реката Радика. Тие, во близина на дебарското село Косоврасти, ивршиле ископ на 6 м³ песок од речното корито на Радика, а потоа и продажба на ископаната количина.…

повеќе...

Генерален директор и директор на погон во „ЕМО“ заработија кривични пријави

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои две „лажно пријавување на кривично дело“, едно „несовесно работење во службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ф. (48) од охридското село Трпејца и З.Д. (44) од Охрид. Прво пријавениот како генерален директор на АД „ЕМО“ Охрид, а второпријавениот како директор на погон, во текот на декември минатата година со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што…

повеќе...