Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М (20) од Охрид. Пријавената, во периодот од 28 април до 17 мај оваа година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти од по петстотини денари со исти сериски број. Иако знаела дека банкнотите се фалсификивани односно дека се лажни пари Е.М. две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една…
повеќе...Tag: криминал
Приведен охриѓанец кој нападнал полициски инспектор
Еден нападнат полициски службеник, пронајдени неколку опаковки со бела прашкаста материја и едно лице лишено од слобода, е епилогот од синоќешниот претрес во вилата „Пијано“ лоцирана на улицата „Абас Емин“ во Охрид. Полицискиот инспектор е нападнат кога во една просторија од вилата пронашол неколку опаковки со бела прашкаста материја сокриени во метална шина од преграда направена од кнауф. Во моментот лицето Џ.А.(43) од Охрид кој стопанисувал со вилата „Пијано“, побарал од полицискиот инспектор да не ги пријавува опаковките. Тоа било одбиено и при обид за продолжување на службените дејствија, Џ.А.…
повеќе...Гостиварчанец кој вршел кражби во Струга заработи кривична пријава
Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои пет „тешка кражба“ и четири „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против О.А.(20) од Гостивар. Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило, но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000,оо денари. О.А. користејќи подесен алат и физичка сила и со обивање на врати насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари,…
повеќе...Вевчанец заработи кривична пријава поради узурпација на недвижности и бесправно градење
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.П.(57) од Вевчани. Пријавениот, на катарстарската парцела број 840/2 , 837 и 836 КО Вевчани, започнал да гради куќа што согласно извршен увид од градежен инспектор, покрај на приватно земјиште, се изведувала и на јавен пат односно државно земјиште сопственост на Република Македонија. Овластениот градежниот инспектор при општина Вевчани во мај годинава, затекнал објект во фаза на изведени ископани темели, истите армирани и бетонирани по што било…
повеќе...Охриѓанка узурпирала недвижен имот – сопственост на РМ
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид. Пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија. Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист. В.К.К. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда, а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до…
повеќе...Разбиен најпопуларниот сајберкриминален форум „ДАРКОД“
Оваа недела, во заедничка координирана акција на глобално ниво, полициските служби и судските власти го симнаа најпопуларниот сајберкриминален форум на англиски јазик по име ДАРКОД. Во меѓународна координирана акција против хакерскиот форум и неговите корисници, полициски службеници од цел свет ги открија сајберкриминалците кои го користеа Даркод форумот за размена и подобрување на нивното хакерско искуство, малвер вируси и ботнет мрежи како и да најдат партнери за нивните следни спам активности или напади со вируси. Операцијата беше водена од страна на ФБИ и подржана од Европскиот центар за компјутерски криминал…
повеќе...Лице од Долна Белица со нож нападнало стружанец
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица. Тој, на седми овој месец, со нож го нападнал Љ.Д. (79) од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри. Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост. Тука,…
повеќе...Пронајдени садници марихуана во атарот на Мислешево
Насад со засадени седумнаесет садници марихуана, деновиве пронајде криминалистичката полиција од полициската станица во Струга. Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска. Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори. За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради производство и дистрибуција на детска порнографија
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (18) од Кичево. Пријавениот, во текот на септември, октомври и ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал, а потоа дистрибуирал фотографии и видео материјал со порнографска содржина од неговата малолетна девојка. Тој откако на различни локации во Кичево го снимил порнографскиот материјал, преку програмите за Интернет комуникација WhatsApp и Viber ги дистрибуирал до поголем број сопственици на мобилни апарати и ученици во средното училиште…
повеќе...Лице од Албанија на шопинг во Струга со фалш банкнота од 20 евра
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија. На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет. Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во…
повеќе...