Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп. Полициските инспектори, на 21 мај оваа година околу 12 часот, ги затекнаа двајцата пријавени при употреба на подесен алат и обивање на блиндор врата во стан на петтиот кат на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. При личен како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус клучеви, мини метална округла шипка, една мини плосната шипка, една метална пинцета, два скалпери, еден…
повеќе...Tag: криминал
Кривична пријава за лица од Велмеј кои нападнале полицаец
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(24) И.П.(22) и И.С.(22) сите од охридското село Велмеј. На 19-ти овој месец, тројцата пријавени извршиле физички напад врз полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Настанот се случил во 04 часот и 10 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде сообраќајната полиција извршувала плански сообраќајни контроли и други мерки согласно…
повеќе...Кривични пријави за тројца кичевчани поради насилство
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево. Пријавените, на трети мај оваа година, физички го нападнале Е.Б. од Кичево удирајќи го со раце, нозе и со разни предмети нанесувајќи му телесни повреди по целото тело. Настанот се случил околу 16 часот и 40 минути на улицата „11 октомври“ во Кичево пред зградата каде оштетениот живеел. Тука, пријавените го сочекале Е.Б. и веднаш го нападнале задавајќи му повеќе удари со раце и нозе…
повеќе...При претрес во Куманово приведени две лица кај кои бил пронајден ТНТ
Врз основа на добиени судски наредби, вчера беа извршени претреси на три локации во Куманово. При претресите пронајдени и привремено одземени се: четири парчиња од по 200 грама ТНТ со кафеава боја, знаме на Р.Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-а, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат. По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38). По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи кривична пријава против Р.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на…
повеќе...Жители на Слатино фатиле крадец во куќа во селото
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21-ти овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А. на третопријавениот…
повеќе...Кривична пријава за двајца тетовчани поради злоупотреба на службена положба и овластување
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.Д. (52) и Д.Р.(59) двајцата од Тетово. Пријавените во текот на 2010 година, во својство на надзорни градежни инженери при градба на објект Котловница со резервоари за течно гориво и резервоари за течен нафтен гас во Кичево, изготвиле завршен извештај за извршен технички преглед на објектот со кој потврдуваат дека резервоарите за течно гориво 6 x 50 м³ се меѓусебно поврзани, а извршените земјено градежни и електро-монтерски работи…
повеќе...Кривична пријава за велгоштанец кој возел со фалсификувана бугарска регистарска таблица
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(25) од охридското село Велгошти. Пријавениот, во текот на јануари 2013 година, нелегално набавил возило марка „опел монтереј“ 3.1 Д, кое на противправен начин и без соодветна документација го ставил во свое владение, сопственост и користење и како странска стока било ставено во нелегален промет во Република Македонија. Сега пријавениот И.Ш. на возилото противправно ставил лажна бугарска регистарска таблица и во периодот август 2013 — септември 2014 година, употребувајки ја…
повеќе...Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Струга. Пријавениот, на 17 декември минатата година во атарот на струшкото село Драслајца започнал да гради објект-стовариште кој се наоѓа на катарстарска парцела број 932/2 КО-Драслајца, северно од индустриската зона во која се наоѓаат фабриките „Борис Кидрич“ и „Полипласт“. На барање на полициската станица од Струга, овластен градежен инспектор од општина Струга извршил контрола и увид на објектот во градба. Според записникот за инспекциски надзор, инвеститорот-сега пријавениот А.М. на…
повеќе...Кривична пријава за лице од Кичево поради тешка кражба
Поради постоење основи на сомнение за сторени дваесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.Р. (29) од селото Жубрино. Мерката притвор во траење од осум дена, што неодамна му беше одредена во врска со претходно сторени четири тешки кражби, на Ш.Р. му е продолжена до триесет дена. Во периодот од март 2013 година до фебруари оваа година, пријавениот со употреба на подесен предмет за кршење и со физичка сила, насилно отворал врати и прозорци од магацински простор и работилници на термоелектраната „Осломеј“ како и…
повеќе...Притворен жител од Центар Жупа поради извршени тешки кражби
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јануари оваа година, од две куќи во селото Житинени општина Центар Жупа сопственост на двајца браќа кои биле на привремена работа во странство. Тој, со подесен предмет ја оштетил и ја отворил металната врата за влез во дворот од првата куќа, а потоа и прозорот на…
повеќе...