Пропаднаа преговорите: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА сакаат избори на 24 април, СДСМ е против

Пропаднаа преговорите помеѓу четирите политички партии на лидерската средба која се одржа во Пржино со медијација на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, амбасадорот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот, Аиво Орав и белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте. Четирите најголеми партии не можеа да се договорат околу датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се согласни изборите да се одржат на 24 април, а СДСМ е против затоа што смета дека нема услови за фер и демократски избори. Премиерот Никола Груевски, по завршувањето на лидерската средба…

повеќе...

Свечено затворена шестата Школа за млади лидери

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, синоќа се обрати на свеченото затворање на шестата Школа за млади лидери, што се одржа од 16-ти до 27-ми август во Охрид. Претседателот Иванов на учесниците на школата им додели сертификати за учество и успешно завршување на десетдневната интензивна лидерска обука. На годинешната школа учествуваа 20 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко, кои ги пренесоа своите искуства и видувања за лидерството на 44 учесници на школата. Meѓу предавачите на шестата Школа за млади лидери беа…

повеќе...

Започнува Школата за млади лидери во Охрид

Шеста Школа на млади лидери, по иницијатива на претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се одржи во Охрид од денес до 28-ми август. На школата за млади лидери ќе има вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко. Меѓу предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери се поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија Франко Фратини, поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, директорот на Кралскиот институт за меѓународни односи од Белгија Марк Оте, членот на Извршниот комитет на Трилатералната Комисија…

повеќе...

Од недела започнува Школата за млади лидери во Охрид

Шеста Школа на млади лидери, по иницијатива на претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се одржи во Охрид од 16-ти  до 28-ми август. На школата за млади лидери ќе има вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко. „Преку Школата за млади лидери на претседателот Иванов, сакаме да ги мотивираме младите да ја развиваат својата визија како идни трансформациски лидери на Република Македонија. Визијата на еден трансформациски лидер дава насока, фокус, цел и просперитет. Во Македонија имаме прекрасни млади луѓе кои се добро едуцирани, кои ја…

повеќе...

Oбраќање на претседателот Иванов по повод постигнатиот договор на лидерите на политичките партии

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес се обрати до граѓаните на Република Македонија по повод постигнатиот договор на лидерите на политичките партии. „Почитувани граѓани на Република Македонија, Го поздравувам постигнатиот договор меѓу лидерите на политичките партии и повторното воспоставување на политичкиот дијалог во рамки на институциите на Република Македонија. Очекувам во најкраток можен рок, да се нормализира политичката клима и да се врати целосната посветеност на евроинтеграциите на Република Македонија. Токму на ова поле ни претстојат предизвици, за кои ни се потребни обединетост, меѓусебна доверба и меѓусебна соработка.…

повеќе...

Груевски: Лидерска средба ќе има кога ќе се создадат услови

Нова лидерска средба ќе има кога ќе се создадат услови за тоа, односно кога ќе има потреба, најави премиерот Никола Груевски по означувањето на почетокот на работите за реконструкција на 15 улици во општина Ѓорче Петров. „Има дискусија, комуникација, се водат разговори и за да се постигне некаков договор потребно е од двете страни да има согласност. Засега таква согласност од двете страни се уште нема“, прецизира Груевски во одговор на новинарско прашање.

повеќе...

Заврши лидерската средба

Заврши средбата на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија – Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, што се одржа доцна попладне во Клубот на пратениците во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава. По средбата што траеше повеќе од час лидерите на партиите не дадоа изјави. И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Средбата беше договорена по разговорите на партиските лидери одржани…

повеќе...

Лидерска средба: Да се почитува договорот од 2 јуни

Заврши лидерската средба во Скопје на четворицата лидери на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со договор за нова која треба да се случи на 29 јуни. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на денешнaта средба во Клубот на пратениците се согласиле уште еднаш да ја потврдат нивната целосна посветеност на договорот што беше постигнат на 2 јуни по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје и да продолжат со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни. Во заедичката изјава на лидерите се наведува дека…

повеќе...

Министерот Јолевски ги посети учесниците на Курсот за стратегиско лидерство во Охрид

Развојот на лидерството и размената на искуства и мислења околу местото на теориите и моделите на лидерство во областа на одбраната е од исклучително значење имајќи ја предвид нашата цел за воспоставување на ефикасен одбранбен систем. Ова го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, пред учесниците на еднонеделниот Курс за стратегиско лидерство кој се одржува во Охрид, во коорганизација на Министерството за одбрана и Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија. Министерот Јолевски додаде дека станува збор за многу интересна материја која мора да биде предмет на изучување,…

повеќе...