„Кирил 1830 – Кирил 2001“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2015

Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Наградата ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. По разгледувањето и оценувањето на 12-те пристигнати ракописи во предвидениот рок на Конкурсот, членовите на Жирито едногласно констатираа дека одзивот во тековната натпреварувачка година за најдобра македонска поема не е масовен и е релативно задоволителен во квалитативна смисла. При тоа оценувачите се согласија дека голем дел од пристигнатите поетски ракописи не ги исполнуваат очекуваните литературни и уметнички стандарди. „Останатите ракописи…

повеќе...

Успешно претставена македонската литература во Франкфурт

Македонската литература беше претставена на Саемот на книга во Франкфурт со учество на писателите Митко Маџунков, Венко Андоновски, Блаже Миневски и Кица Колбе, кои читаа извадоци од своето творештво. Штандот на РМ, под мото „Куќа на зборови, куќа на светови“, имаше посетители заинтересирани за книгите на нашите автори кои ги претстави германскиот македонист, проф. Бенјамин Лангер. Македонскиот ден, насловен „Дожд од зборови“ го организираше Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ) кое, со поддршка на Министерството за култура, втора година по ред е комесар на претставувањето на македонската литература…

повеќе...

Mакедонската литература ќе биде претставена на Саемот во Франкфурт

Над 1.400 книги на речиси сите издавачи во Македонија и публикации на национални установи ќе бидат изложени на претстојниот Саем на книгата во Франкфурт, на специјално подготвен штанд под мотото „Куќа на зборови, куќа на светови“. Втора година по ред комесар на претставувањето е Здружението на издавачи и книжари на Македнија (ЗИКМ) со поддршка од Министерството за култура. На најголемата книжевна саемска манифестација и центар на издавачката индустрија во светот, в сабота, 17 октомври, ќе биде организиран и национален ден, насловен „Дожд од зборови“, на кој ќе бидат претставени четворица…

повеќе...

Со нови наслови збогатен фондот во Библиотеката

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. „Во потрага по мртвата принцеза“ од Кенизе Мурад, „Бадалпурска градина“ од истиот автор, „Двојна измама“ од Џејмс Патерсон, „1Q84“ од Мураками, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд се само дел од новите наслови кои од денеска може да се изнајмат од Библиотеката. Комплетен преглед на сите нови книги, читателите може да добијат на веб страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен од Министерство за култура на РМ.

повеќе...

Позната програмата за Струшките вечери на поезијата 2015

ПРОГРАМА НА СВП 2015 ГОДИНА Недела, 23 08. 2015 11:00 Работилница за деца „Како настанува книга“ – Летна сцена на „Домот на поезијата“ и други локации во Паркот на поезијата. 20:00 Отворање на саемот на книгата во рамките на СВП – поетски маркет – Летна сцена на „Домот на поезијата“ и други локации во Паркот на поезијата. 20:30 Отворање на неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата – секој ден во 21 на летната сцена на „Домот на поезијата“. – „Летна сцена“ на „Дом на поезијата“ 21:00 Проекции…

повеќе...

Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

„Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека. Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.

повеќе...

Литературна средба со авторите на книгата „Зен верс“

Во изложбен салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи литературна средба со авторите на книгата „Зен верс“ (Маја Мојсова-хаибун, Соња Гаврилоска-Љулкова – катаута, Пере Ристески – хаига, Јован Ристески – илустрации и Милован Србиноски –хаику). Книгата е колекцијата на избрани хаига, хаику, катаута и хаибун творби, што ја прави оваа книга „Зен верс“ прво издание од ваков вид во македонската литература. Книгата излезе од печат во 2014 година. Предговорот на книгата го напиша професор доктор Лилјана Пандева. Литературната средба со авторите на книгата „Зен…

повеќе...

Литературата за деца и млади од македонски автори ќе добие антологија

„Антологија на македонската литература за млади и деца“ е насловен новиот проект на Министерството за култура, кој ќе ги обедини на едно место најзначајните поетски и прозни книжевни форми што во изминатиот период имаа големо влијание врз развојот на целокупната македонска литература за деца и млади. Проектот денеска го промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на Саемот на книгата. Едицијата, информира, ќе содржи триесет томови и во неа ќе бидат застапени книги со кои сме растеле сите ние, како што се: „Белото циганче“, „Силјан штркот“, „Зоки Поки“, „Големи…

повеќе...

Литературниот клуб „Григор Прличев“ го одбележа Светскиот ден на поезијата

Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“, кој функционира во рамките на библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, редовната средба ја посветија на поезијата. Членовите на клубот, во пресрет на Светскиот ден на поезијата, читаа творби и разговараа за литературните списанија и проблемите со кои се соочувала поезијата во изминатите декади и сега. Дел од средбата беше збогатен со читање на извадоци од литературна критика на поетски дела, објавени своевремено во списанието за литература, уметност и култура „Далги“, кое повеќе не се издава во Македонија. Помладите членови беа запознаени со ова списание,…

повеќе...

Охриѓанката Викторија Алексиоска првонаградена на литературниот конкурс во Струмица

Ученичката Викторија Алексиоска од ОУ„Кочо Рацин“-Охрид, е добитник на првата награда на литературниот конкурс кој по повод Струмичкиот карневал го распиша библиотеката „Благој Јанков- Мучето“ од Струмица. Конкурсот беше анонимен, односно се учествуваше под шифри а наградите беа поделени во три категории за ученици од основно, средно образование и возрасни. Во знакот на Карневалот наградените ученици при доделувањето на наградите кое се случи на 19-ти овој месец носеа и маски . Дел од песните беа со хумористична содржина и изведени на дијалект што придонесе целата атмосфера да биде забавна. Ученичката…

повеќе...