Владата на Република Македонија и Здружението на новинарите на Македонија се согласуваат интернет порталите да се исклучат од Законот за медиуми, ЗНМ како претставник на новинарите да предложи член во Советот на Агенцијата за медиуми и во членот 48 од Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги да се додаде нов став со кој ќе се појасни дека секое ограничување на содржна на медиуми може да се направи согласни судската пракса на Еврпскиот суд за човекови правата во Стразбург. Овие предлози на ЗНМ Владата се обврзува да ги имплементира најдоцна…
повеќе...Tag: медиум
WebOhrid го прослави првиот роденден
Електронскиот медиум WebOhrid со пригоден коктел синоќа во хотелот Тино го одбележа својот прв роденден. На свеченоста присуствуваа советници, директори на јавни претпријатија и претставници од невладини организации како и политички партии од Охрид. Во име на екипата на веб порталот WebOhrid, пред присутните се обрати главниот и одговорен уредник Лорита Ивческа Бујароска. „Вистината е една и непобитна, а патиштата до неа различни: некои куси, а некои подолги и неизвесни. Но Вистината – таа е таму на целта и чека да ја дознаеме и пренесеме токму таква каква Вистината мора…
повеќе...Одржана јавна седница на тема „Родот и медиумите“
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов учествуваше на јавната седница на тема „Родот и медиумите“ во организација на Советот за радиодифузија на Република Македонија и притоа истакна: „Заложбите за постигнување на одредени општествени вредности секогаш даваат плод кога се работи за едукација на јавноста и подигнување на свеста за значењето на одредена проблематика. Токму овде доаѓа до израз улогата на медиумите како креатори на јавното мислење. Во таа смисла, мора да се нагласи дека медиумите имаат голема важност во едно демократско општество, затоа што тие, помагаат во креирањето…
повеќе...Директорката на „Охридско Лето“ Елизабета Јанкуловска на средба со хрватските новинари
„Охридско Лето“ и врвните хрватски Фестивали треба да ја продлабочат и онака успешната соработка преку заеднички проекти. Ова беше потенцирано на денешната средба на директорката на „Охридско Лето“, Елизабета Јанкуловска со истакнатите хрватски новинари – уредници од влијателни медиуми, кои престојуваат во Македонија. Тие се запознаа со програмата и настапите на врвните уметници и пројавија желба медиумски да помогнат за остварување на уште поголема соработка во областа на културата преку презентирањето на Фестивалот во Хрватска и доближивање на хрватската култура во Македонија и македонската во Хрватска. На средбата беше истакнато…
повеќе...ЗПММ: Законот за филмска дејност ќе биде уште еден удар врз, и така разнишаните медиуми во државата
Од Здружението на приватните електронски медиуми информираат дека од 1. јануари 2014 година, треба да стапи на сила Законот за филмска дејност, според кој се предвидува околу 1,1% од бруто приходот на телевизиите на годишно ниво да оди за Агенцијата за филм, која треба да се формира на местото на Филмскиот фонд кој функционираше досега. Собранието на Република Македонија го донесе овој Закон на седницата која се одржа на 31. мај оваа година. Директорот на оваа агенција ќе го именува и разрешува Владата на РМ. „Според нас, ова ќе биде уште…
повеќе...Владата го усвои Акцискиот план за финансиска поддршка на домашната музичка продукција
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата на Република Македонија започна со реализација на проектот содржан во Законот за поддршка на домашната музичка продукција, проект кој значи финансирање на домашни музички композиции. Владата на минатата седница го усвои и Акцискиот план за реализација со кој започна реализацијата. Владата утврди дека со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурси секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции, од кои 150 се од областа на забавната и народната музика и 50 се детски композиции.…
повеќе...Јавна расправа за законите за медиуми со учество на европски експерти
Министерството за информатичко општество и администрација ја одржа петтата по ред јавна расправа за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на кој учество зедоа бројни претставници на новинарски здруженија и асоцијации, уредници, управители на медиуми и други медиумски работници. На нивните прашања, забелешки и сугестии одговараа експертите на ОБСЕ, Советот на Европа и на TAIEX мисијата, кои беа присутни на јавната расправа, со цел да ги пренесат своите видувања за текот на процесот на донесувањето на законските решенија. Едногласен беше заклучокот на експертите, според кој…
повеќе...Намалување на казните за радиодифузерите со новата законска регулатива
По одржаните јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија, на 29 и 30 јули 2013 година, и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите, Министерството за информатичко општество и администрација донесе одлука за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење. По одржувањето на јавната расправа за двата закона предвидена за 13 август 2013 година, ќе се донесе одлука за колку ќе…
повеќе...Јавна расправа за Законот за медиуми
Во Собранието на Република Македонија денес се одржа седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на чиј дневен ред беше јавната расправа за Законот за медиуми. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во воведното обраќање образложи дека законот се однесува на сите медиуми и оти од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеќе измени и дополнувања, по предлог на странските и на домашните експерти, здруженија и асоцијации. Тој се задржа на слободата на изразувањето и правата на новинарите, како едни од најзначајните сегменти од нацрт-текстот…
повеќе...ОБСЕ позитивно ги оцени измените во двата закони за медиуми
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес на прес-конференција информираше дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на 19 Јули 2013 година, испрати анализа на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ОБСЕ ја поздрави соработката помеѓу Канцеларијата на претставникот за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ и Министерството за информатичко општество и администрација, при што позитивно ја оцени одлуката за поделба на првичниот нацрт-закон во два закона, како и прифаќањето на голем број забелешки за подобрување на самиот текст. „ОБСЕ позитивно го…
повеќе...