Новите Закони за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа поводот за денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, со претставници на Македонската асоцијација на новинари (МАН). Слаѓана Димишкова, Марјан Николовски и Ивона Талевска во името на МАН ја оценија како голем чекор напред поделбата на два закона и искажаа задоволство што поголемиот дел од забелешките на новинарските асоцијации и здруженија се прифатени во новата верзија на законските решенија. За време на средбата со министерот Ивановски и експертите од работната група која ги изготвуваше…
повеќе...Tag: медиум
Ивановски: Законите за медиуми и за аудиувизуелни и медиумски услуги усогласени со препораките
Медиумите и аудиовизуелните и медиумските услуги ќе бидат регулирани во два посебни законa усогласени со препораките на ОБСЕ, Советот на Европа и ЗНМ. Предлог законите за медиуми и за аудиовизуелни и медиумски услуги се усвоени од Владата и пратени до Собранието на Република Македонија во редовна постапка. „Сите дефиниции за кои што имавме забелешка од ОБСЕ или СЕ се допрецизирани по нивните препораки. Регистрацијата на медиумите се вршни во Централниот Регистар, како било кое друго трговско друштво, а не во новата Агенција за медуми, со ште се задоволува уште една…
повеќе...Министерот Ивановски во Виена на средба со претставникот на ОБСЕ за Законот за медиуми
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во Виена оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, при што разговараа за Нацрт- работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. За време на средбата на која учествуваа и експерти кои се дел од работната група за изготвување на Законот, се дискутираше за повеќе одредби од нацрт-верзијата на законот кои беа предмет на интерес на пошироката медиумска јавност. „Ние настојуваме да ги надминеме различните перцепции за важни членови од законот, кои ќе ја подобрат…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески се сретна со уредниците на медиумите од Охрид
Во насока на подигнување на транспарентноста и отчетноста на Локалната самоуправа кон јавноста, како и потребата од подобрување на комуникацијата помеѓу Локалната самоуправа и МАС медиумите, градоначалникот Никола Бакрачески денеска оствари средба со уредниците на локалните медиуми. „Како Локална самоуправа континуирано ќе работиме на подобрување на протокот на информации и олеснување на пристапот до нив. Пристапот до информациите е гарант за транспарентност, отвореност, ефикасност на општината и секако гарант за добра соработка со Вас медиумите“, – истакна градоначалникот Бакрачески. На средбата беше истакната потребата од преземање мерки и активности за…
повеќе...