Тешко повреден жител од Мешеишта кој со автомобил удрил во ограда

Вчера во 14:30 часот во с.Мешеишта-Охрид, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(53) од с.Мешеишта, удрило во ограда од објектот на селското бифе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за Трауматологија. Увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.

повеќе...

Одржан Централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Мешеишта

Вечерва во Домот на културата во Мешеишта се одржа Централен митинг на Кандидатот за Градоначалник Игор Трајкоски, носителот на советничката листа Моника Мацеска, како и кандидатите за советници во Советот на Општина Дебрца. „Како млад човек и како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на Дебрца сакам да истакнам  дека секогаш ќе се борам и ќе ги застапувам интересите на младите, заедно со нашиот најголем поддржувач кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца, господинот Игор Трајкоски. Реализиравме многу проекти за младите, морам да потенцирам дека заедно со кандидатот за градоначалник ќе ја…

повеќе...

Централен митинг во Мешеишта на кандидатот за градоначалник Трајкоски и кандидатите за советници

Утревечер ќе се одржи Централен митинг на Кандидатот за Градоначалник Игор Трајкоски, носителот на советничката листа Моника Мацеска и кандидатите за советници во советот на Општина Дебрца. Централниот митинг ќе се одржи со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура – Мешеишта. На настанот ќе присуствува и пратеникот Антониjо Милошoски.

повеќе...

Промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Дебрца Зоран Ногачески во Мешеишта

Вечерва во преполната сала од Домот на културата во Мешеишта, своја промоција имаше кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата „За Живот во Македонија”, Зоран Ногачески односно кандидатите за Совет во општината. Пред присутните прв свое обраќање имаше поранешниот пратеник во Собранието на Р.Македонија, Митре Велјаноски во својот инспиративен говор нагласи дека сега е клучната битка повторно да се врати животот во општина Дебрца. „Новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, успеа во 100 дена, да направи многу повеќе одошто ВМРО-ДПМНЕ, изминативе 11 години. Се решија клучните работи. Се…

повеќе...

Празникот Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква…

повеќе...

Ќе се врши приклучување на објектите кон канализационата мрежа во Мешеишта и Горенци

Се известуваат сите физички лица и правни субјекти од селата Мешеишта и Горенци, кои се сопственици на објекти, дека ќе се започни со приклучување на нивните индивидуални канализациони мрежи кон уличнита фекална канализација во селата. Сите жители кои имаат потреба од приклучок потребно е да поднесат барање за приклучок кон канализациона мрежа до Јавното комунално претпријатие „ДЕБРЦА” – с. Белчишта, како давател на комуналната услуга.

повеќе...

За прв пат одржана манифестацијата „Ноќ на виното” во Мешеишта

На спортскиот полигон во селото Мешеишта синоќа за првпат се одржа манифестацијата „Ноќ на виното“, организарана од страна на Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта. Целта на оваа манифестација е негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се произведува на поднебјето на Мешеишта и регионот. Посетителите имаа можност да вршат дегустација на вина од две познати македонски винарии, Винарија Охрид и Винарија Далвина. Покрај нив можеше да се врши дегустација на 22 домашни вина од приватни производители, од кои се…

повеќе...

За прв пат „Ноќ на виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и групата Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое…

повеќе...

Прво издание на манифестацијата „Ноќ на Виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се…

повеќе...

Илинден одбележан во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиновски. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир.…

повеќе...