Бакрачески: Координирано и максимално учество на надлежните во потрага по исчезнатите лица од Охрид и Дебрца

На иницијатива на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска во зградата на општина Охрид се одржа координативен состанок со сите надлежни служби и субјекти со цел побрзо наоѓање на двете исчезнати лица Климе Фармакоски од Охрид и Ристе Алексиески од Дебарца. На средбата со која заседаваше градоначалникот Бакрачески присуствуваа градоначалникот на Дебарца , Игор Трајкоски, претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, директори на охридските јавни претпријатија , претставници од Територијалната противпожарна единица, од Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, членови од Црвен Крст- Охрид, од Центарот за…

повеќе...

Утре ќе се организира акција за пронаоѓање на исчезнатиот Ристе Алексиески

Жителите од село Мешеишта утре ќе организираат голема акција за пронаоѓање на исчезнатиот 48-годишен Ристе Алексиески. Акцијата ќе започне во 7:30 часот пред неговата куќа. Организатoрите на акцијата апелираат до сите граѓани кои сакаат и можат да помогнат да се приклучат во акцијата за пронаоѓање на исчезнатото лице. Сите заинтересирани за учество во акцијата може да се обратат на телефон 077/738-692. До сега во акцијата за пронаоѓање на Алексиески, покрај полициските служби вклучени беа и членовите на Единицата за интервеции и спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид. Според информациите од…

повеќе...

Финализира изградбата на регионалниот колектор во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски направи увид на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км изведен од полиетиленски цевки со пречникод ф-400мм и ф-300мм, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани…

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид -Кичево

Вчера во 15.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која Е.У. (54) од с.Зајас, кичевско, управувајќи ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

повеќе...

Потпретседателот на СДСМ помеѓу жителите на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен министер за имформатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше помеѓу жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебарца. На средбите се разговараше за секојдневните проблеми на граѓаните и решенијата што ги нуди Програмата на СДСМ. „Оваа власт не заборави нас. Одвај преживуваме, а нашите млади, синови, ќерки, внуци, ги пакуваат куферите и си одат“, се пожалија жителите. „Имаме тим, имаме решенија за младите да ги задржиме дома во своите огништа, да им обезбедиме достоинствени работни места. СДСМ ќе субвенционира млади претприемачи преку проектот…

повеќе...

Утре во Мешеишта трибина на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца

Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, утре  (петок) со почеток во 17 часот до Домот на култура во Мешеишта, ќе се одржи трибина на која ќе присуствува тим од министри во Владата на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На трибината, низ непосреден контакт и разговор со жителите на општина Дебрца, владините министри ќе ги слушнат мислењата, идеите и барањата на жителите за развој на општината кои ќе бидат имплементирани во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните Парламентарни избори, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

повеќе...

Премиерот Груевски во посета на општина Дебрца

Денес Премиерот Никола Груевски заедно со Државниот секретар Божидар Петроски, Пратениците Лилјана Затуроска и Момчило Аврамоски и Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски свечено го пуштија во употреба реконструираниот водовод во село Ботун и реконструираното училиште во село Требеништа и исто така беа дел од поставувањето на камен- темелник на колекторскиот ситем во село Мешеишта . „Денес, јас можам да кажам дека сум горд што успеавме да стигниме до реализација на овој капитален проект за колекторскиот ситем кој е многу значаен за овие села од општина Дебрца каде што за…

повеќе...

Премиерот Груевски утре во работна посета на општина Дебрца

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски утре доаѓа во работна посета на општина Дебрца. Според најавите, Груевски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, потоа ќе присуствува и на поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Премиерот Груевски исто така ќе присуствува и на свеченот пушттање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала во селото Требеништа.

повеќе...

„Мистер И“ победник на Турнирот „Петровден“ 2015 во Мешеишта

Синоќа се одигра финалниот натпревар на Турнирот во мал фудбал „Петровден“ 2015 во Мешеишта. Победник на овогодишното 41-во издание на турнирот е екипата Мистер И. Во возбудловото финале, откако натпреварот заврши 1:1, екипата на Мистер И забележа победа против Инсомнија 5:3 по изведувањето на пенали. Претходно се играше и натпреварот за третото место, каде Кадмо Бар со 4:0 ја победи Сатеска. WebOhrid

повеќе...

Вечерва ќе се игра финалето на Турнирот „Петровден“ 2015 во Мешеишта

Синоќа се одиграа полуфиналните натпревари од Турнирот во мал фудбал „Петровден“ 2015 во Мешеишта. Постигнати беа следните резултати: Кадмо Бар 0:7 Мистер И Сатеска 0:0 (4:5) Инсомнија Вечерва, во финалето ќе играат Мистер И против Инсомнија, додека пак борбата за третото место ќе биде помеѓу Кадмо Бар и Сатеска. (трето место) 21:00 Кадмо Бар – Сатеска (финале) 22:00 Мистер И – Инсомнија WebOhrid

повеќе...