Листа на кандидати за кои се доставени документи до МОН за сместување во Студентски домови

Листа на кандидати за кои се доставени документи до МОН за сместување во Студентскиот дом „Никола Карев“, Студентскиот дом „Орде Чопела“ и Студентскиот дом „Кочо Рацин“ заклучно со 29.09.2016 година Листа на студенти примени во Студентски дом „Никола Карев“ – Охрид за академската 2016/2017 Листа на студенти примени во Студентски дом „Орде Чопела“ – Прилеп за академската 2016/2017 Листа на студенти примени во Студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола за академската 2016/2017

повеќе...

На скопско Кале откриени над 13.400 археолошки предмети

Сите предмети се конзервирани и веќе се поделени во три збирки кои ќе бидат изложени во трите музеи на Кале. Музејот на праисторијата и музејот на отоманскиот период кои се целосно завршени, и музејот на средновековниот период, кој е во фаза на изградба … Процесот на археолошки истражувања на Скопската тврдина Кале е целосно завршен и притоа се откриени над 13.400 предмети од различни периоди, од кои 4.527 монети, изјави Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Министерката Канческа Милевска денеска го посети археолошкиот локалитет на Кале и изврши увид во…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Обезбедувањето на достоинствена старост е наша заедничка грижа

По повод 1 октомври-Меѓународниот ден на стари лица, министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети одделот „Мајка Тереза” при ЈЗУ Геронтолошки завод ,,13 Ноември”, Скопје притоа упатувајќи повик до сите. „По повод Меѓународниот ден на стари лица 1 Октомври, кој оваа година се одбележува во целиот свет под мотот на ОН „Заземи став спрема предрасудите поврзани со стареењето и старите лица“, денеска сме во посета на нашите сограѓани, комшии, баби и дедовци во Домот за стари лица Мајка Тереза. Оттука сакаме да ја испратиме пораката кон…

повеќе...

Соопштение од МОН

Врз основа на член 24 – б од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) Министерството за образование и наука објавува: Ј А В Е Н П О В И К за доделување на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на…

повеќе...

Од 5-ти октомври двојно ќе се намали чекањето за уролог

Од 5 октомври ќе се скрати постапката за преглед кај уролог. По посетата на матичен лекар пациентите најпрвин ќе треба да направат простата специфичен антиген тест (ПСА) и ултразвук, а потоа со резултатите од направените анализи матичниот лекар ќе ги упати кај уролог. Наместо двапати како што беше досега, пациентот кај урологот ќе доаѓаат еднаш. Од Министерството за здравство велат дека со воведувањето на системот „Мој термин“ лесно можат да се воочат недостатоците во здравствениот систем и да се интервенира со сет на нови мерки. Од таму е препознаен и…

повеќе...

Спасовски: Смените во МВР се согласно законот и договорот на четирите партии

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР. „Го искористив моето право за промена на дел од раководните позиции. Тоа го направив за МВР до изборите да функционира нормално и да се обезбедат услови за фер и демократски избори“- рече министерот Спасовски на денешната прес конференција.

повеќе...

Смена на дел од раководните позиции во МВР

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР. Во продолжение од МВР ги објавија сите разрешувања и именувања: „Небојша Стајковиќ се разрешува од работно место помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии и се именува за дополнителен заменик на помошникот на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии. Горан Трајановски се именува за помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии. Зоран Глигоров се…

повеќе...

Интeрактивниот портал за тутори на МОН од денеска во функција

Интeрактивниот портал за тутори www.tutori.mon.gov.mk на Министерството за образование и наука преку кој ќе им се помага на учениците да добиваат бесплатни дополнителни часови од страна на студентите од денеска е во функција. Овој портал ќе ги поврзе родителите на учениците на кои им се потребни дополнителни бесплатни часови и студентите-тутори. Сите заинтересирани студенти од први до 30 октомври ќе можат да се пријавуваат за тутори. Заменик министерот за образование и наука денеска истакна дека бесплатни дополнителни часови по одредени предмети ќе можат да добиваат учениците од шесто до деветто…

повеќе...

Дигитализација на режисерскиот опус на доајенот на македонската кинематографија Бранко Гапо

Во рамките на долгогодишниот проект во Програмата на Владата на РМ и на Министерството за култура, „Дигитализација на аудиовизуелното наследство“, во 2016 година се пристапи кон дигитализација на режисерскиот опус на доајенот на македонската кинематографија Бранко Гапо … Дигитализацијата и дигиталната реставрација на играните филмови „Денови на искушение“, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време, води“ и „Македонска сага“ се одвиваат во Загреб, Хрватска, а стручни соработници на Кинотеката на Македонија веќе отпатуваа во Загреб за да ги допрецизираат процесот и динамиката на работа со лабораторијата АЦДЦ (Центар за аналогна…

повеќе...

Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година. Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за преземање. Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на…

повеќе...