Светиот свештеномаченик Харалампиј

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Харалампиј. Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за нов,…

повеќе...

Преподобен Николај Исповедник

Овој Светител беше од островот Крит. Дојде во Цариград за да го посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, но остана и се замонаши. Како монах Николај ги мина сите подвизи за спасението на душата. Во времето на гонењето на Црквата од страна на Лав Ерменин, Теодор и Николај беа свирепо мачени, биени со воловски жили и најпосле ги фрлија во затвор, каде останаа три години. По смртта на Св. Теодор Николај стана игумен на Студитскиот манастир. Уште за време на животот правеше чуда со силата на Божествената благодат.…

повеќе...

Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана

Денес е празник посветен на Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана. Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на…

повеќе...

Светиот маченик Трифун

Денес е празник посветен на Светиот маченик Трифун. Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен…

повеќе...

Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци

Денес е празник посветен на Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци. Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир…

повеќе...

Тројцата Свети архиереи

На 12 февруари се празнува празникот на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор, но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград. Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари: Василиј Велики на 1 јануари, Григорије Богослов на 25 јануари и Јован Златоуст на 27 јануари (сите според стариот календар по кој тогаш се сметало времето). Oвој заеднички празник…

повеќе...

Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Денес е празник посветен на Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски. Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред да се крсти учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и со Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка Нона. Кога го заврши школувањето го прими Светото Крштение. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави…

повеќе...

Верниците го одбележаа празникот Св.Атанасиј Велики во Рамне

Православните верници денес го слават празникот посветен на Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. По тој повод во селото Рамне, во манастирот на овој светец, се служеше света литургија, на која присуствуваа многу верници, кои палеа свеќи, се молеа за здравје и среќа. На присутните, им се служеше ручек организиран од манастирот, а прославата беше збогатена со музика. За многу години! Ангелче Андриоски

повеќе...

Преподобен Антониј Велики

Денес е празник посветен на Преподобен Антониј Велики. Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде…

повеќе...

Светиот цар Теодосиј Велики

Денес е празник посветен на Светиот цар Теодосиј Велики. Овој славен и во верата ревносен цар владееше од 379 до 395 година. Константин Велики го забрани гонењето на христијаните, а Теодосиј отиде уште еден чекор понатаму: го забрани идолското жртвопринесување во својата држава. Многу помагаше на утврдувањето и распространувањето на христијанската вера низ светот.

повеќе...