Чесни вериги на Светиот апостол Петар

Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати…

повеќе...

Света литургија во Рамне за празникот Свети Атанасиј Велики

На 31-ви јануари (недела), во црквата „Св.Атанасиј Велики“, Рамне – Охрид ќе се служи света литургија, по повод празникот Св. Атанасиј Велики (зимен), со почеток во 8 :45 часот. Од Црковниот одбор „Св.Илија“, Рамне ги покануваат сите верници и добронамерници на заедничко прославување на овој празник. WebOhrid

повеќе...

Свети Сава, архиепископ Српски

Припадниците на српската заедница во Република Македонија денес го одбележуваат празникот Свети Сава, архиепископ Српски. Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко…

повеќе...

Света Нина, просветителка на Грузија

Света Нина, просветителка на Грузија Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа…

повеќе...

Светите маченици Ермил и Стратоник

Светите маченици Ермил и Стратоник Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Св. Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповеда својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин,…

повеќе...

Светата маченичка Татијана

Денес е празник посветен на Светата маченичка Татијана. Светата маченичка Татијана била Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуи на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им…

повеќе...

Преподобна Теодора Александриска

Преподобна Теодора Александриска Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот…

повеќе...

Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил – Недела по Богојавление

Денес е празник посветен на Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил – Недела по Богојавление. Преподобен Теодосиј Велики Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се…

повеќе...

Свети Григориј, епископ Ниски

Денес е празник посветен на Свети Григориј, епископ Ниски. Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено наострено против него како кон страшен противник, па во…

повеќе...

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа с ѐ двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 – 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што…

повеќе...