Денес православните христијани го слават празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски. Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан…
повеќе...Tag: мпц
Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски
Денес е празник посветен на Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски. Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари.…
повеќе...Божик за најмладите
Родениот ден на Спасителот и Заштитникот на најмладите, го прославија и му се израдуваа и дечињата од Дебарско-кичевската Епархија, кои беа топло пречекани од Дедо Владика. Имено, на 7ми јануари во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј приреди прием за свештенството од нашата Епархија, а најмногу се израдуваа дечињата, кои со радост му го честитаа Божик на Митрополитот Тимотеј, а Дедо Владика им подари пакетчиња, возвраќајќи им на радосниот поздрав: Христос се роди!
повеќе...Денес е Рождество Христово – Божик
Божик е најрадосен христијански празник. Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божик е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари. Во повеќето земји во…
повеќе...Свети Наум Охридски
Главниот празник на Свети Наум Охридски се одбележува на 23 декември – по стар календар или 5 јануари по нов календар, а на 20 јуни по стар или 3 јули по нов календар е летниот празник или Собор на светителот. Свети Наум Охридски Чудотворец, бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век. Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа и учител од…
повеќе...Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа
Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа. Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и…
повеќе...Светата маченичка Теодотија со трите деца
Светата маченичка Теодотија со трите деца Кога остана млада вдовица со три деца Теодотија целосно се предаде на служба на Бога. Децата ги воспита благочестиво. Кај неа живееше Света Анастасија кога беше во Македонија и заедно со неа ги обиколуваше Христовите заробеници по затворите. Кога ја изведоа на суд Света Теодотија неустрашливо Го исповедаше Господ Исус Христос. Тогаш ја испратија кај антипатот витиниски Никитиј. Еден бесрамен незнабожец сакаше да ѝ го допре телото, но одеднаш здогледа пред неа ангел Божји, којшто го удри и не му дозволи. Света Теодотија беше…
повеќе...Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18,…
повеќе...Светиот маченик Севастијан и другите со него
Светиот маченик Севастијан и другите со него Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во…
повеќе...Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил
Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи…
повеќе...