Светата царица Теофанија

Светата царица Теофанија Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и Ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Елевтериј

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Елевтериј. Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ.…

повеќе...

Светите маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други

Светите маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други Во времето на Диоклецијан некој судија Аријан луто ги мачеше христијаните во Мисир. Па го фати Аполониј и му се закани со маки. Овој се исплаши од маките, па потплати еден музикант, Филимон, да оди преправен во неговата облека и наместо него да им принесе жртва на идолите. Но кога Филимон стапи пред идолите, одеднаш во неговото срце заблеска светлината на христијанската вера и тој се прекрсти. Потоа излезе и почна да вика: „Христијанин сум! Слуга на живиот Бог!“ Кога го слушна ова…

повеќе...

Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник

Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и изобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. После мачењето Левкиј одеше да прими меч весело како на свадба.…

повеќе...

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Денес е празник посветен на Светиот Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски. Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока…

повеќе...

Преподобен Данило Столпник и Преподобен Лука Столпник

Преподобен Данило Столпник Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија од христијански родители, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети Св. Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данило го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата…

повеќе...

Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански) и Преподобен Григориј Молчалник

Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански) Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излејаа мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан. Кога…

повеќе...

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски

Денес е празник посветен на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски. Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им…

повеќе...

Свети Сава Осветен и Преподобен Нектариј Битолски

Денеска е Свети Сава Осветен и Преподобен Нектариј Битолски. Свети Сава Осветен Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе…

повеќе...

Преподобен Атанасиј, затворник печерски

Преподобен Атанасиј, затворник печерски Овој свет човек умре после долг подвиг, браќата го измија, го преоблекоа и го подготвија за погреб. Два дена лежеше така мртов и одеднаш оживе. Кога дојдоа да го погребаат го најдоа како седи и плаче. Потоа се затвори во келија и уште дванаесет години поживеа единствено со леб и вода, со никого не прозборе ни збор. Се упокои во Господ во 1176 година.

повеќе...