Светиот пророк Наум Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се…
повеќе...Tag: мпц
Светиот апостол Андреј Првоповиканиот
Светиот апостол Андреј Првоповиканиот Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски,…
повеќе...Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици
Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на…
повеќе...Светиот маченик Јаков Персијанец
Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да…
повеќе...Света архиерејска литургија за празникот „Свети великомаченик Георгиј“
Утре, во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети великомаченик Георгиј“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон
Денес е празник посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска…
повеќе...Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј
Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Екатерина и Светиот великомаченик Меркуриј. Светата великомаченичка Екатерина Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ѝ живееше со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и…
повеќе...Свети Амфилохиј Икониски
Свети Амфилохиј Икониски Сонародник и пријател на Св. Василиј Велики и на другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во една пештера, каде што како отшелник проживеа во подвиг четириесет години. Тогаш се случи и се испразни епископската столица во Иконија и Амфилохиј на чудесен начин беше избран и посветен за епископ Икониски. Беше прекрасен пастир и голем бранител на чистата православна вера. Учествуваше на II Вселенски Собор во 381 година. Ревносно се бореше против злочестивиот Македониј и против аријанците и Евномиј. Лично…
повеќе...Денес е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Денес се слави празникот посветен на Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста. Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи…
повеќе...Во недела ќе се преосветува црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти
Црковниот одбор при Велгошката парохија, ги информира православните верници дека во недела (6-ти декември) ќе биде преосветена парохиската црква „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти, Охрид. Како што информираат, утрена богослужба ќе се служи со почеток во 7:30 часот, додека пак преосветувањето ќе се изврши со почеток во 8:30 часот, на кое ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод од Црковниот одбор ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на овој свечен чин. WebOhrid
повеќе...