Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, се известуваат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување. Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите ќе се наплатуваат од страна на МЈП „Проаква“. Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).
повеќе...Tag: мраз
Македонија од среда со минусни температури
Значително заладување најавуваат метеоролозите за наредната недела. Студениот бран кој ќе ја зафати Македонија од среда, веќе во петок ќе донесе негативни утрински температури, кои ќе се движат меѓу -2 и 0 степени, а во сабота, можни се слаби провејувања на снег во утринските часови. Темературите од среда нема да го надминат 10тиот степен а зголемената облачност ќе резултира со врнежи кои во четврток ќе бидат поинтензивни. Најниска температура не очекува во четврток и петок. Утринските ќе се движат од -2 до 1 степен, а дневните од 7 до 10…
повеќе...Градоначалник Бакрачески: Лизгалиштето е еден од најуспешните и најприфатените проекти
Градоначалникот Никола Бакрачески, на прашањето од советничката Верица Хајба во врска со лизгалиштето, истакна дека лизгалиштето е еден од најуспешните и најприфатените проекти од страна на охриѓани и од страна на туристите. За разлика од други општини каде само за негово поставување се плаќало од 33 000 до 66 000 евра, во зависност од периодот на користење во сезона, Општина Охрид нема обврски од ниту еден единствен денар за негово поставување. Работните зафати за поставување на кабелот и кабелот се донација на ЕВН – Македонија, а потрошената електрична енергија од…
повеќе...