Етнолошкиот музеј (сопственост на Јоне Ефтимовски) се наоѓа во преспанското село Подмочани и во него е сместена една од најбогатите етнолошки колекции во Македонија. Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички детали: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и преку 160 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија.
повеќе...Tag: музеј
Балканска музејска конференција „Запознај, види, направи“ во Албанија
Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот. Четвртата годишна конференција „Запознај, види, направи“ се одржa од 13-15 април 2016 година во Скадар, Албанија. Конференцијата е организирана од Балканската мрежа на музеи, мрежа на повеќе од 40 музејски институции од Балканот и Фондацијата Културно наследство без граници. Овогодишната „Запознај, види, направи” ja пoддржa од Фондацијата Ниархос Ставрос (ФНС), а се организира во партнерство со Историскиот музеј на Скадар,…
повеќе...Работен семинар за обука: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото
Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска официјално започна работниот семинар за обука на тема: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото (Париз, 2003) на национално ниво. Обуката која се одржува од 11 до 15 април, е во организација на Националниот комитет на ИСТМ (Интернационален совет за традиционална музика) на Македонија, во партнерство со Националната Комисија за УНЕСКО за Република Македонија и Регионалниот центар за заштита на нематеријалното културно налседство во југоисточна Европа со центар во Софија (Бугарија), а под покровителство на…
повеќе...Посета на етнолошкиот музеј на колекционерот Јоне Ефтимовски
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски го посетија приватниот етнолошки музеј на колекционерот Јоне Ефтимовски, кој се наоѓа во преспанското село Подмочани. Во музејот е сместена ретка и импозантна колекција на над 2000 уметнички предмети: прекрасни примероци на накит, оружје, стари монети и над 160 различни македонски национални носии од разни региони на Македонија.
повеќе...Отворена библиотека во Археолошкиот музеј на Македонија
Нова библиотека која го носи името на познатиот македонски археолог и проучувач на средновековната археологија во Македонија Кирил Трајковски, денеска беше отворена во Археолошкиот музеј на Македонија. Библиотеката содржи 3.500 печатени книги и 30 илјади книги и публикации во дигитална форма, на македонски, англиски, бугарски, германски, француски, српски и хрватски јазик. Донатор на библиотеката е британската фондација „Кирил Трајковски“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска информира дека библиотеката ќе овозможи научната, стручната и целокупната македонска јавност да ги прошири и да ги надгради своите сознанија за наследството на нашите простори, но…
повеќе...Одбележување на Меѓународниот ден на жената 8 март во Музејот на македонската борба
Во Музејот на македонската борба, со специјална програма под наслов Жената борец за слобода и македонска државност, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената 8 март … Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, музејот им оддава почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија- Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова. Во рамките на програмата предвиден е настап на хорот и драмската секција на ООУ Вера Циривири Трена од Скопје, музичките гости ансамблот…
повеќе...Нов покрив и музејска поставка за 40-от роденден на Кинотеката на Македонија
Следната недела институцијата ќе објави тендер за избор на фирма која ќе ја врши реконструкцијата на покривот. По завршување на покривот, ќе се пристапи кон проектот што го започнавме претходата година – реновирање и реконципирање на музејската поставка на влезната партија во Кинотеката. Со неколку проекти, Кинотеката на Македонија годинава ќе одбележи 40 години постоење, кои ќе ги промовира на два значајни датуми - на својот роденден во април и на 27 октомври кога се одбележува Светскиот ден за заштита на аудиовизуелното наследство. Нив денеска ги најави министерката за култура…
повеќе...Моден перформанс во Археолошкиот музеј
Во Археолошкиот музеј во Скопје синоќа се одржа модна ревија насловена „Современата мода инспирирана од модните трендови на 50-тите, 60-тите и 70-тите години на XX век“ на која, меѓу многубројните гости, присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, првата дама г-ѓа Маја Иванова и други еминентни гости од политичкиот и од културниот живот. Настанот, кој беше во организација на Археолошкиот музеј и на Музејот од Куманово, претставува продолжение на минатогодишниот проект насловен „Модните трендови и културата на живеење од ала франга до современата мода“, кој беше резултат на теренски истражувања…
повеќе...Осовременување на поставките и уредување на депоата во Природонаучниот музеј
Во Природонаучниот музеј ќе бидат реконципирани и осовременети тематските и постојаните музејски поставки и ќе бидат уредени депоата, соопшти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по работната посета на најстариот музеј во Македонија. „Ова се два клучни проекта кои ќе завршат до крајот на 2017 година. Избрана е фирма која ќе ги изведува проектите и веќе од недела ќе почне интензивно со работа. Ќе се уреди салата каде што се одржуваат тематските изложби и салата за предавања и семинари. Ќе се уреди и влезната партија на институцијата, а ќе има…
повеќе...Уредување на депоата и историскиот оддел во Музејот на Македонија
Во Музејот на Македонија се уредуваат депоата во кои се чуваат артефактите што ги поседува оваа национална институција, а се уредува и постојаната поставка на Историскиот оддел на музејот каде што ќе бидат изложени 10.000 предмети. „Целосно е завршен проектот на внатрешно уредување на депоата со услови кои ќе бидат важни за предметите кои се наоѓаат таму. Се планира следната година да се реализира проект за климатско-термички услови во депоата со цел по највисоки стандарди да заврши втората фаза од уредувањето на депоата“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која…
повеќе...