Во чест на одбележувањето на првата годишнина од отворањето на Археолошкиот музеј на Македонија, синоќа во рамките на манифестацијата „Недела на археологијата“ беше отворена изложбата „10 столбови на Археолошкиот музеј“ која претставува пресек на десетте најзначајни истражувачки проекти на музејот реализирани во текот на овие 90 години од постоењето на установата. Заменик-министерот за култура Драган Неделковиќ на отворањето на изложбата посочи дека во повеќедецениската научно-истражувачка дејност оваа институција која честопати ја менувала локација, минатата година со поддршката на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, го доби својот нов…
повеќе...Tag: музеј
Одбележување на првата годишнина од новиот објект на Археолошкиот музеј
Археолошкиот музеј на Македонија е институција во која се изложени над осум илјади експонати, бројка која континуирано се зголемува како резултат на бројните археолошки истражувања кои во изминатиот период со значителен фонд на средства беа поддржани од Владата и од Министерството за култура. Сите овие вредни артефакти беа причина новиот Музеј за една година да го посетат повеќе од 35 илјади посетители – над 10 илјади странски туристи, над 15 илјади домашни посетители и околу 10 илјади ученици од основните и средните училишта. Ова денеска го истакна министерката за култура…
повеќе...Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го посетија Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје
Викендов, Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид, организираше посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, музеј на ВМРО и музеј на жртвите од комунистичкиот режим. Училишната екскурзија имаше за цел усвојување и проширување на знаењата на учениците, развивање позитивен однос кон националните, уметничките, научните и културните вредности во Република Македонија, развивање чувство за патриотизам, толеранција и соживот, како и поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и подршка, солидарност и подобро взаемно запознавање.
повеќе...Конзервирана ранохристијанска базилика на локалитетот „Манчевци“
Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го промовираше локалитетот „Манчевци“ во Охрид, каде е извршена конзервација на ранохристијанска базилика од периодот меѓу 4 и 6тиот век. ж „Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот“, истакна Канческа – Милевска. Локалитетот „Манчевци“…
повеќе...Презентиран проект за нова музејска поставка во Кинотека на Македонија
Нова постојана музејска поставка на површина од 800 м2 во која ќе биде претставена севкупната слика на развојот на македонската кинематографија ќе биде создадена во Кинотеката на Република Македонија во рамки на проект, кој ќе овозможи соодветна заштита и промоција на вредни експонати кои имаат историска вредност за македонската кинематографија и култура. Проектот е дел од Акцискиот план на Владата за НУ „Вардар филм Македонија“. Музејската поставка ќе биде завршена идната година и ќе биде промовирана во рамки на чествувањето на јубилејот 40 години постоење на Кинотеката на Македонија. Министерката…
повеќе...Обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии
Во согласност со една од приоритетните програмски активности на Министерството за култура за континуирано зајакнување на знаењата и вештините на музејските работници во Македонија, Британскиот совет во соработка со Министерството за култура на Република Македонија организира обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии, со цел привлекување на публика. Обуката, која утре и задутре (23 и 24 март) ќе се одржува во „Порта Македонија“, е во функција на поддршката на проектите на Министерството за култура, кои се однесуваат на воспоставување постојани поставки и осовременување…
повеќе...Ученици од ЦОУ „Дебрца“ ги посетија Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј на Македонија
Во рамките на училишниот проект „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“ кој започна да се реализира на почетокот на учебната година, ученици од ЦОУ „Дебрца“, заедно со наставниците на овој проект, деновиве го посетија Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј на Македонија, во Скопје. „Учениците при посетата имаа можност да се запознаат со богатата историја на македонскиот народ. Тие ја погледнаа копијата на Саркофагот на Александар Македонски, римската кочија, стаклената чаша дијатрета, штитот од село Бонче и да ги погледнат восочни фигури, уметнички слики, вредни оргинални мозаици, реконструкција на објекти од…
повеќе...Отворен првиот центар за музејска едукација
Во Музејот на Македонија денеска беше отворен Центар за музејска едукација, прв од ваков вид во нашата земја кој ќе биде исклучително значаен извор за наобразба на младата популација. На свеченото отворање, присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека Центарот претставува важен сегмент во развојот и едукацијата на најмладите. „Отворањето на овој Центар кое е предвидено како активност во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година ќе придонесе младите да се запознаат со непроценливите вредности на нашето културно богатство, ќе влијае врз издигнувањето на нивната…
повеќе...Нова музејска поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940–1949″
Амбиентот на новата музејска поставка е збогатен со употреба на ликовно решение насловено како „Патека на децата бегалци“ кое овозможува секој посетител да стане дел од нивното минато и барем за миг, да се соочи со голготата низ која поминале илјадници семејства кои изоделе пеш 100 километри од тогашната грчко-југословенска граница до Преспа … Во Музејот на Македонија денеска беше промовирана новата музејска поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949″. На 400 квадратни метри претставена е една нова потресна аудио-возуелна нарација на…
повеќе...Археолошкиот музеј на Македонија отворен за посетители од 10 до 20 часот
Музејот има оддели за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, оддел за нумизматика (со над 3000 монети), лапидариум, антрополошка поставка… Покрај богатата археолошка поставка, опремен е и со стаклени витрини, 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, видеоанимации, амбиентални ситуации, мозаици и реконструкции. Сето тоа е претставено со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика … Највредните примероци на македонското културно наследство се претставени во репрезентативниот објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој свечено беше отворен во саботата. Веќе наредниот ден, во неделата до 14 часот, во музејот…
повеќе...