Дел од учениците на ОУ„Дебрца“ с.Белчишта во наредниот период кој следува се вклучени во интерниот проектот кој спроведува училиштето „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“. Проектот има за цел да иницира изучување на социјалната и духовната култура на Македонија во школскиот систем,преку интересни методи на школска имплементација,во која музеите и училиштата би требало да работат заедно. Цел на проектот е да го подигне нивото на ученичко знаење за одредени аспекти на народната култура, во духовната, материјалната и социјалната сфера, да предизвика интерес кај учениците за оваа област, да ја…
повеќе...Tag: музеј
Отворен новиот Археолошки музеј на Македонија
По повеќе од 30 години, Република Македонија со новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори … Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред присутните, меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, министри, пратеници, претставници на акдемската заедница и други гости истакна дека археологијата во Македонија долго време била запоставена, се до 2006 година кога ваквите процеси беа видно изменети како резултат на сериозните вложувања на Владата во капитални истражувања.…
повеќе...Промоција на новиот објект на Археолошкиот музеј на Македонија
По повеќе од 30 години, Република Македонија ќе добие најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори. Во новиот репрезентативен објект на Археолошкиот музеј на Македонија, чија промоција е закажана за денес, 18-ти октомври, со почеток во 19 часот, ќе бидат изложени највредните примероци на нашето културно наследство, а на еден автентичен начин, со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика ќе биде раскажана милениумската историја и култура на територијата на Република…
повеќе...Проект за постојани поставки во 16 национални музеи низ Македонија
Во 16 национални музеи во Македонија од оваа година ќе почне поставувањето постојани поставки во рамки на проектот на Министерството за култура за периодот 2014-2017 година. Целта е да се претстави богатото културно наследство што го поседува државата како и артефакти поврзани со настани и личности од крајот на кој припаѓа музејот. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција рече дека со проектот се опфатени заводите за заштита на спомениците и музеите. „Музејските поставки ќе ги содржат највредните артефакти кои се карактеристични за градот или регионот и ќе бидат извонредна…
повеќе...Римскиот театар во Скупи ќе биде обновен до 2017 година
Римскиот театар на локалитетот Скупи, кој потекнува од 2 век од наша ера, целосно ќе се реконструира до 2017 година. Ќе бидат обновени сценската зграда и околу 10.000 седишта во гледалиштето, со што локалитетот ќе биде оспособен за културни манифестации. На терен интензивно се работи под директна надлежност на Музејот на град Скопје и, според планот, оваа година треба целосно да се истражат амфитеатарот и сценската зграда, кои потоа ќе се реставрираат. Во ископувањата се откриени гробови и значајни наоди. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце…
повеќе...Министерката за култура во посета на Албанскиот театар
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, денеска го посетија Албанскиот театар во Скопје каде што е во тек реконструкцијата на објектот, која се очекува да биде завршена во септември следната година. Канческа-Милевска изрази задоволство од динамиката со која се реализира реконструкцијата на објектот и информираше дека наесен, во октомври или ноември, оваа институција ќе добие нова фасада, покривна конструкција и нови прозорци, по што ќе продолжи уредувањето на внатрешноста на објектот. „Се работи за корисна површина од над 4.300 квадратни метри.…
повеќе...Музејот на вода добитник на сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“
Од Министерството за култура, информираат дека капиталната инвестиција на Владата на РМ и на Министерството за култура, Музејот на вода во Градиште, е добитник на највисокиот сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“ (Tripadvisor), еден од најголемите и најпосетувани туристички веб-портали, воедено и организација која ги обединува најпознатите светски туристички брендови. „Трипадвајзор“ (Tripadvisor) е најголемата туристичка заедница во светот, а доказ за нејзината успешност се повеќе од 32 милиона активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели,…
повеќе...Продолжуваат активностите на „Долни Сарај“
Екипи на општинските Јавни претпријатија во соработка со „Завод и музеј“ – Охрид и денеска работат на уредување на просторот пред летната сцена „Долни сарај“. Ѕидот на влезот од сцената е срушен и се работни на негово расчистување. По санација на проблемите кои постоеја со старата инсталација, ЈП „Нискоградба“ започна со подготовка на теренот за поплочување со бехатон плочки. Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ започна со расчистување на сметот и со подготовка на просторот за хортикултурно уредување. Градежните активности забрзано продолжуваат и во наредните денови со цел сцената да биде…
повеќе...Груевски: Новата музејска поставка ќе ја зголеми посетеноста на Музејот на македонската борба
Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска беше промовирана нова поставка, која се протега на површина од 300 метри квадратни и истата може да се спореди со поставките на Музејот Мадам Тисо во Лндон и Амстердам, Музејот на теророт во Будимпешта, Канадскиот воен музеј и Музејот на татковинската војна во Киев. Новата музејска поставка има специфично светло, специјално компонирана музика-звуци, а ангажирани се и актери, кои облечени во соодветни костими прикажуваат сегменти од нашата историја. Премиерот Никола Груевски истакна дека оваа поставка го прикажува ужасот низ кој…
повеќе...Нова музејска поставка за прогонетите од егејскиот дел на Македонија
Преку експонатите, меѓу кои има и фотографии, документи, карти, оружје, лични предмети, одликувања и слично, презентиран е националниот и културниот идентитет на егејскиот дел на Македонија … Во Националната установа Музеј на Македонија во завршна фаза е проектот за адаптација на изложбениот простор за новата музејска поставка која се однесува на прогонетите од егејскиот дел на Македонија. Завршени се градежните работи, а остануваат уште активностите околу ентериерот, опремата и музејските материјали што ќе ја сочинуваат содржината на постојаната поставка по што овој значаен проект, кој е поддржан во Годишната програма…
повеќе...