Во три сефа во куќа во Охрид пронајдени вредни артефакти

Вчера, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со СВР Охрид, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и информации, изврши претрес на дом и други простории во Охрид кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за сторено кривично дело – “кражба“ извршена на 06.11.2013 година. За време на претресот беа пронајдени три сефа, кои беа отворени под сомнение дека во истите се наоѓаат предмети кои можеби потекнуваат од кривични дела. Во еден од сефовите пронајдени се 8…

повеќе...

Продолжуваат активностите за заштита на манастирот Трескавец

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп започнаа со годинашните активности предвидени со програмата на Министерството за култура за заштита на манастирот „Трескавец“ во Прилеп, кој е споменик на културата од 14 век. Оваа година ќе се изработуваат проектите за конзервација и реставрација на архитектурата и на живописот на црквата Успение на Пресвета Богородица, како и проектот за конзервација на камбанаријата, маѓерницата и на маѓерничкиот конак во овој значаен културно-историски споменик. Паралелно со овие активности, продолжува и доработката на проектот за санација, реконструкција и…

повеќе...

МВР продолжува да работи на случајот со кражбата во НУ Музеј на Македонија

“Како што вчера првично ве информиравме, со наредба на надлежниот Јавен обвинител ја отпочнавме последната фаза од реализацијата на операцијата која имаше за цел да ја расветли и документира кражбата во НУ Музеј на Македонија пријавена на почетокот на ноември минатата година“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција заедно со претставници на Јавното обвинтелство посветена токму на случај со кражбата на вредни артефакти од НУ Музеј на Македонија. Како што соопшти министерката Јанкулоска – “Врз база на досега документираните сознанија, МВР поради постоење…

повеќе...

Втора фаза на систематските археолошки истражувања на театарот во Скупи

Стручните екипи од Музејот на град Скопје и од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со финансиска поддршка од Министерството за култура, ги започнаа активностите од втората фаза на систематските археолошки истражувања на Римскиот театар во колонијата Флавија Скупи во Скопје. Во втората истражувачка фаза, која ќе трае до крајот на оваа година, предвидено е да се ископува целиот простор на кој лежи театарот, како и неговата поблиска околина. Со овие археолошки истражувања ќе се изврши целосно ископување и подготовка на просторот на театарот за наредните активности, односно…

повеќе...

Над 300 уметнички дела во Музејот на современа уметност

Во новоконципираната поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300врвни уметнички дела. Тука се ликовните  дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, Штурса… Изложени се и делата   на авторите кои  го илустрираат развојот намакедонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева. Според министерката за…

повеќе...

Во тек се археолошки истражувања на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко Поле

Од НУ Завод за заштита на спомениците на културата Охрид информираат дека нивните стручни екипи со финансиска поддршка на Министерството за култура, ги реализираат археолошките истражувања на локалитетот „Рајца-Манастирите“ на Љубанишко Поле, Охридско. Според досегашните истражувања на двете локации на локалитетот, утврдени се повеќе значајни наоди, делови од градежните структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии 12 метри должина и 7 метри широчина. Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика…

повеќе...

Семинар за новите технологии во музејската дејност

Како се прифаќаат и применуваат новите технологии во работата на музеите е посветен стручниот семинар што денеска во Скопје го организира Форумот на словенските култури, со поддршка на Министерството за култура и на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеи (ИКОМ). Музејската дејност и археолошките истражувања чии наоди/артефакти стигнуваат во музејските витрини, во Македонија се негуваат во последните години. Тоа го потврдуваат неколку нови музеи, технолошки современи и во чекор со модерната музеологија, кои се и  многу  посетени.  Музејот на македонска борба има 100.000 посети за две години, од…

повеќе...

Завршена првата фаза од проектот за конзервација на јужниот бедем на сцената „Долни Сарај“

Со средства од Министерството за култура во Охрид заврши реализацијата на првата фаза од проектот за конзервација и санација на оштетениот јужен бедем на летната сцена „Долни Сарај“. Поради староста на малтерот во изминатиот период честопати  доаѓаше  до одрони на делови од ѕидините кои се надвиснати над Охридското Езеро, што претставуваше голема опасност за минувачите што се движат по фрекфентната патека која го спојува градот со населбата Канео. Проектот со кој овој простор се заштити од понатамошно пропаѓање се одвива во две фази. Во првата фаза годинава извршена е реконструкција…

повеќе...

Две години постоење на Музејот на македонската борба за државност и самостојност

Две години постоење на Музејот на македонската борба за државност и самостојност. На свеченоста присуствуваше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која честитајќи го двегодишното постоење на Музејот истакна дека заложбите на Владата за изградба на еден ваков музејски комплекс кој е значајна инвестиција за нашата држава, гледано од историски, културолошки, образовен и туристички аспект се од огромно значење. Според министерката за култура бројката на повеќе од 100.000 посетители во овие две години јасно говори дека Музејот на македонската борба е своевидна туристичка атракција за сите домашни и странски посетители на нашата…

повеќе...

Заврши третата фаза од конзервацијата на куќата на Ајри Доко

Еден од приоритетите на Министерството за култура е заштитата на културното наследство, преку реализација на повеќе проекти за обнова и конзервација на фасади во позначајните градски јадра во Македонија … Во рамките на проектот за зачувување на архитектонско-стилските вредности на градските јадра и соодветен третман на споменичното наследство во Охрид заврши третата фаза од конзервацијата (факсимилна обнова) на репрезентативниот објект од охридската староградска архитектура, Куќата на Ајри Доко. Конзервацијата на Куќата на Ајри Доко започна во 2011 година, кога поради сериозните оштетувања на темелите, објектот беше урнат. Градежните работи продолжија…

повеќе...