Премиерно: Новата песна и видео запис на Тајзи и Спејко

Тајзи и Спејко не мируваат, туку напорно работат на промоција на новите песни на српски и македонски јазик. Најновото од нив е композицијата „Вози“, песна направена од балканскиот хит мејкер Слободан Вељковиќ Цоби кој стои зад милионски гледаните хитови на ЈуТјуб на Цвија, Раста, Ана Николиќ, Гру, Газда Паја и многу други српски ѕвезди. Спотот со 3Д ефекти го направи нашиот афирмиран режисер Владимир Ивановски Дади, додека пак девојките кои ги придружуваат Тајзи и Спејко се од денс студиото „Брејк а лег“. Текстот за двете верзии на песната е на…

повеќе...

Голем успех на Владимир Василевски-Четкар на азиската турнеја

Во рамките на првиот дел од големата азиска турнеја Четкар и неговиот септет одржаа концерт на отворањето на еден од најголемите џез-фестивали во Азиjа и во светот „Интернационален Јарасум џез-фестивал“ (Jarasum International Jazz Festival), а имаа и настапи на „KF Sheonggyecheon Music Festival“ во Сеул … Во текот на декември, македонскиот џез-музичар Владимир Василевски-Четкар со неколку концертни настапи ја продолжува својата азиска турнеја која се одржува со поддршка од Министерството за култура. На 4 декември Четкар настапува на Интернационалниот Пенанг џез-фестивал во Малезија, на 10 декември ќе одржи концерт во…

повеќе...

Погледнете ја музичката програма за јубилејниот Вино Скоп 2016

Уште една недела не дели од почетокот на реномираниот вински фестивал, Вино Скоп 2016. Локацијата е традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, онаму каде што фестивалот започна пред десет години. Во текот на деценијата, од 2006 година па досега, на Вино Скоп настапија речиси сите големи македонски музички великани, како и голем број музички гости од странство. Оваа година за јубилејното издание, Вино Скоп 2016 е повторно промотер на убавата македонска песна и програмата е составена од најголем број македонски музичари, како и дел гости од соседните држави. Ќе…

повеќе...

Христијан Тришоски ја отвора новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Христијан Тришоски (24), младиот талентиран музичар од Кичево е Македонецот кој ќе го скрши мразот на новата гламурозна сцена во студиото и ќе ја отвори новата сезона на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Имено, претстојниот викенд, во сабота на 24-ти септември со почеток во 20 часот започнува 11-тата по ред телевизиска сезона на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а честа прв да настапи на новата сцена ја има токму нашиот Христијан Тришоски. Тришоски со музика започнува да се занимава уште од петто одделение кога за прв пат…

повеќе...

Започна фестивалот на вино и сирење

Синоќа во Охрид беше отворен фестивалот на Вино и сирење. На повеќе штандови на плоштадот кај Чинарот, вкупно четиринаесет излагачи изложија квалитетни домашни вина, сирења и други традиционални прехрамбени производи. Македонски винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирењe, се дел од овогодинешниот фестивал .На чинот на отворање бројните посетители ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Во склад со активностите и Програмата на Општина Охрид, Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година, како и изминатите ја продолжува традицијата на одржување на Фестивалот на вино и…

повеќе...

Отворено 9-то издание на Охридскиот хорски фестивал

Синоќа во Охрид беше отворено 9- то издание на меѓународниот хорски фестивал. Учесниците и гостите ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Почитувани учесници на 9 меѓународен хорски фестивал, вљубеници во музиката, дами и господа. Ви посакувам топло добредојде и пријатен престој во Охрид, градот на испреплетена култура и историја, јадро на словенската писменост за кое ваквите манифестации се проширување на богатата музичка лепеза. Радува фактот што покрај македонските и охридски музички брендови „Охридско Лето“ и “Балканскиот фестивал“ на народни песни и игри, од година во година Охридскиот хорски…

повеќе...

Вистинско уживање со џез музиката на „Летниот џез караван“

Синоќа со настапот на Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет, успешно заврши реализацијата на пилот проектот „Летен џез караван“ кој поддржан од Министерството за култура во рамките на „Топол културен бран“ а во организација на општина Охрид се одржа во барот „Куба Либре“. Низа манифестации оставаат културен белег во Охрид ја збогатуваат понудата ,нудат вистинско уживање и полека го афирмираат градот како културна туристичка дестинација. Во иднина, збогатувањето на програмските активности и културната понуда на Охрид со уште еден „Охридски џез фестивал“, ќе го направи Охрид привлечен и посакуван за љубителите…

повеќе...

Охрид фест – Охридски трубадури 2016

Од 22ри до 25ти август на летната сцена Долни Сарај во Охрид се одржува 23то издание на Интернационалниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури 2016. Фестивалот беше отворен со програмата „Чунга Лунга”, а синоќа беше вечер посветена на фолк музиката. Специјален гостин на вечерта беше пејачот Бобан Рајовиќ. Денес ќе се одржи поп вечерта, а фестивалот ќе биде затворен во четврток (25ти август) со интернационалната вечер.  А.Андриоски

повеќе...

Летен џез караван со музички перформанс во „Куба Либре“

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура во организација на општина Охрид, синоќа во барот „Куба Либре“ како дел од проектот „Летен џез караван„ свој музички перформанс изведоа Симон Киселички трио и групата Sethstat . „Во насока на зголемување на културната понуда на градот преку ваквите настани сакаме на граѓаните да им понудиме вистинско уживање во богатата културна понуда, која Секторот ТЛЕР при општина Охрид неколку години наназад ја збогатува со низа содржини во делот на уметноста и културата . Годинава започна како пилот проект,…

повеќе...

Летен џез караван во Охрид

Министерството за култура во соработка со општините, оваа година по 9ти пат ја организира манифестацијата „Топол културен бран“. Како резултат на заложбите на општина Охрид за поголемо учество во културните настани и афирмација на Охрид како културен туристички центар во рамки на Манифестацијата, Секторот ТЛЕР при општина Охрид аплицираше со проектот „Летен џез караван“,кој се реализира во втората етапа од „Топол културен бран“. Според програмата, денеска (22.08.2016) во Барот „Куба Либре“ со почеток во 21 часот на „Летниот џез караван“ ќе настапат Симон Киселички трио, гостин Мартина Блажеска, Sethstat. Утре(23.08.2016)…

повеќе...