Концерт на рускиот пијанист Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски. Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и…

повеќе...

Концерт на српскиот пијанист Филип Маџунков на „Охридско лето“

Вечерашната програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде исполнета со концертен настап на пијаностот Филип Маџунков од Србија. Концертот е со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија, а влезот е 300 денари. „Интерпретацијата на Филип Маџунков, според богатството, сериозноста и посветеноста, може да се мери со процесот на експозиција на музичкото дело. Внимателноста со која пристапува кон пијанистичката интерпретација, неговата сосредоточеност и широкиот дедуктивно-истражувачки опсег импонираат и како средство за постигање на што посовршен впечаток, но и како метода во работата. Во својата поетска сеопфатност, Филип Маџунков ја приближува…

повеќе...

Ал Ди Меола и Продиџи во Охрид

Викендов Охрид ќе биде центар на музичките збиднувања во земјава. Концертите на еден од најдобрите гитаристи во светот Ал Ди Меола и групата Продиџи, во рамки на фестивалот „Охрид колинг“, се очекува да донесат гости од целиот Балкан, но и од Англија и Холандија. „По концертот на светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фрекуенцис на 1 август, покажавме дека Охрид е подготвен за организација на фестивал кој од година во година ќе прерасне во еден познат бренд на Балканот, но и пошироко. Покажавме дека заедно во Охрид можеме да…

повеќе...

Концерт на виолончелистот Марк Копе и пијанистот Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржат францускиот виолончелист Марк Копе и рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Л. В. Бетовен. Францускиот виолончелист Марк Копе се смета за еден од водечките виолончелисти на денешницата. Повеќе од 20 години тој е постојан гостин во концертните сали низ светот, како солист и како камерен музичар. Во неговиот репертоар може да се најдат дела од различни периоди, но најзначајно место зазема музиката на германскиот композитор од…

повеќе...

Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените

Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…

повеќе...

Црвен крст: На вчерашниот концерт собрани над 100 илјади денари

На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева. Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите. Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион. Од Црвениот крст Охрид изразуваат…

повеќе...

Ал ди Меола и Продиџи за крај на фестивалот „Ohrid calling“

Со настапот на виртуозот на гитара Ал Ди Меола и светската атракција Продиџи, викендов завршува првото издание на фестивалот „Ohrid Calling“. Во пресрет на двата музички спектакли, раководителот на Секторот за ТЛЕР Ѓоко Апостолов и Денис Илиоски од АВАЛОН продукција, на денешната прес конференција истакнаа дека подготовките за двата концерти течат со посакуваната динамика. „Ние можеме да го искажаме нашето задоволство од досегашната соработка со АВАЛОН продукција и убедени сме дека одличната организација на настапите на Ники Ромеро и Лост Фреквенси, ќе биде повторена и за престојните концерти викендов. Мислиме…

повеќе...

Турскиот пијанист Фазил Сеј вечерва на Охридско лето

Денеска на програмата на „Охридско лето“ е уште еден извонреден солистички концерт со кој ќе се потврди ексклузивноста и квалитетот на Фестивалот. Во црквата „Света Софија“ солистички концерт ќе одржи турскиот пијанист Фазил Сеј. Сеј ќе изведе дела од Јозеф Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт, Клод Дебиси, Џорџ Гершвин и дела компонирани од изведувачот. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот. Со својот извонреден пијанистички талент, Фазил Сеј ги воодушевува слушателите ширум светот повеќе од 25 години. Главна улога на почетокот на неговата кариера одиграл…

повеќе...

Концертот на Артуро Сандовал од САД презакажан за вечерва

Од фестивалот „Охридско лето“ информираат дека концертот на Артуро Сандовал кој синоќа за жал беше откажан поради невремето кое го зафати Охрид, е презакажан за денес (7-ми август 2016) и ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. „Имено, бидејќи капацитетот на овој концертен простор е ограничен и помал во споредба со оној на Античкиот театар, во недела ќе се одржат два концерти, а по барање на публиката која само овој викенд и специјално за овој концерт е во Охрид, термините ќе бидат во доцните попладневни часови. Концертот…

повеќе...

Виолинистката Арета Зула и пијанистката Мерита Реџа Тершана вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва во Црквата Св.Софија, во 21 часот ќе настапат Виолинистката Арета Зула и пијанистката Мерита Реџа Тершана, двете од Албанија. На програмата ќе бидат изведени дела од Шнитке, Блох, Дебиси, Григ и Равел. Арета Зула својата кариера ја започнува во Албанија, а набрзо потоа се појавува и на музичките сцени во останатите земји во Европа, Соединетите Американски Држави, Канада и Азија. Како солист и како камерен изведувач соработувала со голем број значајни оркестри, ансамбли, диригенти и изведувачи. Зула работи како професор, а често…

повеќе...