Груевски: Членството во НАТО и ЕУ се наша стратегиска определба

„Ние сме карактеристични по многу работи, особено по залагањето и трудот, по нашата посветеност и одговорен пристап. Многу значајно помеѓу сето тоа е една од нашите главни карактеристики а тоа е грижата, залагањето и бранењето на националниот и државен интерес.“ Ова вечерва го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека секогаш во фокусот на владата е Република Македонија. „Секогаш, секаде сме се залагале и ќе се залагаме за оваа врвна вредност, секогаш во нашиот фокус е државата, нашата држава Македонија. Она за што се бореле генерации и генерации да…

повеќе...

Јолевски: Македонија заслужи да добие покана за членство во НАТО на самитот во Варшава

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денес во рамките на работната посета на Република Хрватска оствари средба со својот хрватски колега, Јосип Булјевиќ. За време на средбата министерот Јолевски истакна дека Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО пред самитот во Букурешт во 2008 година и дека Македонија заслужува да стане дел од Алијансата. Двајцата министри се согласија дека интеграцијата на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора е значајна за стабилноста и за просперитетот на регионот, но и Европа. На средбата стана збор и за заедничкото…

повеќе...

Средба Јолевски – Каве: НАТО и ЕУ се приоритет за Македонија

Членството во НАТО-алијансата е приоритет за Република Македонија за што сме и целосно подготвени, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната средба во Министерството со генерал-мајор Иан Каве, заменик командант за планирање во Здружената команда на сојузничките сили во Неапол. Министерот Јолевски додаде дека реформскиот процес во Армијата тече во континуитет. „Започнавме со процес на модернизација кој е исклучително важен. Тоа што е битно е дека работевме напорно на дефинирање на приоритетите кои се важни за одржување на способностите на Армијата, но и на интеропративноста со…

повеќе...

Јолевски побара поддршка од стратешкиот партнер САД за интеграција на Македонија во НАТО

Република Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави на патот кон полноправно членство во Алијансата, заклучија министерот за одбрана, Зоран Јолевски и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји, на денешната средба во Министерството. На средбата министерот Јолевски побара поддршка од САД, како стратешки партнер, на претстојниот Самит на НАТО во Варшава. Министерот Јолевски се фокусираше на досегашните развојни процеси и програми во Министерството и Армијата, кои, рече, докажуваат дека Македонија е подготвена за членство во НАТО. „Продолжуваме…

повеќе...

Министерот Јолевски ја отвори школата на НАТО за справување со заканите од тероризмот во ЈИЕ

„Ниту Македонија ниту која било држава не е имуна на заканата што ја претставува тероризмот како глобална безбедносна закана. Тој не признава граници, националност, верска, етничка припадност, културна средина. Тероризмот најчесто ги зафаќа регионите и државите каде има воени судири, но последните настани како нападите во Франција и Белгија покажуваат дека тој е можен и во нашите средини, што секако бара наша будност и подготвеност“. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на отворањето на НАТО школата за справување со заканите од тероризмот во Југоисточна Европа,…

повеќе...

Во Охрид НАТО напредна школа за справување со заканата од тероризмот во ЈИЕ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вечер во Охрид ќе ја отвори НАТО – напредната школа „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“. Како што соопштуваат министерството, на школата, која е заеднички проект со американскиот универзитетот „Норвич“, ќе учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора и 17 експерти од областа од НАТО, ЕУ, Канада, Велика Британија, САД, Белгија и регионот. Школата, која ќе трае до 19 февруари ќе…

повеќе...

Македонија веднаш треба да стане член на НАТО – Средба со претседателот на САД Барак Обама

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска на маргините на 21. Самит за климатски промени COP21, што се одржува во Париз, оствари средба со претседателот на САД, Барак Обама. На средбата двајцата претседатели разговараа за интеграциите на Република Македонија во НАТО. Претседателот Иванов притоа истакна дека ситуацијата со Македонија е се уште стаус кво, без никаква статусна промена во однос на НАТО, додавајќи дека Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.

повеќе...

Иванов: НАТО да ги има предвид новите безбедносни закани и гео-политички аспекти за членството на Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, побара од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најголемата воено-политичка организација на светот да ги има предвид новите безбедносни закани и гео-политички асппекти и Алијансата да не го игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд за правда во однос на Македонија. „Оваа средба со генералниот секретар на НАТО е во време кога има многу предизвици, како за нашата земја и регион, така и за НАТО. И Алијансата се соочува со големи предизвици, денот е исполнет со активности што ги има генералниот секретар…

повеќе...

Паскрел: Македонија треба да е со двете нозе во НАТО

За време на вчерашните средби во Конгресот и во Сенатот на САД, министерот Јолевски доби пофални зборови за реформите, како и за стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД во областа на одбраната. Тој оствари средби со конгресмените Мајк Роџерс, Роберт Витман, Бил Пакрел, Мајкл Конавеј, Трент Френкс, Џеф Милер и со сенаторот Џек Рид. Македонија треба да е со двете нозе во НАТО, рече конгресменот Паскрел и додаде дека она што го прави Македонија и македонските војници, покажува дека е достоен партнер на Соединетите Американски Држави. И другите конгресмени се…

повеќе...

Јолевски во Варшава лобира за покана за Македонија за членство на идниот НАТО Самит

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денес и утре во Варшава, местото каде во јули идната година ќе се одржи Самитот на НАТО, учествува на Безбедносниот форум и оствари средби со повеќе лидери. Покрај настапот на Форумот, министерот Јолевски имаше работен ручек со Роберт Копјецки, потсекретарот во полското Министерство за одбрана, задолжен за организација на следниот Самит на НАТО, американскиот амбасадор во Варшава, Пол Џонс и потпретседателот на Атлантскиот совет и поранешен советник во Белата куќа, Дејмон Вилсон. Во текот на утрешниот ден ќе има работна средба со полскиот министер за…

повеќе...