Република Македонија ја има поддршката на Канада за членство во НАТО, соопшти македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, по неговиот денешен состанок со канадскиот министер за одбрана, Џејсон Кени, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел со земјите-контрибутори во мисијата “Одлучна поддршка” во Авганистан. Јолевски и Кени ја зацврстиле одличната соработка на ниво на одбрана меѓу Македонија и Канада, а првиот човек на канадската одбрана ја ветил и безусловната поддршка од оваа земја-членка на НАТО за членство на нашата земја во најголемата воено-политичка организација на светот.…
повеќе...Tag: нато
Македонија има јасна стратегиска цел, а тоа е членството во НАТО – министерот Јолевски во Полска
„Македонија има стратегиска цел и определба да биде дел од НАТО-алијансата. Вредностите на Алијансата се и наши вредности, и затоа македонските мировници даваат поддршка на напорите на НАТО за воспоставување на слобода и безбедност на глобално ниво“, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во своето обраќање на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Република Полска. Говорејќи на панелот посветен на „Патот кон Европа“, министерот Јолевски додаде дека граѓаните на Република Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките…
повеќе...Македонија заслужува што побрзо да стане полноправен член на Алијансата: силна порака од неформалниот форум во Берово
„За Република Македонија е значајно група интелектуалци кои имале високи позиции во американското и европското општество, луѓе кои се вистински пријатели на нашата држава да седнат на исто место и да поразговараат за стратегијата што дополнително треба да се направи со цел да го заземеме заслуженото место во НАТО-алијансата“. Тоа го изјави министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за дводневниот неформален форум во Берово на кој учество земаат поранешни министри за одбрана, членови на Парламент и високи претставници на тинк-тенк заедницата во Соединетите Американски Држави. Ние разменивме многу…
повеќе...Министерот Јолевски на испраќање на припадници на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес на аеродромот „Александар Велики“ кај Скопје присуствуваше на испраќањето на 2. Ротација на дел од македонскиот контингент во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан. „Ви пожелувам успешна мисија, достојно да ја претставите Република Македонија и здрави и живи да ни се вратите нам и на вашите семејства“, им порача министерот на 13-тмината припадници на Армијата на Република Македонија кои ќе бидат дел од турскиот контингент во рамките на Командата на главниот град, Кабул. Особено задоволство, додаде министерот, ми е што…
повеќе...Претседателот Иванов бара неодложен почеток на преговорите со ЕУ и прием во НАТО
Неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и прием на Република Македонија во НАТО Алијансата, побара претседателот Иванов на денешните средби со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабер Китаровиќ, а во рамки на учеството на „Самит 100″, кој денеска се одржува во Порторож. На средбите со словенечкиот и хрватскиот претседател беа разменети мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интерес. Претседателот Иванов ги информираше претседателите на Република Хрватска и Република Словенија за актуелната политичко-безбедносна состојба во Република Македонија. Oценувајќи…
повеќе...Република Македонија ги има исполнето сите предвремени услови за членство во НАТО
Павле Трајанов, во својство на член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, од 15 до 18 мај, во Будимпешта, учествуваше во работата на пролетната сесија на ПС на НАТО. На првиот ден од сесијата, седници одржаа Комитетот за одбрана, Комитетот за економија и безбедност и Комитетот за наука и технологија, а на вториот ден, седници одржаа и Комитетот за цивилна димензија на одбраната и Политичкиот комитет. На комитетот за цивилна димензија на одбраната, меѓу другите точки на дневен ред, презентација на тема: Политичките и…
повеќе...Министерот Попоски на состанок на НАТО во Турција
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес во Анталија, Турција учествуваше на редовниот Министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во формат „Решителна поддршка’’. На состанокот со кој претседаваше г-нот Столтенберг, министерот Попоски ги запозна министрите на НАТО членките и партнерите со најновите безбедносни предизвици со кој беше соочена земјата во изминатиот викенд. Тој информира за превземената акција на полицијата кои превенираа сериозен и координиран терористички акт против државните институции и цивилните цели на Република Македонија, при што беше предизвикана ненадоместлива загуба на животите на…
повеќе...Јолевски: Македонија е спремна за влез во НАТО
Министерот за одбрана, д-р Зоран Јолевски оствари средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во американскиот Стејт департмент, г-дин Хојт Ји, кој е во работна посета на Република Македонија. Главна тема на разговорот беше евроатлантските интеграции на Република Македонија. Министерот Јолевски истакна дека членството во НАТО е приоритет и затоа Министерството за одбрана и АРМ продолжуваат со активностите за исполнување на оваа цел. Армијата на Република Македонија е целосно интероператибилна со армиите на земјите членки на НАТО, за што е потврда и учеството во НАТО мисијата во…
повеќе...ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО
Во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Комитетот на НАТО за партнерства и кооперативна безбедност и Република Македонија. Делегацијата од Република Македонија ја предводеше државниот советник во Министерството за одбрана бригадениот генерал Бранко Дракалски. Предмет на разгледување беше ПАРП Проценката 2015 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија. Претставниците на НАТО земјите беа информирани за посветеноста на Република Македонија за континуираниот и долготраен придонес во меѓународните операции, за започнатиот придонес во новата мисија на НАТО во Авганистан…
повеќе...Груевски-Столтенберг: Членството во НАТО е цврста определба на Македонија и на Алијансата
Членството во НАТО е цврста определба на Република Македонија и на најголемата воено-политичка организација на светот и да не е грчкото вето, земјата одамна ќе беше членка на Алијансата. Ова е заклучокот од денешната средба на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, што се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел. Според премиерот Груевски, на неговата прва работна средба со генералниот секретар Столтенберг, констатирале дека членството на Македонија во НАТО и понатаму останува интерес и цврста определба на земјата и на…
повеќе...