Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во рамки на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на ОН се сретна со претседавачот на Советот г. Јоаким Рукер. На средбата претседателот Иванов, ги поздрави неговите напори за зголемување на ефикасноста на работата на Советот за човекови права, кои се дел и од заложбите на Република Македонија при поднесувањето на кандидатурата за ова тело. Македонскиот претседател ја поздрави и иницијативата на г. Рукер за подобрување на координацијата на релациите помеѓу сродните тела на ОН во Њујорк и во…
повеќе...Tag: нато
Поддршка од Соединетите Американски Држави за членството на Македонија во НАТО
Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се подготвени веднаш да ги преземат обврските кои произлегуваат од полноправното членство во НАТО алијансата. Македонија продолжува со својот придонес во меѓународните мировни мисии, меѓу кои и мисијата “Одлучна поддршка”, со што се одржува континуитетот во поддршката за воспоставување на мир, демократија и просперитет на глобално ниво. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски на вчерашниот состанок во американскиот Стејт департмент со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија. Министерот Јолевски и заменик-помошникот секретар Ји разменија…
повеќе...ПАРП билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО
Денес и утре во работна посета на Министерството за одбрана претстојува Висока делегација од НАТО Директоратот за политика и планирање, предводена од Франк Боланд. Повод на посетата на Високата делегација на НАТО е редовната евалуација на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија и достигнувњата во одбранбените реформи, која се одржува редовно секоја година. Тимот на експерти од Република Македонија е предводен од државниот секретар на Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, а во консултациите со Високата делегација на НАТО учествуваат експерти од Министерството за одбрана, Армијата…
повеќе...Државниот секретар Стефаноски во Брисел – Презентација на годишната националнa програма за членство во НАТО
Во седиштето на НАТО во Брисел, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски заедно со државните секретари во Министерствата за Надворешни работи и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Елена Кузмановска и Беким Алими, пред заменик-шефовите на Постојаните мисии на земјите-сојузници на Алијансата ја презентираа годишната национална програма за 2015 година на Република Македонија за пристапување во НАТО. Заклучокот на отворањето на 16-от циклус на Акцискиот план за членство (МАП) на Македонија во НАТО е дека Република Македонија направи извонредни реформи во одбраната и е подготвена да стане членка…
повеќе...Обраќање на министерот Јолевски на вториот панел посветен на тема: Авганистан во пост ИСАФ периодот – можности за заеднички придонес
На вчерашниот втор панел во рамки на Сеопфатниот регионален министерски состанок, министерот Јолевски имаше свое обраќање посветен на идната можна соработка на земјите од САД-Јадранската повелба во НАТО мисиите, по завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан. Сите земји кои придонесуваат во ИСАФ, сме горди на нашите војници, на нивната посветеност, големиот ангажман и жртва која ја дадоа за подобра иднина на Авганистан и авганистанскиот народ. Присуството на нашите војници во Авганистан во рамки на мисијата ИСАФ претставува голем национален и регионален придонес во поддршка на авганистанските власти во изградбата на…
повеќе...Причард: Членството на Македонија во НАТО ќе ја зајакне Алијансата
Членството на Македонија во НАТО ќе ја зајакне Алијансата, а тоа е во интерес и на ЕУ, оцени британскиот парламентарец Марк Причард на денешната заедничка прес-конференција во Скопје во министерот за одбрана Зоран Јолевски. „Во еден небезбеден свет во кој што живееме денес НАТО треба уште повеќе да се зајакне и сметам дека тоа ќе се случи доколку Македонија стане полноправен член на Алијсаната. Се надевам дека ќе дојде до промена на размислувањето и на однесувањето на одредени земји бидејќи во денешните услови во кои што живееме треба заеднички да…
повеќе...Јолевски: Членството во НАТО и ЕУ е од стратегиско значење за Република Македонија
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски со свое воведно обраќање ја отвори конференција на тема „Западен Балкан – иднината на интеграцијата” која се одржува во Рим, Република Италија, во организација на Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО, во соработка со Италијанското претседателство со Советот на Европската Унија и Балканскиот фонд за демократија. Пред присутните учесници, министерот Јолевски, најнапред упати благодарност до Претседателот на Фондацијата, и поранешен заменик генерален секретар на НАТО Алесандро Минуто-Рицо и до останатите организатори на поканата за учеството на оваа конференција. Република Македонија во изминативе…
повеќе...Јолевски: Македонија е подготвена да биде полноправна членка на НАТО
Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и e подготвена да ги преземе сите обврски и одговорности како полноправна членка на НАТО, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на состанокот на министри за одбрана посветен на Иницијативата за интероперативност во рамки на Самитот во Кардиф. Тој додаде дека Република Македонија ќе продолжи да ги споделува вредностите на НАТО и останува целосно посветена за натамошен развој на националните интероперативни капацитети и способности за придонесување на идните мировни мисии предводени од НАТО. Посочи дека денес Армијата на Република Македонија има сертифицирани…
повеќе...Јолевски: Македонија има стратегија за следниот НАТО самит
Македонија има стратегија за следниот самит на НАТО и таа стратегија ние веќе ја исполнуваме. Работиме на максимално презентирање на тоа што Република Македонија го има постигнато и на прашањето зошто земјава треба да добие покана за полноправно членство во Алијансата, нагласи министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој денеска ја посети Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во скопската касарна „Гоце Делчев“. Јолевски на Воената академија беше информиран за подготовките за учебната 2014-2015 година и за плановите за развој на оваа високообразовна институција, што е, потенцира тој, многу значајна за подготовка…
повеќе...Попоски: Поголем ангажман од клучните членки на НАТО и ЕУ за решавање на името
Без политичка мотивираност од страна на Атина и конкретен ангажман од поголемите земји членки на НАТО и ЕУ, не може да очекуваме какво било поместување во спорот за името, оценува министерот за надворешни работи Никола Попоски. „Најголем ограничувачки фактор во моментов е што нема речиси никаков политички мотив во Грција сериозно да се седне и да се бара решение по однос на ова прашање. Причините се очигледни, бидејќи политичкиот фокус е на домашната сцена и предизвиците со кои се соочуваат, особено во делот на спречување на кризата во еврозоната ја…
повеќе...