Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги прими Н.Е. г. Пол Волерс, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Мариан Берц, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ и претставникот на Канцеларијата за врски на НАТО, потполковник Маријан Ивануша. На средбата беа разменети мислења и информации околу состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, добрососедските односи и регионалните прашања, како и за актуелните внатрешно политички случувања во државата. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо го…
повеќе...Tag: нато
Џафери во НАТО: Македонија ја поддржува Алијансата за изградба на безбеден Авганистан
Република Македонија во целост ги поддржува напорите на НАТО за изградба на безбеден и просперитетен Авганистан, а пример за тоа е и континуираниот придонес кој го даваме во мисијата ИСАФ на Алијансата. Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите-контрибутори во мисијата на НАТО во Авганистан со Северно-атлантскиот совет (НАК) на Алијансата, го посочи македонскиот министер за одбрана, Талат Џафери. Пред министрите за одбрана и останатите високи претставници меѓу кои и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската…
повеќе...Груевски-Расмусен: Членството во НАТО заеднички интерес и на Македонија и на Алијансата
Актуелни теми во врска со спроведување на реформите во контекст на остварување членство на Република Македонија во НАТО, биле темите за кои разговарале на денешната средба во Скопје премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Премиерот Груевски и Расмусен се согласиле дека членството на Република Македонија во НАТО и понатаму претставува меѓусебен интерес и цврста определба како за Македонија, така и за Алијансата. Претседателот на Владата Груевски уште еднаш ја реафирмирал определбата на земјата за што поскоро зачленување во НАТО како еден од врвните приоритети на…
повеќе...Попоски по средбата со Кери: Наша стратегиска цел е прием во НАТО и во ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера во Вашингтон се сретна со државниот секретар на САД Џон Кери, при што на маргините на конференцијата посветена на проширувањето на НАТО и Европската Унија разговараа за кризната состојба во Украина и нејзиното влијание врз интеграциите. И по спроведените избори, нагласи Попоски, нашата стратегиска цел останува членството во НАТО и во Европската Унија. „Тука имавме можност да размениме мислења со државниот секретар Кери и со министрите за надворешни работи од нашиот регион за приоритетите во следниот период. Она што ја преокупира јавноста е…
повеќе...Во Скопје одбележан Денот на НАТО
Денес е денот кој го одбележува Алијансата, ден кој ја промени визијата за мирот, безбедноста и стабилноста и потврди дека е остварена основната замисла од Вашингтонскиот Договор, истакна министерот за одбрана Талат Џафери, на денешното одбележување на 4. април денот на НАТО во Домот на АРМ. „Алијансата беше, е и останува главен двигател на споделувањето на заедничките вредности на демократијата, на слободата, на правдата, на човековите права и слободи и на многу други општо цивилизациски вредности. Затоа денес, во ерата на мир и безбедност во Евроатлантската област, можеме да зборуваме…
повеќе...Нова инвестиција: Италијанската ИТ компанија „ДФ Лабс“ ќе инвестира во Македонија
Во изминатите неколку дена, италијанската компанија „ДФ Лабс“, позната во ИТ сферата во областа на сајбер безбедноста и форензичка анализа, чии клиенти се реномирани меѓународни компании меѓу кои и ИБМ и НАТО најавува инвестиција во земјава. Со таа цел, директорот на фирмата, Дарио Форте и координаторот за развој на производи, Давиде Бошчироли, се во посета на Македонија, при што остварија и средба со министерот за инвестиции, Џери Наумоф . „Ние ги поканивме да дојдат во Македонија. После неколкуте посети во текот на изминатите три месеци, горди сме да објавиме дека…
повеќе...Република Македонија е посветена на развојот и на евроатлантските интеграции
Прогресот на Република Македонија во областа на одбраната и безбедноста, реформските зафати, како и стратегиската цел на нашата држава за членство во евроатлантските структури беа темите на кои се осврна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, на денешната средба со високата делегација од Директоратот за политика и планирање на НАТО алијансата, предводен од директорот Франк Боланд. Министерот Џафери, пред присутните, меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и заменик-министерот Емил Димитриев посочи дека Република Македонија вложува големи напори кон остварување на поставената цел за…
повеќе...Државниот секретар во МО, Сашо Стефаноски денеска е домаќин на висока делегација од НАТО
Државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски денеска е домаќин на Висока делегација од НАТО директоратот за политика и планирање, предводена од Франк Боланд и Гордон Дрејк одговорниот официр за следење и известување на напредокот на Република Македонија во НАТО. Работната посета на Високата делегација на НАТО е во рамки на зацврстување на билатералната соработка помеѓу Република Македонија и НАТО Алијансата како и Редовната евалуација на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија и новиот пакет Партнерски цели 2014, кои нашата земја како аспирант за…
повеќе...Адмирал Килинган: АРМ има значајна улога во операциите на НАТО
Заедничките напори кои ги правиме во поглед на Балканот и на Авганистан, даваат огромен придонес и ме уверуваат дека можеме успешно да се справиме со предизвиците на новото време. Ова го нагласи на прес – конференцијата командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, кој денеска во рамки на дводневната официјална посета на Македонија, имаше средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери. На средбите, пред адмиралот Клинган се презентирани трансфомацијата на АРМ, за намерата за…
повеќе...Средба Груевски – Бренгелман
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, оствари средба со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, г-дин Дирк Бренгелман. На средбата беше разговарано за реформите кои се реализираат во нашата земја, за реализацијата на 14-от циклус од Планот за пристапување во членство на Република Македонија во НАТО (МАП) и за евроатланската интеграција на Република Македонија. Двете страни изразија позитивна оценка за реализацијата на Планот за пристапување во членство на Република Македонија во НАТО (МАП). Соговорниците го истакнаа значителниот придонес кој нашата земја…
повеќе...