Корлацеан: Романија сака што поскоро да ја види Македонија во ЕУ и НАТО

Романија сака што поскоро да ја види Македонија во Европската унија и НАТО, изјави министерот за надворешни работи на Романија Титус Корлацеан по денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Корлацеан на заедничката прес-конференција напомена дека вратите на Алијансата треба да бидат отворени за сите земји што ги исполнуваат стандардите. „Романија ја поддржува Македонија за почнување на претпристапните преговори и ќе и помогне во целиот процес за да не ги повтори истите грешки. Убеден сум дека има капацитет да ги исполни сите стандарди за евроатланското интегрирање“, истакна Корлацеан.…

повеќе...

Учество на министерот Попоски на Глобалниот Безбедносен Форум „GLOBSEC“ во Братислава

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, на годинешната безбедносна Конференција GLOBSEC, што од 18 до 20 април, 2013 година се одржува во Братислава, беше панелист-говорник на панелот на тема „Ре –енергизација на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“. По обраќањето на Комесарот за проширување Фуле кој истакна дека Европската Комисија ги подготвува земјите кандидати за Европска Унија на иднината, а не на минатото, Министерот Попоски, во неговото воведно обраќање, истакна дека „Перспективата на Балканот во голема мера зависи од силна Европа која е подготвена и во состојба да…

повеќе...

Извештајот на ЕК за Македонија ќе биде позитивен

Пролетниот извештај за Македонија ќе биде позитивен бидејќи земјата покрај реализирањето на реформите прави одлични напори и во добрососедските односи кои се приоритет, оцени словенечкиот шеф на дипломатијата Карл Виктор Ерјавец на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега и домаќин Никола Попоски. Словенија ја поддржува Македонија во ЕУ и НАТО-интеграциите, посочи Ерјавец и изрази надеж дека Скопје и Атина ќе најдат заедничко решение во однос на спорот со името. „Словенија смета дека Македонија ги исполнува сите услови за полноправно членство во ЕУ и во НАТО. Се надевам дека Македонија и…

повеќе...

Комуникација во кризни ситуации – курс во Регионалниот тренинг-центар за комуникации

Подобро разбирање на елементите на комуникацијата во кризи, што во основа ќе доведе до подобра подготовка на лицата вклучени во односите со јавноста, за време на идна можна кризна ситуација. Тоа е целта на тридневниот курс кој во следните неколку дена се одржува во Регионалниот тренинг-центар за комуникации во Министерството за одбрана на Република Македонија. По повод свеченото отворање на курсот, државниот секретар во Министерството, Сашо Стефаноски, посочи дека Република Македонија, како дел од глобалните безбедносни концепти, посветено работи на имплементацијата на кризниот менаџмент, во насока на политиките за превенција…

повеќе...

Конференција по повод „Денот на НАТО“

Република Македонија споделува исти вредности и интереси со земјите-членки на Алијансата, а ги прифаќа и споделува принципите, целите и проценката за еволуцијата на безбедносното окружување во евроатлантската област. Истовремено, ние продолжуваме со учеството во три меѓународни операции предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН со цел зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во регионот и во светот. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција во Домот на АРМ, посветена на 4ти април, Денот на НАТО. Воедно министерот Џафери во своето обраќање…

повеќе...

Обука на тема „Новиот стратешки концепт на НАТО, Република Македонија и современите предизвици“

Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ при Секторот за човечки ресурси, согласно веќе воспоставената практика за планирање и организирање на стручно-специјалистички обуки за вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во изминатите години воспостави соработка со другите владини институции на полето на обуката и образованието. Согласно стратешката определба за зајакнување на капацитетите на администрацијата и проширување на меѓуресорската соработка а со цел достигнување на врвните стандарди во обуката од 28.02 до 01.03.2013 година во Центарот се реализира обука на тема: “Новиот стратешки концепт на НАТО, Република Македонија…

повеќе...

Средба на министерот Попоски со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и НАТО во Македонија

„Република Македонија има стратешки интерес за градење на одлични односи со сите соседи” Министерот за надворешни работи Никола Попоски утрово (7 февруари 2013) одржа средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија и НАТО во Република Македонија. Состанокот беше во рамките на праксата на одржување работни средби со амбасадорите со цел размена на мислења за актуелни прашања од евроинтеграцијата на Македонија. На денешната средба, министерот Попоски ги презентираше чекорите кои ги презема Владата во светлина на заклучоците од декемврискиот Самит. Министерот потенцираше дека фокусот на Владата е насочен…

повеќе...