Презентација на научни истражувања во вселената на УИНТ „Св. Апостол Павле“ по повод Светскиот ден на науката за мир и развој

По повод одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, денеска во амфитеатарот на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид, се одржа предавање на тема “ARABIDOPSIS ROCKET SCIENCE: How We Grew Plants on the International Space Station” (Арабидопсис ракетна наука: Одгледување на растенија во Меѓународната вселенска станица). Предавањето го одржа проф. д-р Братислав Станковиќ, кој даде увид во новите технологии, можностите за научни истражувања во вселената, вклучувајќи и презентација на резултати од експерименти спроведени на Меѓународната вселенска станица. „Конструкцијата на Меѓународната вселенска станица како постојана експериментална база во микрогравитација…

повеќе...

Доделени првите лиценци за конзерватори

Првите лиценцирани конзерватори (по двајца од Битола, Охрид, Скопје и од Кавадарци и по еден од Штип, Виница, Кочани и од Велес) се археолози, архитекти, историчари на уметноста и уметници кои повеќе години практично се ангажирани во конзерваторската област и се занимаваат со заштита на предмети од дрво, керамика, камена пластика, метал, накит, камен и стакло, мозаици, икони и други сликарски дела, како и на архитектонско културно наследство. Лиценците ги стекнаа со полагање стручен испит за познавање на прописите за непосредна заштита на културните добра, што е долг, тежок и…

повеќе...

Ристовски: Екстерното нема да биде пилот-проект

Екстерното годинава нема да биде пилот-проект, тоа ќе продолжи да биде законски проект кој почна оваа година. Во тој дел ќе нема никакви компромиси. Може да разговараме само за техничко подобрување и отстранување на многу мал број проблеми кои се појавија за да ги немаме догодина, изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски на иницијативата на Младинскиот образовен форум за собирање потписи екстерното тестирање годинава да биде пробно. Ристовски рече дека ја почитува активноста на секоја невладина организација, но дека реакцијата на МОФ е задоцнета и во оваа фаза…

повеќе...

Компјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија

Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид, денес се одража предавање на тема „Kомпјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија”  од страна на проф. д-р Александре Матов,  научен истражувач од лабораторијата на проф. Параскеви Џанакаку од Weill Cornell Medical College при Cornell University од Њу Јорк, САД,  исто така и насловен доцент во областа Биотехнологија при Универзитетот. На ова предавање се презентираше проектот за развој на компјутерски базиран алгоритам кој што со висока точност детектира циркулирачки малигни клетки во крвта на…

повеќе...