Загина работник во близина на кичевското село Бачишта

Едно лице го загуби животот во несреќен случај при изведување градежни работи денес во близина на кичевското село Бачишта. Во општата болница во Кичево, од здобиените повреди, Башким Д. (24) од тетовското село Челопек им подлегна на повредите здобиени од удар на стебло кое било префрлано со градежна машина „Багер“. Настанот се случил при изведување на градежни зафати вршени од градежната компанија „Перпарими“ од Челопек за изградба на мини хидроцентрала. Со телесни повреди се здобил Р.И. (50) од тетовското село Челопек кој е испратен во медицинскиот центар во Тетово на…

повеќе...

Пронајден давеник во водите од Охридското Езеро

Безживотно машко тело, синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Горица1“. Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“. По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека се работи за лицето Гоце И.(46) од кратовското село Живалево. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а медицинска екипа констатирала смрт од срцев удар.

повеќе...

Три лица ги загубија животите при тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар

Три лица ги загубија животите во тешката сообраќајната незгода што вчера во 13 часот се случи на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар во близина на селото Белица. На лице место починале Реџеп М.(58), неговата сопруга Санија М. (47) и нивниот син Рејхан М. (25) сите од кичевското село Лисичани. Тие се наоѓале во патничко моторно возило марка „Фолксфаген Поло“ со кичевски регистарски таблици. Во сообраќајната незгода, со тешки телесни повреди се здобил Ф. И. (31) од Прилеп кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница…

повеќе...

СВР Охрид: Намален бројот на сообраќајни незгоди

Секторот за внатрешни работи Охрид, во 2014 година регистрира намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди како и на сообраќајните незгоди со потешки последици. Минатата година, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај евидентирала 283 сообраќајни незгоди што претставува намалување за 20% во однос на 2013 година кога биле регистрирани 355 сообраќајни незгоди. Според аналитичките податоци, за 14% намален е и бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, од 152 сообраќајни незгоди во 2013 година на 130 во минатата 2014 година. Во сообраќајните незгоди со потешки последици, во 2013…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода во близина на селото Песочан

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 16 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Песочан. На лице место починал Јордан С. (58) од селото Годивје додека со тешки телесни повреди се здобиле И.С. (64), С.С.(64) двајцата од Струга како и З.С. (54) од Охрид. Со лесни повреди се здобиле Д.Т.(24) и П.Б.(24) двајцата од Охрид. Сообраќајната незгода се случила во момент кога возачот на патничко моторно возило марка „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблици, движејќи се од…

повеќе...

Сообраќајка кај Автобуската станица

Денес околу 12 часот и 30 минути на крстосницата кај Автобуската станица пред „Стара бензинска“ се случи сообраќајна незгода помеѓу Фиат Пунто и БМВ. За среќа нема повредени. Оваа крстосница на пресекот од улиците „7-ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“ во многу наврати се покажа како критична точка за возачите. WebOhrid

повеќе...

Пет години од бродската несреќа во Охридското Езеро

Денес навршуваат пет години од најголемата бродска несреќа во историјата на Охридското Езеро во која животот го загубија 15 бугарски туристи. По тој повод делегација на Општина Охрид, претставници од Бугарскиот конзулат во Македонија со седиште во Битола, членови од Ротари клубот „Пирдоп“ од Бугарија како и претставници од Здружението „5-ти септември“ и од охридската Капетанија, положија цвеќе пред спомен-плочата на жртвите на градскиот кеј во Охрид. „Денес, како и секоја година го одбележуваме овој ден во знак на почит кон сите настрадани во бродската несреќа за која најискрено жалиме.…

повеќе...

Денес е ден на жалост во Македонија

Поради трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија одлучи денес понеделник, 14.07.2014 година, да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија.

повеќе...

Параглајдерист загина во Охрид

Унгарец на возраст од околу 30-35 години попладнево го загуби животот во Љубаништа, Охрид. Странскиот државјанин летал со параглајдер, по што неофицијално паднал со леталото во водите на езерото. Од охридската полиција за Курир ја потврдија несреќата, истакнувајќи дека смртта кај Унгарецот била констатирана од лекарска екипа. Портаролот за СВР Охрид, Стефан Димовски за Курир изјави дека во моментов се врши увид, а треба да се утврди дали странскиот државјанин имал проблеми со леталото или смртта била предизвикана од здравствени причини. Неговиот идентитет се уште не е утврден. Извор: Нет…

повеќе...

Комеморативна седница за четворицата трагично загинати припадници на МВР

Денес во Домот на АРМ во Скопје се одржа Комеморативна седници по повод трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворицата припадници на министерството, Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков. На комеморативната седница на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите колеги беше отворена и книга на жалост.

повеќе...