Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите

Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид. Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени. Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите. WebOhrid

повеќе...

УХМР предупредува на можна појава на невреме со град и засилен ветер

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер и силни електрични празнења. Локално процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме, особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник. Од УХМР најавуват дека е можна и појава на невреме со град и со засилен ветер и…

повеќе...

Во Велгошти ќе се врши проценка на штети на земјоделските насади од невремето

Поради настанатите штети на земјоделските насади од невремето, Комисијата за проценка на штети, денес во 11 часот ќе врши увид во Велгошти.

повеќе...

Охридскиот кеј се чисти по невремето

Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности на собирање лисја беа ангажирани на расчистување на кејот од наноси на трска, реси и отпад кои беа донесени со силниот ветар од јужен правец, информираат од претпријатието. „Беа собрани и подигнати околу 15м/3 од истите. Во наредните денови ке се продолжи со истото темпо во раните утрински часови, со цел да се одржува чистотата на градскиот кеј и пристаништето.“– додаваат оттаму.

повеќе...

Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Скопје дека има човечки жртви од невремето. Според Јавното обвинителство, кое се повикува на одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), надлежен јавен обвинител, издава наредба за обдукција и врши увид на местото само кога постојат сомненија за…

повеќе...

УХМР: Невремето со веројатност на појавување еднаш во илјада години

Регистрираниот рекорден интензитет на невремето што завчера ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години, соопшти попладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на УХМР, невремето траело пет часа, од 17.20 до 22.10 часот во два интензивни налета. Вкупната количина врнежи според дождомерот изнесувала вкупно 92,9 милиметри. „Она што треба да се нагласи е дека измерена екстремна количина на врнежи со петчасовно траење и интензитет од 51,71 секунди на хектар. На главната метеоролошка станица во Скопје, на Зајчев рид, е…

повеќе...

До 15 часот пронајдени телата на 21 загинат во невремето во Скопје

До 15 часот денеска, по прегледот на теренот во подрачјата кои се најпогодени од невремето, пронајдени се вкупно 21 загинато лице во вчерашната елементарна непогода што го зафати главниот град, соопшти попладнево Министерството за внатрашни работи. „Идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за едно лице сè уште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и село Црешево“, велат од МВР. За начинот на преземање на мерките, бил запознаен и дежурен Јавен обвинител,…

повеќе...

Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата за попладнево во 16.30 часот закажала вонредна седница на која, како што пренесува порталот „Прес 24“ треба да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, министерот за здравство, Никола Тодоров соопшти дека ќе продложат до Владата да биде прогласена кризна состојба во овие два региони, која ќе трае наредните 15 дена. На состанокот било одлучено да се формираат комисии кои веднаш ќе почнат со проценка на штетите…

повеќе...

Дваесет загинати во невремето, вонредна состојба во Скопско и Тетовско

Според последните информации, во синоќешното невреме кое го погоди Скопје животите ги загубиле 20 лица, а досега е извршена идентификација на телата на 13 од нив, соопштија денеска по завршувањето на состанокот на Управувачкиот комитет за справување со кризи. По состанокот беше соопштено и дека во Скопско и во Тетовско кои беа најмногу погодени од невремето, ќе биде прогласена кризна состојба, која ќе трае во наредните 15 дена. Формиран е и кризен штаб, кој ќе ги проценува штетите на терен. „Потвредено е дека има седумнаесет загубени животи, а во моментов…

повеќе...