Петнаесет загинати во вчерашното невреме во Скопје

Најмалку 15 лица ги загубиле животите во синоќешното големо невреме кое го зафати Скопје, информираат привично за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека ова се досегашните неофицијални податоци за загинати лица, констатирани до утрово. Според МВР, сите жртви се од североисточниот дел на Скопје кај Стајковци и околината, кои беа најпогодени од вчерашното невреме. Од МВР подетални информации најавуваат во текот на денот. Служебите на град Скопје и граѓаните и и утринава ги расчистуваа штетите, поплавените сообраќајници, куќи, дворови, подруми и гаражи, по синоќешното невреме кое…

повеќе...

Големо невреме во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици

Eкипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат за да се исчистат сите сообраќајници каде што се направи поплава поради обилните врнежи од дожд, информираат од градот. „Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја. Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде…

повеќе...

Невреме со дожд, град и ветер го зафати Охрид

Попладнево Охрид го зафати кратко невреме проследено со пороен дожд, град, ветер и грмежи. Како што најавија од УХМР, во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град. Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар. WebOhrid

повеќе...

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја чистеа зелената алга од кејот и езерото

Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото. „Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ќе продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормално е цутење и таложење на езерската алга при што…

повеќе...

Подгответе се за обилен дожд, апелира Координативното тело за управување со кризи

Координативно тело за управување со кризи предупредува дека во земјава во наредните денови не очекуваат обилни дождови кои ќе достигнат и над 30 литри на квадратен метар. Од таму испратија препораки до локалната самоуправа и градоначалниците, како и до Центарот за управување со кризи, ЕВН, МВР и АРМ. „Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за…

повеќе...

Се преземаат сите неопходни активности за навремено справување со најавените временски неприлики

На состанокот што денес го одржа општинскиот штаб за заштита и спасување, кој беше свикан поради временски неприлики кои се најавуваат за претстојниот период, се расправаше за активностите кои треба да ги преземат надлежните служби за непречено функционирање на граѓаните. Надлежните служби го информираа штабот дека веќе се преземаат сите неопходни активности за навремено справување со најавените временски неприлики. Од ЕВН Македонија најавија дека изготвиле нов кризен менаџмент за поефикасно и побрзо справување со евентуалните оштетувања на електричната мрежа, а обезбедена била и дополнителна механизација за полесно доаѓање до тешко…

повеќе...

По невремето зголемени активностите на ЈП „Охридски Комуналец“

После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред хотелот „Палас“. Денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од Општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м3 отпад. Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите…

повеќе...

Охрид успешно се справува со последиците од невремето

Охрид успешно се справува со последиците од дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд. Само за 12 часа, 95 отсто од критичните места се санирани и се надминати сите штети. Ова го заклучија Градоначалникот Никола Бакрачески , Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и надлежните служби од локалната власт кои денес беа на обиколка низ повеќето поплавени локации во градот и околината. Беа посетени и критичните точки каде од вчера интензивно механизација врши чистење на одводните канали за да се спречат слични појави во иднина. Градоначалникот Бакрачески кој…

повеќе...

Исплатени 2,3 милиони денари отштета за невремето

Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово. Министерството за финансии соопшти дека денеска, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за обележани грла говеда. – Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

повеќе...