Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта особено во јужните делови од земјата. Утринската температура од 10 до 19 степени, а дневната од 24 до 31 степени.

повеќе...

Балканот го очекува силно невреме

По неколку “пеколно” топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Телегрф.рс. Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно. Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер. Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, што не е невообичаено за овој период од годината. Извор: Нет…

повеќе...

По двата пеколно жешки денови следи невреме

Утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе преовладува сончево и многу топло време, кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, а УВ индексот ќе има висока вредност 7. Од четврток веќе ќе следи променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е процесите да бидат и поинтензивни. Се очекува минималните температури да се движат од 10 до 17 степени, а максималните да се искачат…

повеќе...

Се уредуваат охридските паркови и се отстрануваат оштетените гранки по невремето

Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, денеска работат на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”. Повеќегодишните растенија и декоративни грмушки се режат. Една екипа од ова претпријатие работи на отстранување и сечење на гранките од дрвја во дворот на касарната „Михаило Апостолски“ кои беа скршени и оштетени од снежните врнежи и го нагрдуваа тротоарот на улица „Радојца Новичиќ“.

повеќе...

Нов бран на врнежи од утре, препораки од координативното тело

Кооринативното тело известува (според информаците од УХМР) дека нов бран врнежи се очекува утре во вечерните часови и во петок попладне после 14 часот. Имено поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер. Координативното тело исто така информира дека поради големото количество надојдена вода на река Црна поради рушење на 9-от канал и насипите, а со цел да не се поплави населеното место Новаци, денеска ќе се пресече Регионалниот пат 1311, делница…

повеќе...

Од утре нов јужен бран од дождови се очекува да ја зафати Македонија

Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата со најавите за нов бран на обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. На Координативнотот тело иста така се разгледуваа и превентивните мерки што треба да ги преземат сите надлежни институции. Според информациите од УХМР, нов јужен бран од дождови ќе ја зафати територијата на Република Македонија во петок попладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80км/час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните…

повеќе...

Координативното тело ја разгледа состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на времето

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…

повеќе...

Во февруари претежно дождлив период

Од денес па во текот на целата недела се очекуваат врнежливи денови и облачно време. Исто така се очекува и пад на температурите. Дневната температура ќе се движи над нулата, додека ноќната ќе се спушти најмногу до четири степени под нулата. Затоа пак, првата недела од месец февруари претежно ќе имаме сончево време, додека веднаш потоа речиси десетина дена ќе врне дожд и снег на повисоките места. Последната недела од месецот ќе биде врнежлива, а за 23-ти февруари се очекува невреме проследено со грмотевици. Извор: Нет Прес

повеќе...

Селата од кризниот регион постепено добиваат струја, се пробиваат отсечените места

Се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот ден за кога од УХМР се најавуваат нови снежни врнежи, но со помал интензитет. Прва цел е сите села во Република Македонија да бидат проодни, а тоа се прави со помош на општините и Дирекцијата за заштита и спасување. Во меѓувреме, екипите од ЕВН работат на отстранување на дефектите за сите села да добијат струја, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски по денешниот состанок на Координативното тело на Кризниот штаб. Согласно акцискиот план, појасни тој, се очекува денеска најголем дел…

повеќе...